А ако сега маж ти те изневери, сеедно ќе ти биде? Или ако најдеш подобар од него, ќе го изневериш ти него?
Браво за нив. Во ред е да сретнеш друг. Но кога веќе знаеш дека врската не ви е добра и сакаш да пробаш со друг ќе му раскинеш на првиот. А не да испробуваш за да видиш дали ќе успее и да го лажеш партнерот (па колку и да е неубава врската) а ако не успее пак да се вратиш кај стариот партнер.
Сфати едно, лесно е да се мудрува на форум, сосема друго е кога ти ќе бидеш реално во таква ситуација, тогаш мозокот ти работи 300 на саат, триста опции и емоции ти прават торнадо у душа...е тек кога ке се смириш и одбереш некоја опција па повторно размислуваш дали правилно си постапила и се така....затоа не биди толку сигурна во твоите моментални ставови.
Сега 100 подпрашања. Ќе размислувам кога ќе се случи тоа, а и што да се случи ќе биде со причина. Клише е да речам дека знам дека нема да се изневериме одма ќе скокнат од тука, ама знам бидејќи сме сродни души и не ми фали ништо па да бараме кај други. Па секако ќе следи раскинување штом си видел дека нешто ти фали порано или подоцна...
Ај вака Ако некој си ја изневерува девојката со вас, велите ако не сте биле вие, ќе бил некој друг. Значи истото важи кога и вие изневерувате. Значи секако планирате да го изневерите тој со кој сте во врска/брак. Е, чим планирате и сакате, зашто не раскинете како прво? Или тој со кој сте моментално ви е една резерва само? Ако да, себични сте до немај каде.
Ако друг ми се врти низ глава уште тогаш знам дека врската не може да продолжи. Тогаш пресечувам. Штом сакам со друг значи не го сакам доволно тој до мене па имал и милион мани. Решението е да прекинеш на време ама другите опции се подобри сепак изгледа..
@baba Rada ми се повраќа од твојот сомнителен и дволичен морал што го пропагираш по темиве, па и уште пак се дрзнуваш да омаловажуваш помлади, плитки сме биле, вакви такви... Сум кажала и пак ќе кажам - ти си сѐ во што една млада девојка не треба да порасне, и верувај нема да си дозволиме никогаш да се случи тоа! Верноста и довербата е основа на една врска, а не ропство. Неверството ко потег е вина само на тој во врската што изневерува, и е неопростливо. Точка.
Знаеш што е најлошо, тоа што си го правел бараш начин да го оправдаш, па им докажуваш на сите дека не се во право. Сите вистински морални вредности се испогазени, само себичност и корист. Важно мене да ми е убаво и да си ја најдам сродната душа, се ќе газам пред себе.
немам одговрено на прашањето 'Дали би простиле?' - оти не знам (и се надевам дека нема да дознаам) Над 1000 одговориле Не, а околу 300 Да... Ситуацијата на терен е обратна. Не дека е во ред да се повредуваат луѓето едни со други... Не е... Ама како би се спречило таквото однесување? Прашав пред еден саат, не добив одговор... Јас немам решение, вие?
ЈАс не можам да ги сфатам тие шо изневеруваат, како после така мирно спијат ? Па и во врска, а па брак па со деца ? ? Изневерувањето е слаб карактер, луѓе кои немаат самодоверба. Ако толку сакаш скарај се, разведи се па прави после шо сакаш.
Таму каде што постои права љубов, таму постои и прошка!!! Бог не учи да простуваме нели! @Someonespecial немој да повраќаш поради мене душо, та нели сите луѓе сме различни на овој свет...ти живеј си со своите убедувања, јас по моите...секој има право да се искаже, не мора никој да го прифати нечие мислење, си лафиме... Поздравчаопријатно
Таму каде што има љубов, нема изневерување in the first place. Бог да не ве учи и да изневерувате? Каде ли се сега конзервативните хардкор верници што те бранат и обожаваат, да го прочитаат ова? Немаш право никого да нарекуваш плиток, ниту да праќаш со играчки да си игра. Ти си тука за потсмев и критика, а уште силна, умислена дека зрела ради годините. Жално. Најлошо е што во друга тема ќе идеш и збориш за девојки неморални т.е. ку*ви ради облека и надворешен изглед, изопаченост на геј луѓе и слично. Лицемерие и дезориентираност до максимум, и ти и сите што трошка почит кон тебе имаат на форумов.
Така дечки, сите што сте среќни во врската, макар и долги години, со партнерот заедно минете низ добро и лошо, се сакате, имате доверба еден во друг, за некое време ќе сфатите колку сте биле незрели што вака сте правеле. Само за деца е верна љубов, да знаете. Уште сега плеснете се со уште некој покрај дечкото, да созреете што порано
Ајде мене што ме навредуваш, де ти се повраќа и ред други неумесни критики на мој рачун, НО ЗОШТО ГИ НАВРЕДУВАШ И ТИЕ ШТО ИМ СЕ ДОПАЃА МОЕТО МИСЛЕЊЕ!!!!! Зарем не си малку повеќе од дрска и некултурна млада девојка!?
Јас не се согалсувам со доста ставови на @baba Rada , вклучувајќи ги овие погоре во темава, но сепак ја почитувам како член тука. Дали тоа ме прави мене лицемерна и дезориентирана? Овој коментар не ти е во ред и не ти требаше @Someonespecial Ако не се согласуваме со некој, зошто почит да немаме кон него, па уште и кон некој друг кој има почит кон некој кој тебе не ти се допаѓа?
Јас си го кажав своето Битер, а ти си возрасна и сама си знаеш кого ќе почитуваш. Ова не се различни мислења, туку деструктивни совети и вредности кои се туркаат со самодоверба, дрскост и навреди кон помладите. Од почитување на такви постари си патиме сите.
Се разбира, но јас да бидам навредена затоа што за некого имам почит, не е во ред. Според мене, ти сигурно мислиш дека е. Затоа и реагирав. Не бев учесник во дискусијава погоре а сепак сум навредена по некој основ. Нема потреба на таков начин да се дискутира со некој, употребувајќи една таква реченица. Ти ја сфаќам и тебе поентата, почитта се заслужува, само сакам да кажам дека нема потреба од толку избувнување и тоа е тоа.
Изневерување у една врска или брак се случува кога партнерите не се задоволни еден од друг и не го добиваат тоа што го сакаат но во никој случај ова не е оправдување за изневерувачот. Доколку не е задоволен нека ја прекине врската/бракот и нека трага по тоа што му фали. Ако некој те изневери ти си крив, е ај сеа