Размисли убаво немора да значи ако еднаш те изневерил дека ќе се случи тоа повторно, но ако има колку тебе 18г. мое мислење е дека голема е веројатноста пак да те изневери, бидејќи машките во тие години се неиживеани, сакаат се да пробаат, да експериментираат и далеку се од созреани, затоа размисли да не бидеш повторно повредена. Дај си време да размислиш немора одма да одлучиш дали ќе му простиш или не. Истестирај го колку те сака и колку ќе се труди да те задржи и да ти покаже дека се покаал.
Леле како можел со мажена жена ЗА СРАМОТА и таа како можела, ако не си способен не се мажи Никако простување ама ти си знаеш, види како ќе ти биде тебе убаво Поз
Маја мислам дека си уште малечка за да се замараш со вакви љубовни проблеми! Мој совет, тргни се од него, и продолжи со животот! Млада си и не ти требаат такви типови, да ти го загорчат и уништат животов! Гледам ако не си го открила преку скајп, тогаш и немало ни да ти признае и ќе си продолжел со авантурата! Така да се сомневам дека му било жал и се каел! Ако ти сметаш дека е доволно озбилен и искрен во каењето дај му уште една шанса, но пред тоа размисли добро и процени добро! Ти си таа што избира, а не тој! Поззз
Маја јас искрено таа жена би ја кажала на сопругот и би му дала докази дека си го изневерува мажот, па нека му ја мисли тогаш, а дечкото прати го по ѓаволите, уште па ќе те теши и ќе ти вика да не кажуваш, ма даај. Моето мислење за неверството и дали да се прости или не: Јас не би можела да простам неверство под никакви околности, кога ќе се случи случено е веќе и нема што да се дискутира понатаму, не ме интересираат ни причини ни зашто, ни како, ни со кого. Неможам да разберам како тука ги правдате машките од таа причина што биле машки и тоа им било во природата, поглупава причина амин, ако сака да е со мене подобро дека си ги конторлира тие животински нагони, и мене ми е тоа во природата па кога сум со некој искрено го сакам и гледам на никаков начин да не го повредам. Неможам да бидам сигурна дека дечко ми до сега ме нема изневерено, нити се распрашувам ниту го конролирам, додека незнам нека прави што сака, ако дознаам тоа ќе биде крај и несакам повеќе лицето да му го видам. Да простам и да ме гледаат на улица со сожалување и како глупача дека дечко ми ме изневерува и сум сеуште со него, прво сама нема да можам да си простам и да се преоптоварувам. Уште помалку ако неверството се случи во бракот, колку е подолга врската толку е поболно неверството, имаше спомнато дека на оној кој изневерува му било потешко одколку на изневерениот, како? Тој сигурно не мисли на мене додека ме изневерува, мисли само како да си заврши работа и да си се задоволи, како може да му биде потешко? Ќе му биде да, кога ќе сфати што изгубил а тогаш мене ќе ми биде полесно, само во овој контекст го разбирам ова. И полесно ќе би биде да го заборавам кога ќе испадне такво ѓубре и ич нема да му ја мислам два пати за дали да ја прекинам врската и да продолжам со крената глава.
Ти сама мораш да процениш дали заслужува да му простиш,ако навистина се кае,во ред,се случува,секој греши и секој заслужува втора шанса.Но сепак,начинот на кој ти кажал,на скајп...тоа и не е баш во ред,како да му е сеедно и да не се грижи за твоите чувства,но можеби и неможе да те погледне во очи и да ти признае,па затоа се решил вака.Ти најдобро си знаеш каква ви е врската,колку сте стабилни и длабоки во чувствата.Сепак,ако се решиш да му простиш,биди претпазлива,ако се случи уште еднаш,остави го и продолжи си понатаму,затоа што, пак ќе го цитирам Коељо -"Тоа што се случило еднаш,немора да се повтори,но ако се повтори,сигурно ќе има и трет пат"
Никогаш и под никакви околности не би простила неверство. Ако јас сум била способна да делам се' со тој човек и да му дадам се' што една жена може да даде кога е вљубена, а тој ми вратил така што ќе ме изневери, тој човек моментално престанува да постои во мојов живот.
јас гласав дека би простила неверство , иако го немам доживеано мислам дека би простила мада се стресам од љубомора и тага и само кога би помислила за нешто такво но работата е тоа што јас го имам изневерено (објаснување:со месеци бевме разделени во различни држави, бев во некоја депресија, преуморна ода животот , на раскрсници и така ми дојде тоа како шлаканица и ладна вода на глава) вереникот дозна, беше ужасно најлошото нешто што сум го доживеал во животот, таква болка немав чуствувано... но ми прости, ни требаа месеци да се повратиме како што бевме, најважното е дека премногу се сакаме, таква љубов не треба да се отфрли за некоја грешка, признавам момент на слабоста да. ако бевме цело време заедно никогаш немаше ни да помислам на такво нешто но кога си изгубен во свет каде што немаш никој не е баш така едноставно. сега да ме изневери мислам дека би му простила само затоа што му должам (а можеби и не незнам) , него сега не му фали ништо нема потреба за изневерување, но само сме луѓе грешки се случуваат. а ако се работи за неверство(со умисла) кое што трае подолг временски период, со лажење итн мислам дека никоја не заслужува да му биде простено. јас сум му благодарана на моето сонце за разбирањето и љубовта и понатаму продолжува. и само да напоменам, никогаш не ми преговорил навредил или слично поради тоа, знаеше зошто се случи и забораваме , се концентрираме на нашата иднина , нашиот живот и нашата љубов.
