Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    38,0%
  2. Да, во брак

    13 глас(а)
    5,6%
  3. Не, никогаш

    132 глас(а)
    56,4%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    И мене ми велеа да го откачам и да не му се плашам.
    Може тоа им била тактиката... да не ме форсираат, за да не испадне заради отпор кон нив, да се враќам кај него....
     
    На flawless_ и tijanana им се допаѓа ова.
  2. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Тебе од старт ти ја дале слободата сама да одлучуваш. Кај мене поттурнуваа, поттурни да запали:lol: Имаше и интерни фамилијарни шеги на сметка на врската моја тогашна, што се лутев тогаш, сега и мене ми е смешно. Секое искуство не челичи, не менува и колку и да е моментално лошо, сепак е за добро на крајот:)
     
    На flawless_ и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Баш така! (y)
    Да не се случеше тоа што тогаш се случи, немаше да бидам денес, она што сум.
    Не дека сум скроз за мерак, ама си се сакам ваква :inlove:
     
    На flawless_ и tijanana им се допаѓа ова.
  4. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И јас исто размислувам за тоа, да не ми се случело немало да бидам таа која сум, немале да ми се сменат светогледот и фреквенцијата која ја зрачам и со која сум привлекла сега да го имам до себе тој кој требало да дојде:inlove: После дождот иде сонце:sun: И на крајот од се само промената е вечна и најдобрата работа во сечиј живот. Од сите живи битија само ние сме обдарени со таа можност свесно да ги менуваме нештата и на тој начин и самите себеси да се менуваме. Прајслес:l:
     
    На flawless_ и WildMk им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Јас имам изневерено. Не го сакав воопшто. Не знам зошто бев со него. Не ме сакаше ни тој. Ми рече дека ме сакал затоа што сум била убава. Не се каам воопшто. Веднаш по два дена од тоа му раскинав. Не би направила пак.
     
    На hermosa, *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Гледам има неколку гласови на втората опција.

    Дај направете нови профили ако треба, за да пишете искуство.
    @RainBow можи така?
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Резултативе од гласањево.. :rofl:

    Секој ден слушам за неверства, било брак, почесто додуша врска, али секако се дешаваат.
    Коа боље ќе размислам, не сум сигурна дека познавам пар (посебно оние кои се сто пеесе и осум години заедно) кои си немаат напраено вакво нешо.
    Побогу, доволно ми е едно искачање за да видам дека посебно женетите мажи/жени се најнаметливи и бесрамни.

    Тврдам дека на работните места има најмногу афери.
    Да речеме, самото време можеби што го поминуваме со некоја личност е пресудно. Се ствара блискост сакале ние или не.
    И згора на сето тоа, ако партнерот (не зависно брак/врска) не обрнува внимание, не е нежен, иницијативен, па мислам дека имаме бинго.

    Јас лично, да, имам изневерено.
    Не ми е срам да признаам дека сум изневерила, срам ми е да признаам (вака као цура) дека истото било само ради силна хемија.
    Сексот беше вау, ваљда најдобро нешто шо му се има десено на телово. Дечкото не е од тука, така да не би се повторило.

    Али да, поентата ми е дека не секогаш жените вараат ради чиста емоција. Вараме и ради секс.
    Исто како што не можеме да кажеме дека мажите вараат чисто ради провод. Вараат и ради емоција.

    Глупо ми е тоа генерализирање.
     
