Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    38,0%
  2. Да, во брак

    13 глас(а)
    5,6%
  3. Не, никогаш

    132 глас(а)
    56,4%
  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе би се опуштиле и не би се осеќале осудени да пишат кога би прочитале личен пример и кога би уочиле дека не би бил осудуван тој член. И кога тој член со признанието би им кажал дека си спуштил дел од емоционалниот товар, мислам дека повеќе би се охрабриле да пишуваат. Тргнувам од ставот дека повеќе размислуваат WIIFM ( What's in it for me? )
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Едни плашливи изневерувачите, па па па:lol:.
    Добро спореди со пушењето и ако добиваш лекција за тоа како се однесуваш. Некој што не бара помош, не можеш да жу помогнеш , па колку и да ја жалиш жена му.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Зошто мислите дека до храброст е пишувањето на форум? Имаат некои пишувано за изневерување, си добија многу лекции само. Контроверзни теми се плодно место за сите да си ги искажат фрустрациите, зошто некој би се ставал во оган ако му одговара тоа што го прави. Плус тие купуваат, не просаваат знаење, бар мој впечаток е. Не дека нема глупави, ама плашливи се сомневам дека изневеруваат на ангро.
     
    На Роберт 7, *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  4. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Пишувањето/ зборувањето е потреба на луѓето како социјални битија, ништо посебно, дали во реалноста ќе си помуабетиш или на форум ќе пишеш.
    Храброст е да се издржи машки при држењето лекции во тие контроверзни теми. Бар јас добив таков впечаток од размена на информации со личност која не сака јавно да споделува и лично право на таа личност, со сила не може да натераме секој да си ја отвори душата.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Има и такви кои се збунети и не очекувале од себе да изневерат...
    Посебно жени.

    Жените, дефинитивно се плашат од осуда.
     
    На *Amethyst* и Dentina им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Да, веројатно сте во право. Жена е повеќе плукана во општеатвото за повеќето реални и замислени "недостатоци" отколку маж во слични околности.
     
    На Роберт 7 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Оф! Секој има своја причина за изневерување. На „млади“ години изневерував кога работите беа при крај и не по моја волја, како одбранбен механизам, колку и да звучи чудно, за да знам дека сум направила нешто кое би ја повредила личноста со која сум била во врска, за да не бидам само јас повредената и заебаната страна. Тука стануваше збор за незрелост, ќе зборувам за посериозно неверство...
    Седум години во заедница. Ми беше сѐ на светов, други луѓе(зборувам за привлечност) не постоеја за мене. Седум години самотија, а живееш со некој. Сам купуваш, сам одиш на одмор(заедничкиот одмор ни траеше највеќе две недели и после бараше да биде сам)... Излегување навечер? На прсти ќе избројам во тие седум години колку пати сме излегле заедно. Јас водев сметки за економијата, јас гледав сите сметки да се платени на време, јас се товарев со +20 кила пазарлук и го носев сама дома... Незадоволена во никој поглед. Сексуално преферираше да мастурбира на порки, отколку да има секс, затоа што побрзо го завршуваш чинот на празнењето без да мораш да ја задоволиш и другата страна. Не беше тип на човек кој покажува емоции, иако знаеше со големи работи, значајни и битни, да ми покаже дека ме сака.
    Така минуваа години, очекував дека нешто ќе се смени, дека ќе оформиме фамилија, добивав лажни ветувања цело време и на крај нешто навистина се смени, се смени тој, на полошо. Си ги смени ставовите, начинот на кој ги гледа работите, сите внатрешни демони му излегоа на површина. Стана страшно токсичен и агресивен. Јас во меѓувреме најдов утеха на интернет, некој кој беше многу далеку од мене и претпоставував дека е само безопасен флерт и ништо не може да се случи поради далечината, ама можело... После ова следеа две години двоен живот, две години лажење, две години во врска со две личности, две години немир и анксиозност затоа што не е лесно. Се мразев себеси, се обвинував, се осудував, се нарекував со погрдни имиња... На крај решив да ставам крај и на двете страни. Очигледно првата беше одамна завршена, само што крајот беше одложен поради околностите, другата беше утеха и ништо повеќе. Ниедна од нив немаше иднина.
     
