Можда пошто сексот не ни е на прво место, а и постои самозадоволување и видеа/слика од и за партнерот, еве не знам.
Па никој не кажа дека е исто, ама постои како опција ако стварно кризираш за секс. Не знам изгледа јас нешто не сум океј што би седела мирна и би го чекала дечко ми и единствена помисла ќе ми биде како ќе го изнагушкам коа ќе ми дојде.
Издржуваме затоа што имаме и други органи освен пи**а, и за нив треба да се грижиме. И не, некогаш не се месеци во прашање, може и години. Кога на некого ќе му дадам збор за верност, тоа и останува. И немој да мислиш дека сме останале само на еден зашто немаме удварачи, сите имаме со лопата да ги ринеш, ама кога со некого имаме СЕ, зашто би го изгубиле тоа СЕ за едно НИШТО?
Едвај чекам да го видам, цело време мислам на него, не па друг да барам. Цц, да мисли партнерот вака за мене би сакала да ми направи услуга и да ми раскине...
Па криво ќе ми биде кратко време. Ама тоа многу кажува ако ме изневерил и секако понатаму би била среќна зашто таков човек не ме заслужува и не сакам животот да го поминам со некој кој ме изневерува.
Ех камо дечко ти досега да те има изневерено со некоја ,,небитна" па да си останеш со прстот во уста. Тоа што го правиме најчесто на глава ни се враќа. Ако не сега, некогаш ќе почувствуваш како е да си во таа состојба ама касно ќе се свестиш, за жал. Значи сепак и не ви е толку сјајна врската. Не му веруваш а се сомневам дека и тој ти верува. Жално што не си почуватвувала вистинско сакање, доверба и взаемна искреност.
Јао со секој збор тонеш бе аман.И сега јас ќе ги изневерам сите со кои сум за случајно ако тој ме изневери да му фраснам во фаца :Еј абе ти ме изневери ама да знаеш и јас тебе.
Па да ти кажам ако размислуваат сите ко тебе, да му е страв на чоек да е во врска, па и уште да се разболи...
Можеби ќе ми биде криво и нема да му простам, ама тоа по дифолт не значи и јас да легнам со некого, за да сме на исто. Не се осеќам како корпа за отпадок и некој да се празни во мене.
Вие си знаете. Ама немојте да мислите дека на сите дечковците ви се верни. Можеби ви прават нешто зад грб, а не знаете.
Ова од твое лично искуство кажуваш?! И НЕ, не значи дека сите машки изневеруваат. Има и такви кои ги почитуваат своите партнери и ги сакаат, и таква врска се темели на искреност.
@Dark_Lady997, вака не само конкретно дечко ти, туку и со никој друг не може да си во сериозна врска без да го повредиш. Да раскинеш и да си тераш сингл со friends with benefits, или евентуално отворена врска исклучиво со некој сличен како тебе - само така би била фер сè додека си со вакви размислувања (секако ако не тролаш). Ама па ни тоа не би ти годело, пошто викаш ти не сакаш да делиш и да бидеш заменета со друга „небитна“, само за тебе е океј да изневеруваш... колку само себично и незрело И не, не треба да си „светица“ за да не ти се на прво место нагоните, според сопствени принципи да си лојална и да се грижиш за чувствата и границите на партнерот. Не сме животни побогу, поинтелигентни суштества сме со емоции и разум.
Prvo vikash ne bi izneverila...ok,posle vikash bi probala...ok,ama nemoj da vikash deka i da go izneverish kje si go sakala dechko ti.Koga kje izneverish tuka nema ljubov ako go sakash kje mu si verna duri nema ni da pomislish na drug a ne kamo li da varash....
Дечко ми имаше операција по втор пат пред година и нешто. Цело утро мрзнев надвор додека да го вратат од шок соба за да го видам, не ми дозволија да седам внатре, демек гужва да не се створи, а имаше цела фамилија што џагореа цело утро чиниш во кафич се, а не болница. Се расчу после дека фрлиле дебела пара за апартман и подароци по доктори и сестри, па ми стана јасно. Го проголтав и тоа и чекав надвор додека не помина времето. Едвај чекав се' да се заврши како што треба и да го видам, а на раб на плачење бев кога го видов пребледен и изврзан со триста цевчиња и чудесии од инфузии. Не дека беше комплицирана операција, ама да отидеш под нож по втор пат за иста работа нема да биде лесно. Во ниеден момент не помислив да барам друг. Често се разболував, останував дома по цели денови бидејќи не можев од кревет да станам, па не сме се гледале толку, не сакав ни тој да се разболи покрај мене. Ама шо знам, може па со друга да одел. И да оди, жив и здрав да е, да им биде со среќа. Нема да го убијам, едноставно си продолжувам со животот. Ако бевме во отворена врска, врска без обврски, ништо сериозно- апсолутно секој може да си прави што сака и тука нема ништо лошо бидејќи дадено е до знаење каква е работата, ништо не се прави зад грб и никој не е повреден. Но, ако двајца имаат иста цел и сакаат исто нешто, односно сериозна врска со посветеност, тоа подразбира да останеш до некого кога си му најпотребен и животинските инстинкти да ги исконтролираш, своите потреби и себични желби да ги оставиш настрана. Чунки тоа не дели од животните- самоконтролата, разумот. Не би простила неверство, секако не би останала со таква личност во врска и не би направила такво нешто зад грб.
Ich ama bash ich ne ti drzhi voda mislenjevo...A toa deka mozhe da e bolen pa da nemate seks e toa e dno dna,strashno