Јас искрено не би простила неверство, тоа можеби е себично од моја страна пошто имам изневерено но тоа ми е простено. Јас го изневерив кога бевме заедно.. После 2 месеца раскинавме (но тој уште незнаеше за моето неверство) и подоцна тој почна да ми се јавува... Никогаш не помислив дека ќе дознае за тоа, а уште помалку од мојта ’најдобра’ другарка... тој ми прости и еве уште сме заедно.. скоро 3ипол години. Верувам дека никогаш нема да ја направам истата грешка, за која толку многу се каам...
Има разлика од неверство до неверство, втора шанса заслужува секој ако ја побара. Ако ја прокоцка некој и таа втора шанса, нема шанси да простам. трета шанса не добива од мене, нешто што се случило два пати , сигурно се случува и третпат.. така да третиот пат ако изневери, сама ќе си бидам крива што воопшто сум му простила
точно така,има разлика од неверство до неверство...порано сум простувала,ама не биле некој сериозни работи и плус сме биле мали,а сега одиме 100години и да рзберам дека ме изневерил ппффффффффффф нема шанси да му простам....па колку и да се правда па какво и неверство да е
пааа зависи дали он ке ми каже за тоа или дали ке дознаам од други.. ако он ми каже можда ке размислам дали да му простам или не.. АЛИ ако криел и дознаам од други ондак нема теоретски шанси да му простам.
После неверство се паѓа во вода, и аман веќе со тоа ако се случи еднаш сигурно и вторпат ќе се случи ова она, неможам да простам неверство, и неможам да оправдам неверство под било какви околности да било, а па да има среќа уште и сам да ми каже е нека се убие подобро!
Знам дека никогаш не треба да се вели никогаш, но ова е едно од двете - три работи за кои сум сигурна дека никогаш нема да ги направам. Прво: Неверството е моментален напад на хормони, и во тој момент не ти работи мозокот, не си свесен што всушност правиш, дека сечиш некој стабилен линк уште од корен, кој веројатно ќе зарасне многу полека, ако воопшто зарасне. Неверството е само едно од многуте искушенија кое ни ги налага опстојувањето на една врска. Второ: Друго е да почувствуваш моментален нагон, кој според мене треба на каков било начин да го исконторолираш, затоа што со тие 5 минути на страст изневеруваш се што си направил во врската, сите убави зборови што си ги кажал - се изневеруваш самиот себе најпрвин. Сосема друго е ако се гушиш во врската, неможиш да издржиш, па спас бараш во некоја трета личност. Така ако е според мене најдобро раскини, па после кога си слободен прави што сакаш.
јас мислев дека никогаш нема да простам неверство, ама со дечкото со кого одам сега на почетокот на , оваа година с е скаравме за глупости и не бевме зедно скоро 2 месеци, после тоа тој ме побара и ми кажа дека оав време што сме биле раделени сватил дека мн ме сака и ми кажа дека пред да се скарам ме излажал со бившата 2-3 пати, ама ветува дека ако се смирам со него ќе се сменат мн работи, дека повеќе нема да ми мани превара и дека ќе го смени своето однесување, јас не знаев дали да му простам, ама му проситв за неверството, и еве сега одлично функционираме, мн подобро од порано и ми обрнува мн поваќе внимане и сл. мислам дека не секогаш треба да не води разумот, гордоста и принципите позз
Нема вакво или онакво неверство,едноставно ја изневерил твојата доверба ,истрчал во туѓ чаршав и што има тука да се дообјаснува.Вистина е дека секој од нас греши,вистина е дека секој заслужува втора шанса ама вистина е исто така дека никој не заслужува да правиш дебил од него! Ако не те исполнува врската,разделете се и оди си по својот пат,ама да забиеш нож во грбот на особата што ти ја давала својата љубов и разбирање, сметам дека не е за оправдување.Да го издадеш некој само поради фактот дека не можеш да ги контролираш своите нагони, е богами нече мочи.
Пробувам да го заборавам неговото неверство ама не можам, тешко ми оди. Правам работи што никогаш не ги правев, проверувам компјутер, телефони, ФБ, барам нов знак за неверство иако го нема. Денес не можам веќе, како болна сум, не можам да се мрдам, како да тонам. Пекол ни стана се, денес му реков дека не можам, ако продолжам ке се разболам. Простив неверство, се покајав зашто јас се претворив во чудовиште поради болката што ме изеде внатре. Сфатив дека не сум човек што може да прости. Готово е.