    На SandStorm, Роберт 7, Snowflake97 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.101
    Еве ја пак теоријата на повредување/ оштетување со неверство.
    Ако го сакаш не изневеруваш. Ако е другиот се што ти е потребно, не изневеруваш.
    Ако изневеруваш, тој другиот не е се што ти е потребно, очигледно нешто недостасува. Што е тоа, секој за себе си знае.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Така е затоа и имав пишано како гледам на неверството-ова болдираново. Бидејќи како што си пишала прибегнал едниот кон неверство дека можеби сметал дека нешто му недостасува( а и не мора да е точно дека навистина недостасува, но тој/таа така почувствувал/а) па по неверство отворено поразговарале и решиле да се дадат втора шанса или решиле да се разделат.
    Затоа пишав неверството многу откирва за секој посебно како личност и за нив како пар/ заедница, ама ако сакаат отворено да комуницираат и имаат воља и желба да согледаат од/по неверството нешто.
     
  10. Sexychica

    Sexychica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    77
    им се може.. јас верувам дека на кој било маж да му се даде секој ден да менуваа партнерки без никаква обврска , би го правел тоа.
    може нема на никој да признае поради "морални причини" но природата на мажот е таа.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Фала ти ПрплМајнд :hug:

    Изневерувањето е во природата на мажите, исто колку што е во природата на жените.
    Разликата е што жените повеќе се осудуваат, отколку мажите.
    Жена ако изневери е 'курва', а маж и 'рогоносец'.
    Маж ако изневери е или фраер, или одвратен (или во природата му е), а жена му е 'будала'.

    Ваквите изјави ко твојава се потврда за тоа колку различно се гледа на изневерувачи мажи и изневерувачи жени.
    Ако 'во природата на мажот' е да изневерува, тогаш жената која била со него е крива.
    Оти за него е 'природно', а оваа е 'курвата'.
    Сами си ја перпетуирате дискриминацијата врз себе.

    Не гледаш дека сите кои кажавме дека сме изневериле на темава, сме жени?
    Тргни го пердето од пред очи.
    Не секогаш она што 'им фали' е нешто што им фали со партнерот.
    На некои им фали самодоверба, на некои едноставно им се можи, некои 'не знаат поинаку', некои се just wired like that.
     
    На Dalia93, Snowflake97, PurpleMind и 5 други им се допаѓа ова.
  12. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мислам жените повеќе се осудуваат дека истовремено нив за неверството им судат и др.жени и мажите. Додека во случај на неверство на маж, отстсувото од машката поддршка во обвинувањето за неверство е очигледна. Читав за студија, многу години порано, дека вo случај кога пријател направил неверство и се договорил со пријател да рече дека преспал кај него од 10 пријатели, 9 би се согласиле на оваа измама. А во случај на жените само 4 пријателки од 10 би се согласиле да ја покријат пријателката. Што укажува како пол дека сме многу посовесни, но тоа ни се удира од глава со наметнување на осуди и навредливи зборови од типот што ги спомна. А и покрај совесноста, покомуникативни сме и сакаме да споделиме за ум, а мажите споделуваат за фалбаџилук.
    Затоа си има и низа шеги, вицови за тоа, еве еден во спојлер.
    Бил маж на пуст остров со Синди Крафорд и по некое време имале секс и овој се мачи, го нервира нешто и Синди го прашува што ти е и овој и вели ај чекај да ти нацртам бркови ќе ми глумиш пријател. И нацртал и и вели еј брат ја ебев Синди Крафорд. Ете тоа е моментот, на мажот се му се може и при тоа да не трпи навреди туку е мажиште, фраер...
     
    Последна измена: 12 јуни 2020
    На Роберт 7, tina2018, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    А зошто тоа "му фали нешто во врската" е толку невообичаено?
    Со кого сме 100% комплементарни како особи? Не верувам дека постои некој таков пар, каде без компромиси и без различни интереси, желби и потреби, се' функционира глатко синхронизирано во стил " идеален партнер". Идеално не постои, различни сме особи со свои потреби сите, меѓу другото и интимни.
    Среќата е да се најде уживањето и со 70% поклопување,карикирам сега..освен во периодот на рана заљубеност, кога идеализираме се.
    Немаме само еден добар потенцијален партнер..а и теоретски да имаме , не е малку чудно што повеќето баш во сопствена земја или град го наоѓаме?
    Прилагодување сепак мора да има. Она што ги прави другите луге привлечни е истиот механизам што ни го направил и партнерот привлечен, само што ако си во врска можеш самоконтрола да покажеш, свесни битија сме.
     
    На *Amethyst*, Snowflake97, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  14. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Не се согласувам. Познавам луѓе кои изневеруваат и кога сѐ им е погодено во врска/брак и има обострана љубов. Едноставно неверството им прави да се чувствуваат живи, им дига адреналин, им разбива монотонија...
     
