Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    38,0%
  2. Да, во брак

    13 глас(а)
    5,6%
  3. Не, никогаш

    132 глас(а)
    56,4%
  1. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Ако парнерот/ката флертува со некој/а на чет или било како, нормално дека е неверство, но ако ти самиот/та го правиш тоа а немало секс нормално дека не е... Проста логика во целиот свет помеѓу двајцата партнери :D.
    Секако дека е изневерување се што се работи позади грб, дали секс дали флерт или било која друга ситуација. Но, сепак сите флертуваме кој повеќе кој помалку и не сите со цел да се има секс, едноставно некогаш те возбудува потребата некој/ја непозната до тогаш личност да ти посвети внимание и забава
     
    На *Amethyst*, WildMk и tijanana им се допаѓа ова.
  2. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Да така е, ама зошто не и со тековниот/та партнер/ка да не е така.
    Излегуваш во кафич се договарате да се преправате дека не се познавате, нели е повозбудливо уште повеќе така и се создава уште поголема блискост со партнерката од самиот чин на експериментирање?
     
    На cresa-jagoda, Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Се надевам дека е сарказам ова
    Може и така.
    Затоа се препорачува сексот да биде разноврсен и да има експериментирање.

    Јас и пред брак знаев што сакам и немам стигми кон сексуално експериментирање... така да, веќе знаев дека сакам да имам секс и со други луѓе.
     
    На Роберт 7 и tijanana им се допаѓа ова.
  4. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Нажалост вистина е, еве го тоа машко мислење, не биднало ништо сексуално не е неверство.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Има такви, да.
    Ме интересира дали @Роберт 7 мисли исто, за 'да му објаснам', зошто не е во право :!:

    :lol:
     
    На tijanana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Интересна тема и убава за дискутирање.

    Изневерувањето е причина за срам, како не е. (Речиси) нема оправдување за неверство, вашиот недостаток во комуникација не е причина да бидат повредени нечии чувства.

    Секако дека за некои што изневериле тоа останува во минатото и треба да се продолжи понатаму, ама факт е дека е многу лесно да не изневериш некого и не сте биле добра особа кога сте постапиле така. Тоа што сте биле напалени, тажни не е одговор, никогаш.

    Уште една интересна забелешка е што тука има многу помалце осудувања (што е во ред, темата е за да ја слушнеме другата перспектива) а кога имаше тема за отворена врска имаше премногу напаѓања и коментари од типот како "тоа не е вистински брак". Чудно како луѓе способни за отворена комуникација со партнерот ви е почудно од оваа "понормализирана" тема. ;)
     
    На tijanana, Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Моето мислење прочитај до крај, секој флерт, секс или било која ситуација што се работи позади грб е неверство. Е сега кој како гледа на неверството е сосема друга тема, можеби има причина (врска или брак пред распаѓање или нешто друго) можеби е чисто од страст, но дека е неверство е неверство, факт
     
    На WildMk, tijanana и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Погрешно.
    Некогаш треба да се ставиме самите на прво место, има мал милион причини што не сме можеле да ги оставиме партнерите.
    Секој има своја приказна, не правам муабет за тие хронични изневерувачи.
     
    На WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Изневерување се случува кога личноста не добива нешто во потоечката врска. Иако некогаш си викаме врската ни функционира, се е супер, сепак не сакаме да признаеме можеби ни сами на себе дека нешто ни фали. И тогаш ќе се појави некој кој ќе ни обрне внимание и тоа баш тој тип на внимание што ни фали. Исто така тука се вклучени неизвеснот, страст, страв, паника, адреналин, хемија, физичка страст (пак бараш нешто што немаш). Ова е кај тие што изневеруваат... Е сега кај сите, баш верувам кај СИТЕ, во некој момент од животот ќе се случи период на неисполнетост, нервоза, невнимание од парнерот и ќе се појави прилика за изневерување но само моралните ќе се сопрат и речат "чекај, ова не вреди, стоп" самите на себе.
     
    На edna_malecka, hermosa, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ок, не се лути, го прочитав мислењето, ама факт е дека повеќето машки сметаат дека флерт е највообичаена појава, ама ако не дојде до секс како ништо да не биднало:lol:
     
    На edna_malecka, hermosa, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. DevilBoy212

    DevilBoy212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Машки
    Машко сум.

