Теси да ми ви кажи нешто, може? Колку и да е неверството лоша работа (а е), тоа е само еден од начините на кои партнерот може да покаже непочитување кон вас и кон заедницата којашто сте ја создале. Не простувајте непочитување, независно од начинот. Дали е тоа лош однос кон вас, блиските, ве комплексира на каков било начин, ве присилува да носите, зборувате и правите нешта коишто не ги сакате, ви ја гуши самодовербата, позитивната енергија, или пак, води паралелен живот. Оти верувајте има и ситуации кога човек е толку разочаран што вели „камо проблемот да беше тоа“. Немојте да бидете потолерантни одошто сметате дека партнерот би бил кон вас, никој на светов не ја заслужува таа жртва.
Ми треба размислување од некој кој изневерил или пак бил изневерен, а ја продолжил врската. Прашањето е: Да ли постои љубов после неверство, да ли може да се врати довербата и се' да биде како порано?
Јас да ти кажам . Бившиот ме изневери . На почеток бев бесна и не му простував . Подоцна му простив , но никогаш повторно не бев со него . Значи , му простив за да мене ми биде чиста совеста и да продолжам напред со својот живот со новиот дечко , не за да бидам повторно со бившиот . Никогаш не би продолжила со личност што ме изневерила . Колку и да се кае , колку и да ме моли , колку и да ме сака - ќе ме изгуби . Ако некој те сака искрено , и дрогиран да е нема да те изневери . Знам по себе си . Сум била пијана во друштво од 10 машки од кои 4 ми се пуштале . Со ниеден од нив не излегов . А можев . И дечкото ( сегашен сопруг ) немаше ни да дознае дека сум излегла со некој . Совеста не ми даде . Љубовта кон него не ми даде . И добро е што не сум го направила тоа . Значи , прости . Но , не продолжувај со таа личност понатаму . Црвот ќе те јаде . Барем јас сум таква . Би станала стражар кој ќе му виси ден и ноќ над глава . А тоа верувам не го сакаш . Довербата најлесно се губи , а најтешко се добива . Затоа , треба да биде ценета .
Во врска не би простила, би се разделила без размислување... а во брак не знам.... би размислила добро пред да се разделам
Никогаш не би простила. Чим дојде до такво нешто не се мислам, прекинувам и нема назад. Ако простам нема да ја имам таа доверба што сум ја имала и нонстоп ќе се сомневам и за најмала ситница.
Ниту сум изневерила а ниту пак ме изневериле. Но едно ќе ти кажам ако имало љубов немало да има неверство.
Насилство и неверство се нешта за кои не сакам да дискутирам дали треба да се простат. Можеш да бараш и илјада изговори за кои сметаш дека се доволно добри да си ја оправдаш ситуацијата, ама ни најголемите атрибути, ни најпијаните ноќи, ни најголемите кавги не се доволно вредни да ја уништат љубовта и сѐ да падне во вода.
Ni od maska ni od zenska toa ne e opravdyvacki dali na maskoto mu seta gazot ili na zenkoto i mrdka opaskata, sepak da vi kazam od licno iskustvo mojot decko bivsi decko pri sekoa prilika dodeka odev treeta smena na rab on i mojata drugarka izleguvale se zabavuvale nz ti so use ne. Pa duri eden period i javno izleguvale so izgovor deka se samo prijateli no toa mene mi stana jasno deka ina nes megju niv. Si zemav den od rab za da gi sledam moze e smesno no morav da bidam sigurna vo svoite somnezi i navistina bilo taka sedea vo eden restoran kade so ne e na mn promentno mesto i sedev vo kola cekv dodeka ispadnat minese vreme no poslem pocnav da gi sledam povtotno otidoa na zatskrieno mesto ne se dobliziv za da ne ispadnam.primetliva i mu zvonev na mobilen ama tipot nedostapen bese dolgo vreme duri kasno od nokta mi vrati poraka deka ne go videl telefonot zaspal i narednata den mu ostaiv govorna poraka deka go sledev do finisot do kaj so se skija sekade go blokirav zamislete probuvase da me ubedi deka ne e taka ama se razdelivme i na kraj se si prizna deka sonea imal dolgo vreme iskri si se dopagjale eden so drug i vise bese kraj a jas od koa si fanav decko probuvase da me skara mi se zakanuvase so li use ne za toa otbarajre oci za se vo zivotot
Кажано беше машка страна, вие ќе си се изјасните. Неверството го свакам ептен лично и може да има последици, ако сака со друг нека каже а не будала да те прави!