    На Bratot, Neodlucna, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Имајќи најдобар другар сериски изневерувач, би се сложила дека не мора нешто да фали во врската толку драматично за да се изневери. Да се разбереме, може личноста со која изневеруваш да има некои поразлични особини од партнерот, ама дека клучно заради тоа ќе изневериш, не. Конкретно другар ми е премногу интелигентен и премногу размислува и сѐ сака да проба. Верувам дека за да разбие монотонија изневерува. Интересно му е, ново, неизвесно. А девојка му е златна, успешна и образована и убава..
     
    На Bratot, WildMk, hunter26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    Таман сакав да пишам нешто слично. Не сфаќам и никогаш нема да можам да сфатам.
    Делумно биполарни ми се такви луѓе, не те напуштаат зошто реално им одговараш за сè, не планираат никогаш да те напуштат, а ги гледаш дека се дистанцирани, прашуваш што не е во ред - одговор не добиваш, кажуваш дека ќе работиш на себе, ако нешто не му се свиѓа, одговор сè е во ред.
    Не сум личност која трпи и која свесно би живеела во информативен мрак, особено сума-сумарум кога ќе сфатиш дека и многу други работи не чинеле, па неверството е јаготка на шлагот.
    Не, благодарам.
     
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Мислиш дека на крај памет не и паѓа на девојката дека е изневерена? Си била во искушение да и кажеш?
     
    На *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Искрено поима немам што и паѓа на памет, со неа ич немам контакт. Не сум била во искушение да ѝ кажам, може ме прави тоа лоша, ама ете..
     
    На neno0o, WildMk, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Мислам дека тоа што 4 од 10 пријателки би се согласиле да кријат, не значи дека сме 'посвесни' ни 'поодговорни', туку се плашиме да влеземе во нечиј љубовен триаголник.
    Сум била cover up story на другарки и воопшто не е пријатно.
    Прво, сопругот/дечкото ако дознае и јас ќе бидам крива, автоматски двете ќе сме 'курви'.
    Друга работа е, што другарките 'ќе ме фрлат под воз' во моментот кога врската ќе им зависи од некоја информација која ја имам.

    И нерамноправност е во прашање.
    Повеќето жени што ги знам.. односно, скоро сите, мажите им се breadwinners. Жените, или воопшто не работат, или имаат пониски примања.
    Па кога ќе ставиш и деца во равенката, и со тоа фактот дека нема шанси жена да се прехрани ни себе си, оставена сама на себе, а не пак уште со деца... пиши му крст на тоа дека нема да направи се' за да не остане на улица.

    Тој што ја има моќта во општеството, тој одредува правила на однесување.
    Во случајов, мажите.
    А нив секако им одговара да ја злоупотребат таа моќ.

    Еден знаеш како ми рече еднаш: Се додека носам пари дома, ништо не ја интересира.
    Не дека не ја интересира, ама нема баш многу други опции.
    Сосема се согласувам.
    Точно е дека во еден човек нема да најдеш апсолутно се' што ќе ти биде по ќеиф и дека компромис мора да има, од двете страни.

    И да, ќе те привлекуваат и други луѓе низ животот... прост пример да земам: Јавни личности кои им се секси на жените, ама поради тоа што се недостижни, па 'не е страшно' да се признае дека ете Џејсон Момоа ме пали толку многу, што 'паѓам во несвест'.

    И во секојдневие среќаваме луѓе кои ни се привлечни на милион различни начини.
    Дали сексуално, дали емотивно, дали интелектуално...
    Да речеш дека еден човек и само тој, ќе ти биде атрактивен во секоја сфера наредните 30-50 години, е чиста лага.

    Но и ова е точно:
    ----------------------------------------
    Не секогаш оној кој изневерува се дистанцира од партнерот.
    Супер може да им се односите, и сексуалниот живот, и комуникацијата и се... и да имаат афери надвор од врската/бракот.

    Затоа сакав да чујам 'исповеди' од такви кои изневеруваат.
    Пошто секој случај, е приказна за себе.
     
    На PurpleMind, *Amethyst*, tijanana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    @WildMk, секој изневерувач сака да има време за себе, време сам за себе... кај другари сум, ваму сум, таму сум... освен слепо ако не веруваш, треба да проверуваш... и сексот во апсолутно никој случај не може да биде сосема ист како на почетокот кога бил посветен. Е сега, не секогаш има драстична разлика, ама кога ќе сфатиш што правел, ќе ти биде јасно каде исчезнале финесите. Секој кој вика дека не приметил, едноставно не сака да се повредува сам себе... сите приметуваат по нешто.
     
    На Роберт 7 и WildMk им се допаѓа ова.