Веројатно и јас би размислувала вака ако бев изневерена, ама во мојот случај јас изневерив пред 4 години. Му кажав на дечкото и многу се каев. Јас со тоа што го изневерив сфатив дека не можам без него и дека го земав здраво за готово. Се гледа и осеќа кога некој стварно се кае. Јас во тој период се чувствував многу запоставена врската ни беше некако на стаклени нозе, се прашував дали го сакам вистински, едноставно имавме криза во врската и се појави човек што ја искористи таа ситуација. Сега сме уште заедно, посилни од никогаш и чекаме бебенце. Не се навраќаме на тоа. Животот ти приредува секакви искушенија, верувам во втора шанса и верувам дека човек учи од грешки. Ако можам да се вратам назад, веројатно не би сменила ништо. Зашто немаше да знам да го ценам човекот што е до мене и немаше денес да бидеме ова што сме.
Можеби да, а можеби и не. Зависи до моментот (кој не сакам да го доживеам). Ама не би имала доверба а не можам да замислам една врска без доверба така да...сепак повеќе сум за НЕ. Ретки се тие кои остануваат на едно изневерување.
Најдобро дотолку видите дека некој друг сте засакале да зборите отворено дека се случува нешто со вас и да се одвоите од оној кој повеќе не го сакате отколку да го изневерите. Затоа што тој што е со вас не е крив зошто вие некој друг сте засакале ако нормално се работи за засакување на друг без некои проблеми што довеле во вашата врска. Искрено кажете вака ми се случува знам дека си лут на ова но несакам да те изневерам несакам да бидеш повреден затоа ти кажувам вака и вака зада продолжи секој по својот пат
има полоши врски од обично неверство,на пример да те нервира малтретира понижува партнерот тоа боли повеќе .но неверство не е за простување,јас имам изневерено во врска само бакнеж беше не ми значеше ништо и не признав иако дечкото се сомневаше.друго што ми текнува е дека ако изневерениот признае и него ќе го изневерат ,така да најбитно е личноста дали се кае искрено за тие кои би простиле
Не се појавил човек кој ја искористил ситуацијата, туку се појавил твојот сомнеж во вашата љубов. Болдираното е токму најбитното. Sorry to break it to you ама ако ти е потребна авантура со друг човек за да го цениш и сакаш оној кој го имаш покрај себе, тогаш не го ни заслужуваш. П.с. Мило ми е ако сте навистина среќни и ви посакувам се' најубаво во иднина.
Многу сме покомплексни ние како суштества од вашите одговори овде. Неверството постоело од секогаш, е сега, порано ако се сметало изневерување само бакнеж или секс, денес треба да си разграничиме што за нас лично претставува неверство. Дали е лајк на инстаграм, гледање порно, еротска масажа, користење тиндер, флертување, комуницирање на ФБ со бивша и слично. За оваа тема има за зборување до бескрај, со години ја слушам и читам Esther Perel таа е психолог и психотерапевт за парови. Ви препорачувам сите да ги видете нејзините видеа на Јутуб. Таа вика - кога некој има афера луѓето ќе помислат сигурно имаат ужасен брак/врска мизерни се, ама доколку било така тие ќе отишле кај адвокат и ќе поднеселе барање за развод или ќе раскинеле, а не да идат на терапија за парови. Значи не сакаат да им заврши врската зашто била добра на многу други полиња. Во пракса докажано е дека луѓето што изневеруваат и идат после тоа на терапија, најчесто се луѓе кои биле верни и лојални со години и не се хронични изневерувачи, значи фразата once a cheater always a cheater, паѓа во вода. Еден ден тие луѓе ја преминуваат границата што мислеле дека никогаш нема да ја поминат. Изневерување има и во среќни бракови и врски и кај нив не е точно дека тој што изневерил не го сака партнерот, туку нешто фали или го врскста или во поединец. Најчесто тој што изневерува пробува да бега од себе од личноста што е и кога ќе се најде некој друг со кој ќе почувствува таква аура, се осеќа живо, посакувано и им се допаѓа таа верзија од самите себе. Кога ќе заврши тоа се прашуваат зошто, дали вредело, не сакаат да го изгубат животот и партнерот, свесни се дека нанеле болка и сакаат да го спасат бракот. Најбитно е да се зборува искрено, изневерувалот да се кае и да знае дека направил ужасна грешка, тоа е услов за понатаму да се продолжи, доколку се вади и го обвинува другиот псртнер за неговата постапка, тогаш е готово. Affair is eather a break up or a make up. или сте завршени засекогаш или ќе се издигнете повисоко и посилни од претходно.