    На dayla, Snowflake97, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.934
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се смета за неверство, ама е најблизу до неверство што сум го направила во животов.
    Првата врска, бев средношколка.
    На почетокот се беше во ред, потоа настапи период каде што никаде не излегувавме, инсистираше да седиме кај него дома цело време. Многу често се случуваше јас да патував со автобуси по 2 часа на ден за да се видиме и кога ќе стигнев кај него тој да спиеше, а јас будалче сум седела 2 саати и сум чекала да се разбуди, за да поседиме 30мин па пак да си одам со автобуси. Почна многу идиотски да се однесува со мене. Паметам правевме 2 години заедно и сакав да направам нешто убаво за него. Купив тортичка во форма на срце, и тој ден требаше да се видиме (секако кај него, бидејќи тој никако не сакаше да мрдне од дома и да се видиме било каде на друго место). Му заѕвонев на врата, тој ја отвори вратата, ме виде како си стојам со тортичката, си се сврте, и се врати во кревет да доспие. Јас пак седи, го чекав да се одмори па да стане да разговараме нели. Имаше убедување, демек не забележал и глупости. И така се собираа многу работи, а јас пробував се да решам на мирен начин.
    Се додека една вечер ми рече ќе одел кај најдобриот другар дома, не ми се јавуваше цела вечер. Па потоа наредниот ден кога ми се јави ми кажа некоја приказна како телефонот го оставил во јакната која му била на другиот спрат, и слични некои разговори. Не му верував, па неколку дена потоа кога бев кај него му го најдов ФБ отворен, и прочитав разговор со другарот (кај што наводно бил претходната вечер), како дечково му објаснува дека за малку сум го фатила во лага и слични работи.
    И тука веќе ми беше доволно. Му кажав дека не му верувам и сакам да прекинеме, тој не сакаше да прифати и продолжуваше со лагите. По неколку дена игнорирање од моја страна, ми се јави и ми рече дека сакал пауза (а нели веќе прекинати), јас повредена, се обидувам да го заборавам и да си продолжам понатаму. Јас секако не прифатив бидејќи за мене беше крај. Тој не престануваше со пораки, не можеше да се помири.
    Во целата таа ситуација, пријател кој го знаев од поодамна (а од секогаш сум чувствувала дека имаме некаква хемија, но никогаш не се случило ништо повеќе од другарство) ми помогна многу во тие моменти, беше тука за мене, се грижеше. Еден ден се видовме, и се случи што се случи. Продолживме да се гледаме уште некој месец, и потоа заедно одлучивме дека е најдобро да престанеме. По се тоа си продолживме со контакт, но дефинитивно не бевме блиски пријатели како претходно. Имаме контакт од време на време, општи работи, ама и двајцата си продолживме понатаму со животот.
    Во меѓувреме бившиот цело време ми пишуваше пораки како сака пак да сме заедно и слично, јас или го одбивав или игнорирав. Еден период си мислеше дека ќе ме разубеди, па си се однесуваше како уште да сме заедно. Изгледа по одреден период игнорирање од моја страна, сфати.
    Во тој момент не размислував премногу, бев повредена, прва врска, ми требаше топлина и утеха, ама од овој аспект се обвинувам себе си што не прекинав со дечкото многу порано и што му давав толку шанси да ме повредува.
    Дали се каам што бев со другиот дечко? Воопшто.
    Дали научив многу од целата ситуација? Дефинитивно да. :D
    Дали би го изневерила човекот со кој што сум сега?
    Никако.

    Мислам дека никогаш не би изневерила ако сметам дека врската во која сум има добар потенцијал за убава иднина. Од друга страна, не би ни била во врска ако сметам дека немам иднина со тој човек.
     
    На Dalia93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Амин!!

    Баш така.
    Потпишувам од А, до Ш!

    Сексот надвор од брак знае и те како да го стимулира бракот во позитивна смисла.
    Доколку е само задоволување на нагон

    Затоа сум во отворен брак :lol:
    Оти не знам да лажам и полесно ми беше да најдам некој кој се согласува со моите ставови, отколку да бидам со некој кој е конзервативен и да се расправам со неговата 'моралност'.

    Едит: Ти благодарам за искреноста (y)
     
    На Snowflake97, Izaabella и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Прв пат ова го прочитав тука
    71zlDAuAZSL.jpg и останав со подотворена уста. Стручно лице врз база на своето големо искуство заклучува дека неверството и те како знае да поттикне посилни емоции и блискост кај партнерите во врската/бракот, но под услов исто да гледаат кон сексот со друга особа. Во обратен случај е пресуда за пропаст на таа врска или брак. Сепак многу поучна книга од аспект на машка и женска сексуална психологија и разбирање и гледање на нештата во спалната соба.
     
