Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    37,9%
  2. Да, во брак

    14 глас(а)
    6,0%
  3. Не, никогаш

    132 глас(а)
    56,2%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Што мислите, од кои причини некој би изневерувал?
    Посебно ме интересира, што мислите за причините кои довеле да се 'создадат' сериски изневерувачи?
     
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    13.496
    Пол:
    Женски
    Разонода.
     
    На Sexychica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Од каде потребата за таква 'разонода'?

    Познавам луѓе кои 'пополнуваат' нешта кои им фалат со сериско менување партнери.
     
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Имам размислувано кои се мотивите на " "сериските". Мултифакториелно е претпоставувсм и од се по малце- компулзија, зависност од ефектите на невротрансмитерите кои се лачат за време на" ловот"; она што то викаат " њу рилејшншип енерџи"; разлика во либидата со примарен партнер, силен нагон, а некои едноставно се лажливи го.на:D. Њама лек. Познат пример си е Тајгер Вудс. Шо му фалело? Убава жена, кариера, богатство, фамилија..пак го тера нешто со 30-40 или колку беа жени да се плесне. Тука олеснува што ради слава о богатство му се лесно достапни ..
    Би рекла причините од несвесното доаѓаат често. И луге што немаат потреба од било какво шврљање го прават тоа..затоа мислам компулзија пред се е кај сериските..не може да одолее..ко жена со 275 пара чевли и сака уште:)
     
    На Biljarkata, tijanana и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ова би било зависност од секс.
    Тоа веќе е дијагноза.
    Знам еден таков, што се излечи...
    Наводно :?:
     
  6. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Најдобро може да одговори тој кој прибегнува кон сериско изневерување, ние вака од страна може само да претпоставуваме. Еве моја претпоставка е дека им станува навика, особено ако не се фатени во неверство, а и да се фатени ако им е простено, знаат дека секогаш ќе им биде прогледувано низ прсти и си тераат таков живот. Изгледа тоа ги исполнува и така си го замислувале животот :?:
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Чисто сумњам дека лесно се "лечи". Без сериозна долготрајна терапија и цело време со можност да се рецидивира.
    Па малце има и психопатија кај некои сериски. Еве Вајнштајн. Не е само до сексот кај стоката, туку и таа надмоќ и понижување на жената.
    Познавам и јас сериски, и вообичаено или не, двата беа/се привлечни мажи но откако ќе ги прочиташ, со стап не би ги допрела. А не се тешки за читање.
    Да, испаѓа на зависност го сведувам највеќе.
     
    На Biljarkata и WildMk им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Чекам некој со искуство да напише нешто...
     
  9. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала некој со искуство да сподели мислење, ама тешко...затоа пишав дека ние другиве може само да претпоставуваме.
    Мислам тешко некој би споделил дека е сериски изневерувач од многу причини, но најмногу ради осуда од околина и тука на форумот, бар јас добив таков некаков одговор во лп општо за споделување неверство во брак, па претпоставувам и не се свело само на еднаш тоа изневерување;)
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    17.563
    Пол:
    Женски
    Пред десетина години работев на место кое работеше 24 ч.Запознав таму премногу луѓе.Кога бев 3 смена имав прилика да си разговараме долго со сите тие луѓе кои доаѓаа.Најчесто беа алфаши.Од едно 15 20 мажи што доаѓаа само 4 5 не си ги вараа жените.Некои од нив незнае ни конкретна причина да кажат зошто вараат.Кажуваа како сексот дома со жените им е одличен,се сложуваат супер ама ете едноставно после 10 15 год брак им се случува некоја монотонија па сакаат да им се случи нешто ново некоја возбуда да внесат,претпоставувам во сексуалниот живот.Кога ќе ги прашав нели им е криво, зошто го прават тоа,викаа жената моја е задоволена,и материјално и сексуално.Е сега кога би ги прашала нивните жени сигурна сум дека ќе речеа дека не се исполнети емотивно.Други ќе речеа дека нашле девојка која има 18 год па не било исто со жените дома кои имаат по 35-40 год.Им беше предизвик да видат со помлади девојчиња,а и нормално егото им беше до плафон.Скоро никој од нив не се криеја,им стигаа пораки од швалерките,си ги читаа си се смееја.Знаеја и за работно време,т.е најчесто додека им траеше раб време да се гледаат со тие девојки.Друг маж кажуваше дека со жена му се борат со стерилитет,љубовта веќе ја снемало,ама едноставно он несака да ја остави затоа што му било жал,и ради осуда од околината.Еве после толку години некои престанаа со изневерување,некои продолжија,некои си ги оставија жените,се преженија,некои се вратија пак кај жените.Тоа беше генерација која се ожениле на нивни 23,24 год. и тој втор пубертет ги фаќаше на некои 35-40 год.Буквално беа како заљубени тинејџери.Праќање нон стоп пораки,долги разговори,па те сакам ме сакаш,кисчиња цмокчиња.Од страна делуваше смешно,а на моменти и тажно.
     