    Неверството лично ми произлегло од аспект на револт, незадоволство, себичност. Мислам поточно на: ако ова вака не биде по мое како што јас мислам тогаш ќе свртам страна и слични работи. Се се сведува на сопствена несигурност, па бараме некоја си валидација за да ни биде егото повисоко. Кога не сме спремни да се соочиме со проблем и сме слабаци доведува до вакви неверства.
    Нарцистичка особина е да мислиш дека само ти си во право, па мислиш џабе ќе биде и да се разговара. Страв осеќаш од резултатот.

    Дали сум ги сакал девојките што сум ги изварал?

    Секако, но не сум знаел што е респект, па да се пазиш да не ги повредиш туѓите чувства. Нажалост некој се менува, некој не. "Personal Preference"
    Тоа што сум бил во минатото не се срамам, али најмногу што ми е криво е можам да замислам која болка сум ја нанесувал. "I hate myself for that"

    Можиме да дискутираме околу што спаѓа во неверство, нормално е секој да има различно мислење. Според мене, ако сакаш да си моногамен и сакаш личноста со тебе што е да не дава внимание и да бара од други ќе мора да возвратиш еднакво. "Јас гледам така, правам и очекувам за возврат", а ако не иде веќе не сме компатибилни. Немам што да го судам другиот за нивните одлуки. Јас би судел некој да бара нешто од тебе а да немаш за возврат. Или си моногамен или си полигамен. Крај.

    Безразлика што и да чувствувате неверството се сведува на лична слабост, себичност.
    Последната врска ми беше pure commitment, и сум горд на себеси што себичноста што ја осеќав ја нема повеќе.

    Не осеќав потреба за внимание, потреба да пробам со друга. Крај краева петфркција е тоа што ти сакаш да го гледаш како перфркција. Ако пррбарувамаме никогаш нема да сме среќни во љубовта.
     
    На hermosa, minne992, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.401
    Пол:
    Женски
    Немам изневерено и никогаш не би изневерила во врска.
    Ако во врската не ми е убаво ја преќинувам.
    Ако не го добивам она што го барам од една врска не е причина да барам кај друг додека сум со еден.
    Или ќе разговарам, ќе дадам шанса да се исправи и доколку го повтори истото преќинувам.
    Би ме јадела совеста ако изневерам и продолжам како ништо да не било.
    Тоа што некој изневерува не е мое да судам, ниту подржувам, ниту оправдувам, воздржана сум.

    Сум била изневерена и чувството е лошо, и тоа случајно дознав иако тогашниот партнер одбиваше да ми признае.
    Била изневерена и мојата доверба, затоа сега внимавам со кого остварувам контакти, не би сакала да го доживеам тоа повторно.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    А во денешно време е многу тешко да знаеме кој не вара, во последно време се изнаслушав приказни за луѓе што никој не би очекувал.
    Така да, веројатноста дека ќе бидеме изневерени е 80% па и повисоко :D

    Живот, јебига. Некој ќе не повреди, некој ќе повредиме и така.
    Исто е битно во кој период од животот се изневерило. Друго е во врска, друго е во брак со деца.
    Мозокот е срча.

    Едит: ај држете се до темава, вие што не сте изневериле што барате тука?
    Знаеме и ние дека е погрешно, не побаравме да ни каже некој.
    Богородици.
     
    На ALISA0000, Snowflake97, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Јас немам изневерено никогаш, ама учествував во неверство што може е и полошо дури од самата да изневерив.

    Запознав еден многу убав дечко, значи многу ме привлекуваше, ептен. И излеговме неколку пати, се некаде надвор од градот на кафе во некои ресторани или кафичи подалеку. Ништо не мислев, одат сите по тие места, си реков таков тип е чист воздух помалце луѓе ова она. И два месеци бевме во врска да кажам, во тие два месеци никако немаше знак дека нешто не е во ред. Се нормално. На моб со саати муабети правевме кога немаше да се видиме.

    Еден ден пак бевме излезени по тие местата и дојде еден дечко да се поздрави со него и онака ме изгледа ко шокирано збунето и овој му вели еве со братучеткава правиме план да ја изненадиме баба ми роденден и е. И тој аааа ок поздрави ја и име сега кое било на таа женска му.

