После два члена од тука: 1.Член на кој му е најбитен сексот 2.Член кој би простил неверство оти битно мажот пари носи дома. Ич не ми се коментира.Се гасам сега за сега.Немам инспирација ми ја исцицавте со тоа (не) умовите.Ајде
Баба ми што имаше 97 години имаше поздрави и понапредни размислувања, од ова што ти го имаш напишано. Класична малограѓанштина, поглаварот и неговото племе.
Ја па најдов каде да пишам. Нејзина одлука, ниту и прави проблеми, ниту и донесе болештини, ниту се растури фамилијата. Децата пораснаа со двајца родители. Секое неверство не е за да заврши со разделба.
Нефункционален брак е најлошо нешто кое може едно дете да го преживее. Таа тензија, нула љубов, почит, разбирање и тоа како се одразуваат на нив. Се разбираат, се знаат. Само заради фактот дека останале заедно, децата далеку од тоа дека се среќни во таа заедница.
Ма немој! Ќе легвам со некој секоја вечер знаејќи го фактот дека ме изварал и чекајќи го времето да му паднит газето, ама битно носит пари дома и ги гледат жената и децата. Ако му било до жената и децата, немало да шврљат наоколу и плус сите да знает, и да ја понижвит жена му до тој степен. Ма нека се гонит со се парите. Никогаш не би сакала да се најдам во таква ситуација, ама доколку би се нашла би заминала со децата под рака и уште еднаш да не ги видит. А ако сакат секој ден дома после нека си носит по 1000 евра и по уште една од тие шо го минвит времето дур јас сум го чекала, а тој бил качен на друга.
После тоа немаа никакви кавги, се се среди, има почит, се помири со тоа дека е таков тип кој одвреме навреме погледува настрана и баш поради тоа се` уште е со него. Тоа е тоа, таков е ќе те сака, ќе те почитува, ама има мерак и друго да проба. На одмори секаде се заедно и не е некој тип кој излегува секоја вечер. Да се разделеа ќе имаше многу полош живот и таа и децата. Ќе се врати во куќата во која живеат нејзините и брат и кој исто има фамилија, сигурно немаше да седи во таа заедничка куќа. Некогаш не е решение земи децата за рака и замини си.
Немаат кавги зошто таа трпи се и премолчува. Сигурно не и е сеедно тој да оди со други а таа ужива со децата дома. И како може некој да се помири со тоа тој е таков?! Никој не е таков ако му значи и ја почитува личноста со која живее. Воопшто не толерирам вакво однесување. Постојано да го мислам дали е со друга или е на работа. Не фала, таков живот не сакам.
Зборвиш за почит од негова страна или неубо читам? Ако тој нејзе ја почитувал пред да ојт со други ќе се разделел од неа или немат да одел. Немат таков тип, онаков тип, туку имат тип шо те сакат и шо не те сакат, а ако те сакат немат да е тип шо ојт со други. И зошто полош живот? Ако треба ќе се вратам дома кај моите ако имаме едно собче, ќе спијам во то едно собче со децата ама ќе сум среќна шо некој не ме понижвит и не ме прајт будала. А уште помалце ќе ми требит да ме носит по одмори. Ај кажи ми тие жените со кој ја варат неговата, како ја гледет нејзе? Јас ќе ти кажам, со потсмев.
Решение е да си заминеш.Да ти помогне некој од твоите додека да собереш некоја пара.Да се издвоиш.Решение не е да прифатиш дека тој погледнува други.Решение не е да си го загорчиш животот само за тронка почит и за маж кој ќе ти носи пари дома.Решение не е да молчиш.Твојот живот е еден повеќе нема да го има.Решение е да им покажеш на тие деца што е тоа храброст,да им покажеш како се бори а не како се подлегнува под секого!
Ех да знам само кој ви ги пери мозоците на тие како вас со такви мислења и ставови. Да беше обратна ситуција, со клоци ќе леташе жената на улица и тоа без партали. На децата лице немаше да им види. Да ти се згрози колку некој може сам да се понижи и да дозволи друг да го понижува. Срамота.
Ќе ти поставам сега едно прашање , па ти по одговорот што ќе го дадеш , ќе знаеш што да направиш . Дали на мажпт би му било сеедно ако таа оди со други мажи , одвреме - навреме и дали би бил во брак со неа , ако таа би била како него , а тој како неа ? Инаку , веќе се имам изјаснето на темава , и сеуште си стојам на ставот . Неверство не правам и не простувам . Имав една ситуација , каде се поткарав малку со маж ми , баш разговаравме за неверство . Ме праша зошто не би му простила неверство . Кратко му одговорив : А ти би ми простил ако те изневерам ? Толку беше .
Зашо небитна, може поубав му е сексот со неа одколку со тебе, нели во темата за мал пенис пишеш дека секс ти е побитен од карактер, ако тој има подобар секс со швалерката одколку со тебе мислам дека не можеш му се лутиш, башка ако си досадна у кревет треба и ти да му предложиш некоја пример можеш другарка што знаеш дека ја бива, нели ти е жал да се мачи човекот, што ако љубопитноста му го наруши здравјето, не се игра со таква работа
Секое наредно мислење на форумов ти е сè поголем бисер. Ти си го одбивала дечко ти за секс и тоа за тебе е нормално, ама не е нормално кога тој еднаш те одби, па затоа ти ќе го силуваше, па затоа тој и те удри. А ти не само што заслужуваш да бидеш одбиена, туку заслужуваш да бидеш оставена, а не да му го губиш времето на дечкото. Штом си толку зависна од секс и не знаеш ништо друго, остај го дечко ти и мењај си мажи ко чорапи секој ден различни и по неколку. Само пази да не ти се погоди некој со мал пенис Ти не заслужуваш да имаш дечко, да бидеш сакана и почитувана.
Каков пример се тие за децата, жена која трпи сé и маж кој ја изневерува мајка им. На страна децата на кои полошо ќе им е во нефункционален брак, ама и жената има право да биди среќна, да најди некој кој ќе ја сака и почитува. Во државата наша лошо е и жално што остануваат во брак, дали од причина што ќе речат комшиите дали од финансиска. И ајде да речиме секое неверство не е за разделба (е) ама барем да си ја научел лекцијата, а не си продолжил со истото.