Се согласувам за тоа. Сум пишувала и друг пат. Може не знае каде, што, кога... ама ако ништо повеќе, барем inkling има, дека нешто е off
Лоша врска, лош брак.. Едноставно ќе ти се собере се и бараш утеха во друг. Кога изневерувањето е од страна на жената, можеби има свои х причини поради кои не кажува крај.. Можеби самодоверба и е падната, ако маж и постојано ја потценувал, омаловажувал.. Ќе се појави некој што ќе ја гледа на друг начин и ќе го разбуди тоа заспаното во неа... Лично јас, до сега не сум изневерила, но нема да негирам дека пред еден месец тоа ми се вртеше во глава...
Не наведов само, мислам студијава била правена во Англија, а таму оддамна веќе имаат рамноправност во однос на вработеноста мажи/жени и низа општествени можности за мајки самохрани родители. Моќта во општеството на светско ниво во поразвиените земји е оддамна отидена во полза на жените, освен кај нас, ние тапкаме во место на многу полиња така да твоиве видувања за кај нас се такви какви си ги пишала и кај нас мислам од 10 жени 1 ќе ја покрие пријателката, ете како ти што си била во таква позиција доведена од твојата пријателка, се надевам своеволно, не те притискала таа.
еден мал демант на студијата, која е општо позната малку поинаку, за мажите 10 од 10 ќе кажат дека преспал за нив, а кај жените 10 од 10 ќе се јават кај мажот на таа што изневерува со муабет, прибари си ја женати и води сметка кај оди и што прави. Всушност од тука произлегува и фактот дека мажите (другарите) си се штитат помеѓу себе, а за разлика од тоа жените повеќе коментираат па и сметам дека терминот " курва е оваа оди со други мажи" e излезена од женска уста не од машка. Во глобала интересни мислења, но и времињата се сменети, денес се повеќе жени во брак се одлучуваат на неверство ( секако кај жените е многу повеќе емотивната повреда во домот, како причина) но и сеуште владее мислењето "он е мажиште ако оди со други а она е курва" , не оспорувам и воопшто не судам. Секој си има причина за неверство, и секако е многу подобро во оваа ситуација тој отворен брак кога како причина за секс на страна е само страста, подобро е да се знае отколку да се повреди, но со одобрение и договор меѓу брачните другари. И да, денес повеќето слободни, а и мажи во брак бараат токму жени кои бракот го сфаќаат полиберално и имаат за цел да си задоволат страста надвор од бракот. Една членка погоре наведе и навистина е точно дека мажи што изневеруваат ( а дома не ги знаат) воопшто не се плашливци и неинтелегентни. Веројатно имаат и повеќе време, слободен простор за да се впуштат во таква авантура. Секако ако си по цели денови на работа ( работиш активно по 12 саати дневно), и едвај чекаш да стигнеш дома да си гушнеш семејството, и да ти се појави некаква прилика, знаеш дека тоа е практично невозможно. На крајот на краиштата се што се работи позади грб на брачниот другар е неверство, разликата е дали ќе се дознае или не и дали и какви последици ќе остави тоа неверство. Дали воопшто постои пирамида на вредност ( или невредност) на големината на неверството. Дали е неверство ако си бил 5-6 дена на семинар во Италија со цел за стручна надградба, последната вечер некоја од присутните неодолива италијанка/италијанец, ти посвети внимание, малку флерт, вино и завршувате во кревет за да наредниот ден се враќаш во Македонија знаејќи дека тоа никогаш нема да се повтори, или пак е неверство пишување на фб или некој друга соц.мрежа 24 часа дневно во текот на целата година со некој/а со срциња со бакнежи, со искажување на емоции, додека дремеш на вц школка а твојот/а парнер или парнерка рмба по дома или дреме пред телевизор?? Неверство во двата случаја, но ова второво веќе отишло-зашло до немај каде, веројатно прераснало ва завист и потреба од некоја трета личност иако можеби и физички контакт не постоел ама емоционално прераснало во нешто што можеби ќе остави длабоки последици без разлика дали ќе се дознае или не
Во мојот случај и сексот имаше голема улога, тоа што бев многу пати одбивана и кога ќе имавме, никогаш немав оргазам многу ме нервираше. Пробував ајде да експериментирам, ама џабе. После најдов еден што беше одличен во кревет и не мислев да трае долго ама ете, dick game strong. Макар што мојата приказна е многу комплицирана
Мене помислата дека ќе имам секс со еден човек до крај на животот, ме плашеше. 10 пати имам пишувано за ова, дека ми беше прв дечко, прв бакнеж, прв секс прво се. Како што поминуваа годините, не бев задоволена во кревет може и тоа ме натера да мислам така. Кога пишував (пред да изневерам) во 2018, многу од вас ми викавте учете се заедно, експериментирајте, тоа го правев и не идеше. Овој другиот е искусен и знае што да прави, сосема е различно. Грдо ми е што изневерив, ама и мајка ми имаше улога тука. Битно признав. Да напоменам и дека кога почнав да размислувам за тоа, и со тогашниот дечко зборував, во смисла: дали сакаш и ти да пробаш со друга, да експериментираш. Кажав и дека не сум задоволена во кревет и не ме слушаше. Исто и на мајка ми и кажав дека сакам секс да имам со некој друг и ми рече курва ок.
Возможно е за тие кои практично изневеруваат со колега/колешка на работа и паузата ја користат во двојка Има начини тој што сака да изневери и во лифт со комшија/ка ќе го стори тоа, не е до тоа дека нема слободно време, до карактерот е. А дека зборот курва е излезен од женска уста тешко тоа. Најчесто маж кога бира некоја за озбилно прво тоа го поставува како прашање( оваа курва ли е ) на тие машки другари кои си се штитат повеќе од женските кои се попретпазливи како што спомна @WildMk , a jaс како што наведов дека се поразумни и покомуникативни и делат освети за ум.
И жените го користат изразот за да навредат други жени. За маж, курва е онаа која се ебе, ама не сака со него да се ебе. За жена, курва е онаа која се ебе, со некој со кого првава сака да се ебе.
Врти сучи повеќето жени испаѓа курви се а? Ај тоа да баталиме колку и да е неправедна дискриминација, муабетот е дека прво излегува од машка уста во моментот кога бираат жена за везден
Штом си го пишала ова свесна си дека можеш да повредиш некој кој многу ти значи и укажува дека се колебаш да изневериш. Убаво ти пиша @WildMk размисли дали можеш да се носиш со можните последици меѓу кои е и трајно да ја изгубиш љубовта и довербата од тој кој велиш најмногу го сакаш.
Пробав неколку пати да кажам крај крај крај ама не си стојам очигледно на зборот затоа што го сакам. Тој не може да се откаже, ја не можам да се откажам. Проблемите не сака да ги реши, ќе ме убеди ќе ми каже ќе биде и пак по старо, само празни зборови.