Доколку фали нешто во врската или нешто не е во ред се зборува отворено со партнерот за решение. Во теорија лесно е да се кажат сите овие работи, но каде се спомнати чувствата на тој што ќе биде изневерен? Најлесно е да изневериш за да си угодиш на самиот себе, но и себично од друга страна затоа што не мислиш дека ќе ја повредиш личноста до тебе ако толку ти значи. Не е оправдување, ниту решение кога врската или бракот ќе стане монотон да бараат среќа кај други. Очи во очи со партнерот, ако не ја бива врската постои крај, а довербата кога ќе се разниша пиши пропало, секоја чест на исклучоци што можат да бидат смирени после неверство и да ја продолжат врската. На крај на денот, самите партнери треба да ја разбијат таа монотонија, не може само едниот да се труди додека другиот бара друштво на страна.
Ова не се мои зборови, туку на жена што над 30 години работи со парови низ целиот свет. Изгледа премногу сме млади за да разбереме што зборува. Некогаш партнерот не слуша што му зборуваме, што ни фали. Не е за оправдување изневерувањето ама милиони луѓе не може да бидат патолошки. Овде се зборува за луѓе што се каат и биле лојални со години, а не изневерување на 16-17 години. Замислете да се разведуваа сите што поминале низ ова, на дланка ќе се бројат тие што останале во брак.
Кога читам вакви филозофии и срцепарајучи текстови за неверство, ми се бљуцка. Не се оправдува и нема потреба да гледаме подлабоко во таа тема.
Ова е индивидуално прашање, зависи до човекот. Ако е спремен да прости и заборави и да продолжат понатаму океј, ако не може исто океј. Само оние што као ќе простат и на секоја караница ќе го спомнат тоа исто така не е убаво. Затоа најреални се двете опции од погоре, или простуваш и забораваш или раскинуваш.
А јас па сум приметила дека секогаш ама буквално секогаш вакви „Зависи од ситуацијата“, „Не е се' црно-бело“, „Таман работа сите да се разведуваат“ изговори читам само и само од личности кои или изневериле или простиле и продолжиле со истата личност па сеа си бараат потврда дека тоа што го сториле е исправно. Ако вам ви е океј да делите живот со личност која ве понижила пред цел свет, go for it. Никој не ви се меша во вашиот живот. Ама дека неверството може да се оправда поради ова или она, извинете ама не. Имаме свест, имаме мозок. Развијте самоконтрола и престанете да барате оправдувања за истото.
Не знам кој воопшто ја слуша таа Esther. Такви бесмислици одамна немам прочитано, посебно ова: "Изневерување има и во среќни бракови и врски и кај нив не е точно дека тој што изневерил не го сака партнерот, туку нешто фали или го врскста или во поединец. Најчесто тој што изневерува пробува да бега од себе од личноста што е и кога ќе се најде некој друг со кој ќе почувствува таква аура, се осеќа живо, посакувано и им се допаѓа таа верзија од самите себе." Ако фали нешто во врската или бракот тогаш тоа не е среќна врска. Луѓето што се во среќна врска или брак се чувствуваат среќно, исполнето, ја имаат својата сродна душа покрај себе и не треба истата да ја бараат во други. Никогаш не би простила неверство. Зошто да му дозволам на некого да ме манипулира при здрав разум и да ме убедува дека се кае и дека ме сака. Ако еднаш изневерил голема е веројатноста да се случи истото повторно.
Не сме премногу млади..премногу зелени сме. Ако партнерот не слуша што зборува другиот, тогаш таа врска одамна отишла по ѓаволите. Без разлика дали едниот изневерил или не Ако партнерот не се грижи за потребите на другиот, нема потреба да се нарекува тоа врска или брак. Може да си се само пријатели за секс..или деловни партнери, ако случајно имаат семеен бизнис.
Без разлика дали било лапање или секс, не треба да се прости.Дали било еднаш или повеќе пати е небитно, битно те прегазил.Никогаш не сум изневерила затоа што користам разум.Не изневерувајте и не простувајте за да имате чиста совест и мирна душа.
Што жени се тие што знаат дека мажите ги вараат со која ќе стигнат а нив не ги занима тоа ? Што дијагноза е тоа ?
Не ги занима ?Повеќе ќе да ги занима што мисли народот или се кукавици ,а најбанално е она балканското па машко е , оправдување нели си бараат таквите жени
Еднаш една жена ми рече: „Па машко е може да шета, може да гледа по други. Друго е маж друго е жена." Тие зборови не ги заборавам. Тогаш се угушив во глупоста на човекот!