    На *Amethyst*, Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    (y)
    Многу битен елемент во еден брак.

    Факт е дека во 30-40-50 години заеднички живот, ќе има и други луѓе кои ќе ни бидат сексуално привлечни.
    Не се палиме на еден човек исклучиво.
    Еве, земете и кога сме во врска...Не мора да е некој што го знаеме, сите чувствуваме сексуална привлечност, барем кон некои познати личности, или не толку познати.... со социјалниве мрежи... :lol:

    А веројатноста 'да се заборавиш' и 'да направиш некоја глупост', кога е во толкав долг период, статистички е многу веројатно дека ќе се случи.

    Така јас гледам на проблематикава.

    Мора и двата партнери, да имаат сличен однос кон се' поврзано со сексот, покрај другите елементи на компитабилност, кои се потребни за еден (условно речено) успешен брак.
     
    На Snowflake97, Роберт 7 и tijanana им се допаѓа ова.
  12. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и многу зависи до откочните механизми кои ги имаме како личности, особено кај машките е ова приметливо повеќе, од пуста желба и сакање кога ќе дојде до свршен чин не ја бива работава:lol:
    Многу зависи како гледаат двајцата кон сексот навистина, дека ако партнерите си имаат зелено светло за тоа не би биле толку силни тие механизми кои би те закочиле и спречиле да го направиш и уживаш во чинот.
    Сепак секој не е способен за неверство колку и да мисли да види го/ја како изгледа ме пали и ќе изневерам, кога ќе дојде да се спуштат гаќите оп не бива.
    Си имала ли такво искуство со оглед што си во отворен брак?
    Мислам на искуство со ''чесен'' изневерувач?:)
     
    Последна измена: 8 јуни 2020
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Какво искуство?
    Не те разбрав баш... извини :$
     
  14. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Па мисли дека може да изневери со тебе и оп не оди работава пред свршен чин. Мислам ''чесен'' изневерувач кој пред се' имал намера, ама се покажало дека намерата и реализацијата не одат така лесно како подмачкано:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Да... ми се случило.
    Повеќе пати...
    Ко договараме и само одлага...
    Иако најчесто, јас сум таа која 'се премислува', пошто сеуште имам 'морални' и не знам какви уште стеги... :$

    Едит: Да сум имала секс со сите кои ми понудиле, откако сум во брак... Бројот на сексуални партнери ќе ми беше барем за 100 поголем
     
    На tijanana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Е добро, сега прашањето е вака и кон женски и кон машки пол се однесува, ама со оглед дека само еден одговор имаме од машко не знам колку би добиле повеќе мешани одговори.
    Дали го сметате за неверство и самото тоа што физички не се случило ама се планирало да бидне неверство без страст, само од физичка потреба за секс?
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас го сметам за неверство, се' што е направено позади мој грб.
    Без разлика дали е групен секс, или само флертување на месинџер, доколку јас не знам

    Едноставно, не сакам некој да ме лажи и да ми прави работи зад грб.
     
    На *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  18. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И јас исто, ама некои машки велат е не се случило не е неверство тоа. Штета што немаме повеќе машки членови на темава да дискутираат за ова гледиште.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Кај нив е многу битен сексот како компонента.

    Не сакам да звучам како радикален феминист, ама мислам дека има улога тоа, како општеството гледа на машката, а како на женската сексуалност, што е всушност, директен потомок на патријархатот и на религиите.

    Во денешното општество (барем во Македонија), жените треба да се 'чедни' суштества, а мажите да се 'ебачи'.
    Што всушност, нема никаква врска со природата на луѓето, бидејќи, без разлика на полот, сите чувствуваме сексуална привлечност исто.
    Единствена разлика е, што кога ние ќе се попалиме, не се гледа преку гаќи :D
     
    На ane.bella, *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  20. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ама се гледа преку маичка ако не носиш прслуче:D Да се нашалиме малце:lol:
     
    На WildMk и Роберт 7 им се допаѓа ова.