    И сфатив тука се, мораше да каже, имал женска 3 год оделе, не ја сакал ама му било жал да и раскине, почнал да се заљубува во мене многу му било тешко ама на крај реши да и се врати неа и да прекинеме ние. И јас се согласив, греота девојчето и си заминавме, дома сакаше да ме носи не викам такси ќе си викнам и заминавме секој по свој пат, јас се отепав од плачење, во депресии бев, една недела демек пиев да го заборавам.

    Кратко по тоа, бев на пауза од раб кифла да си купам и се разминавме. Ни здраво ни ништо си поминавме и ми стигна порака нон стоп мислам на тебе, не можам да те заборавам, да можам само 5 мин да поседам со тебе. И не враќав јас, па почна нон стоп демек се заљубив во тебе што сака нека биде ќе бидеме заедно, две недели со тешко срце со плачење игнорирав, ама после од толку што бев заљубена се согласив на паралелна врска.

    И имаше момент кога бев со него некаде и кога ќе се вратев на фб ќе закачеше слика од него и девојка му со срциња мрциња...Многу ептен патев и со него и без него, ама ем бев помлада и понаивна и ем многу заљубена бев... После се десија триста скандали, ама ова главното. се согласив да бидам дел од изневерување.

    Ете не сме сите светици.
     
    На ALISA0000, edna_malecka, Estranged и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Можеме да правиме милион анализи на сопствената личност и да пронајдеме зошто во тој момент сме изневериле и секогаш постои таа причина, дали ќе е поради сопствени проблеми или проблеми во врската. Некогаш причината што луѓето изневеруваат е поради нешто што им се случило во детството и им го оформило карактерот на тој начин што ги довело во ситуација да изневерат. Ама тоа би бил наш недостаток и наша одговорност да ја избереме подобрата опција која секогаш ни е на располагање.

    Не зборувам за врски каде што другиот партнер психички и физички малтретира.
     
    На tijanana и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @DAngel,

    Многу често ја среќавав како сугестија по феминистичкиве страни што ги следам и имав голема желба да ја читам ама се некако ја одложував. Денеска, по твојата препорака кон @WildMk, ја симнав од торент, ја конвертирав во е-книга, ја однесов на принтање и еве ми ја во раце :) Веќе ја читам. Почетокот е тежок и страшен ама книгава е навистина добра!
    103533208_2751502461802128_9017072750254418143_n.jpg
     
    На ALISA0000, do-re-mi, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    'моралот' опфаќа еден куп параметри.
    Мојот концепт за моралност, и твојот, и на оној онаму, не се исти.
     
    На *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Кога ќе почне и флертување во неверство да се категоризира, некако многу ми звучи радикално.
    Флерт може да биде и обична насмевка, поглед кој ке се задржи подолго со насмевка во очи, комплимент понекогаш, иако не е секој комплимент знак, бар јас кој сум го дала дека некој ми се допаѓа ( пример, за убав парфем и на мажи и жени им го фалам вкусот) . Не е флерт само вулгарен teasing, кој повеќе би ме иритирал него ли направил љубоморна.

    Сите имаме повеќе од една особа која би ни одговарала, зависи од многу фактори како ке се одвива емотивниот и сексуален дел од животот. Да ми тупи пример маж ми зошто оној го погледна 2 и пол секунди а не една, ќе ме изнервира. И јасно ми е дека и тој некогаш ке помисли за некоја дека е прекрасна,факт е дека има убави жени наоколу.
    Едноставно не се замарам со љубомора, со која се замарав на 18-19 години.
     
    На Lolipop23, Ambitious, do-re-mi и 10 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Треба да разграничиме и каков флерт.
    Под флерт кој е изневерување, разбирам, континуирано вербално и физичко (говор на тело) флертување со една личност, на подолг период.

    Сега, ако и' се насмеал на некоја во лифтот, не го сметам за флерт.
     
    На Snowflake97, Dentina и tijanana им се допаѓа ова.
  20. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И мене ми падна ова во око, ама си велам ај да не чепкам да не ја доразвлечеме темава:lol:
    Сепак мислам дека членкава мислеше на општо прифтена моралност=да не изневерува.
    Но тоа што е општо прифатено е генерализација и мислам дека во иднина многу сегашни теории ќе паднат бидејќи се обопштени, се повеќе одиме кон индивидуализација.
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.