    На thelittle17, ALISA0000, SandStorm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Се ожениле некаде 23/24, прво дете еве нека е одма на 25 до 35 години првото е 10 годишно дете, сигурно уште едно има помало и се е на терет на жената обврски околу децата и се' нема време за себе жената, а камо ли да обрне внимание на мажот и нив ќе ги фаќа втор пубертет:puke:
    Наместо да почнат тие секси пораки да ги испраќаат на жените и жената да се осети сакана и посакувана во брак тие по други жени и тоа млади девојчиња. Ама алфа мажот мора во лов, а не сфаќа дека може да ја лови и сoпствената сопруга и пак и пак и секој пат да е повозбудливо.
    Затоа мора делење на обврски во воспитување на децата, децата не се само на жената, заедно ги правеле треба заедно да се делат обврските.
     
    На Snowflake97, mila89, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    17.563
    Пол:
    Женски
    Точно,така е.Колку ќе вложуваш во бракот толку ќе има фитбек.Толку ќе трае.До нив неможе да допре мој ниту било чив совет.Јас споделив нивни мислења.Тие луѓе излегуваа и шетаа по дискотеки,а во дискотеки одеа и нивните деца.Иронично.На многу од нив веќе жените им имаа простено неверства.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Вакви постови, уште толку ќе ги натераат изневерувачите да не зборуваат отворено за своите одлуки.
     
    На СуперДевојка му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Така е со сила на некој не можеш да му дадеш ум. Инаку да тоа е таа навика за која пишував, дека им се простува неверство и им е прогледано низ прсти се создава навика, знаат дека пак ќе им се прости.
    Неверството служи да се преиспитаат некои нешта во бракот, да им укаже нешто на партнерите за себеси и за нив двајца, а не да се поминува преку тоа како ај што ми е гајле јас сум му жена пак кај мене ќе се врати. Не и не така:shake:
     
  15. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Не сакав да делува како осуда, зошто првенствено не ми беше намерата кон тоа, туку да се преиспитаат зошто не конкретно секси пораки со жените да разменуваат?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Нема да се преиспитаат.
    Сум пробала да им објаснам, дека не е во ред да повредуваат некого за кого тврдат дека го сакаат.
    Секогаш завршува со муабет: Не е твоја работа. Немој да ми се мешаш во животот.
     
    На *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  17. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто е така?
    Зошто никој не сака да размислува да поправи нешто, сите сакаат чиста ситуација која секогаш ќе се повтори со раскинување и пак ново неверство.
    Може пак и се плашат да признаат дека повредуваат некого, а секако повредената страна го знае тоа, ама додека проблемите се збираат и ставаат под тепих исто како да ги нема.
    Никој не сака да се замара со озбилни теми, т.е. повеќето не го сакаат тоа, не има и мозгачи тука:lol:
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    И јас има работи кои не сакам да ги 'поправам', пошто ми одговара да го правам тоа што го правам.
    Пример, пушењето цигари.

    Многу добро знам кај може да ме однесе, ама ако некој ми рече: Не пуши. - за врат се фаќам одма
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав во муабетот со членката погоре, не може на некоја личност со сила ум да дадеме.
    Ја прифаќаме личноста каква е или не ја прифаќаме и тоа е тоа.
    Ама да ти предочам нешто без лутиш, споредбата со пушење и неверство е малку нерамноправна.
    Со пушењето ти си штетиш самата на себе, ако не ги изложуваш со чадот блиските, па ги правиш пасивни пушачи со тоа. А со неверството оштетуваш и некој друг, кој велиш дека го сакаш и ти значи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Те разбирам сосема што сакаш да кажеш.
    Само сакам да внимавам да не осудувам некого, за да не се чувствува исплашено/несигурно да разговара отворено.
     
    На *Amethyst*, Cutiepie1 и tijanana им се допаѓа ова.