Сите судат без искуство, кога би се нашле во таква ситуација, тогаш ќе збориме, вака од страна е друго, секој човек различно го прифаќа, никогаш не велете никогаш, не знаете што ви носи животот.
Ne odobruvam neverstva ili pocituvaj ili razvod I sekoj neka tera Kako saka ! So koja cel se zaedno ???
Никогаш не вели никогаш се употребува за други работи кои неможат да ти наштетат и според мое сваќање никогаш не вели никогаш си велам за нешто лудо да направам забавно што порано сум мислела дека има граница, за варање на некој да ќутам тој да си живее како сака а ја у 4 ѕида НИКОГАШ, имам многу емоции, чуства и сум темпераментна така да мојот карактер нема да го издрже тоа
Pravev muabet so edno masko bas za neverstvo i tipot mi vika maskite smeat da izneveruvaat, masko si e masko a dodeka devojcinjata ne smeat. Koe nisko razmisluvanje
Овде имам гласано одамна со ДА ..... Но кога го доживеав на своја кожа мојот конечен одговор е НЕ! И немојте никогаш да опростувате и да се понижувате!
I toj sto go pravi neverstvoto, i toj sto go prostuva znae deka nikogas poveke nema da bide isto. 1.Toj sto go napravil neverstvoto znae deka vistinski ne ja saka i nikogas nema da ja saka licnosta koja ja izneveril, kolku i da go tvrdi sprotivnoto 2. Doverba nema da postoi 3. Dokolku nekoj sakas nema da pomislis na nekoj drug pa ne da izneveris taka da taa vrska sekako e propadnata
Пред многу години простив неверство ама од тогаш си ја научив лекцијата. Прво и основно, пред да простите неверство мора да ви бидат јасни 3 работи: 1. Луѓето МНОГУ ама МНОГУ тешко се менуваат, колку и да вика вашиот партнер дека се сменил 99% е лага. Посебно ако тоа ви го кажува одма штом сте дознале за неверството. 2. Сте го изгубиле најважното нешто во врската - довербата. За ВИСТИНСКИ да се врати, партнерот ќе треба со ГОДИНИ да се докажува. Дали сте спремни на тоа? Дали сте спремни секоја вечер да спиете со едно полуотворено око? Според мене многу е полесно да стекнете доверба во нов партнер. 3. Со самото тоа што еднаш сте простиле повеќето мажи (а и жени) мислат дека имаат тотална контрола врз вас. Во други зборови, чим еднаш сте го простиле најлошото, ќе го простите уште еднаш нели? Мој совет: учете од туѓите грешки.
Никогаш не би простила неверство колку и да го сакам!Сметам дека луѓето не се менуваат барем не за ова затоа треба женски да се пазете со кого одите
Не мислам дека човек што сака не може да изневери. Во прашање мислам дека е повеќе карактер и самоконтрола. Некои луѓе ставаат посакуваност пред вистинска емоција. Сум простила инаку. Дали би пак, не знам. Не дека ми се одбило од глава или пак се повторило, него се познавам и знам дека ми се одмилува човекот. Знам дека ќе префрлам и при најмала нервоза, не би вратила во никој случај. Ама пак ставив крај и беше јасно зошто.
Сум простила неверство и од тој ден се поминати 2 години. Довербата беше сведена на минимум, тој секој ден со неговите постапки покажуваше дека многу се кае и не би направил никогаш повторно. А јас, јас до денеска се немам покајано ниту еднаш.
Сметам дека се руши довербата после неверството и тешко е да се изгради одново врската Сега викам не, ама немам искуство.
Иако искуство немам,го немам доживеано на своја кожа и сепак викам НЕ. Никогаш ама буквално никогаш неможам да опростам такво нешто колку и да сум го сакала...
Во анкетата имам ставено *Не , но тоа не е затоа што не простувам неверство , туку затоа што ќе простам , но никогаш повеќе нема да бидам со човекот што ме изневерил . Ќе умирам секој ден , но нема да бидам со него . Ако треба за навек сама ќе останам , со него не . Бев изневерена , раскинав врска ( доцна дознав дека ме изневерува ) , бев лута , викав , кршев , пиев .. ми помина . По неколку месеци ме побара да зборуваме , побара прошка од мене и да му се вратам . Му реков : " Јас тебе одамна ти простив , но никогаш не заборавив колку понижено и глупаво се чувствував кога таа во лице пред сите ми плесна дека ме изневеруваш со неа " ... Му посакав се најдобро , му дадов до знаење дека јас и тој нема никогаш да бидеме тоа што некогаш сме биле , и си заминав . И тоа ми е најдобрата одлука во животов . Простувај , но не заборавај и никогаш повеќе не се враќај на некој што те изневерил . Чашата не е иста откако ќе се искрши , колку и да ја поправате . Сега сум мажена за друг човек , а тој што ме изневери , долго се каеше , направи многу глупости подоцна , со што се закопа 5000 метри под земја . Во моите очи не остана ниту малку почит кон него . За жал не секој е спремен да си го жнее тоа што си го посеал .