Јас ке оставам цитат од Гешталт психотерапевтка Ивана Хаџи-Иванова: Во принцип, се согласувам со цитатов.
Мене тоа не ми личи на љубов неверство, секој со свој памет сами сте избрале такви да бидете во брак.
Секако дека ќе му простам! За љубов се бориме овде или за што? Ме изневерил па што? Јас верувам дека ме сака! Пред некој ден подигна рака на мене ама сигурно сакаше да ме помилува ама не сакајќи завршив со модрица на едното око. Ама ако де па нели сум жена ? Ќе си траам!
Боље ќе го убијам и ќе го лежам у затвор него ли да му простам неверство и да останам со него. За мене жените/мажите/штоидасе кои простуваат неверство кое ги повредило и продолжуваат во врската воопшто не се храбри ниту силни, едноставно немаат самопочит.
Не вреди да го убиеш и да лежиш. Тој што изневерува партнер е очајна кукавица,0 од човек.Секако не вреди 5 пари,самоутепан е, а жена или маж кој простува е стварно за сожалување,ни крив ни должен бил изневерен.
Порано, мислам дека бев спремна да поминам и преку неверство, но сега боже сачувај.. Никогаш ! Не заслужувам таква личност !
Да не одам оф топик, само ќе кажам дека секогаш може да се најдеме во тешка ситуација и да поминуваме низ тежок период и секогаш може да побараме помош за да си помогнеме на самите себе, насилството дали на друг или осетено на своја кожа, никогаш не смее да е опција, ниту смее да сме премине преку тоа. А лицето секогаш може да побара помош и да успее да се избори со своите внатрешни немири, па потоа да успее да усреќи и друго лице и да биде негова позитива.
Да беше реалноста како коментариве, немаше ни да ја има темава. Во пола од браковите, ако не и повеќе, барем еднаш, барем едниот партнер изневерил.
Точно. За жал и јас познавам бракови во кои имало неверство, дури и физичко насилство па ете сеуште се заедно. За мене е неприфатливо да поминам преку тоа, но не ги обвинувам и тие што останале во таква заедница. Секој има своја причина, дали деца, дали пари небитно. Искрено би сакала да беше поинаку и повеќе да се самопочитуваат жените или мажите кои биле изневерени.
Долга и широка е темата со изневерувањето. И има секакви случаи. 'Инцидентни' изневерувања, сериски изневерувања. Па имаш различни луѓе со различни приоритети. Па стресови и внатрешни борби, фрустрации и незадоволства. Секој случај е приказна за себе.
Ах Вајлд ме насмеа. Ќе чита некој, ќе си го оправда изневерувањето. Воопшто не е долга и широка, сосема едноставно е. Кога се ставаш сам себе на прво место, сосема јасно е дека е најлесно.
Имав другарка која дечко и ја утепа од варање. 3 години беа заедно и дечково на неколку месеци си наоѓаше некоја нова. Девојчево знаеше се, честопати го фаќала на дело ама беше среќна и не го остави затоа што на крајот од денот пак и се враќал на неа. Многу тажно. Дури и се здружуваше со девојчињава со кои ја изварал, си идеа на кафе, ги викаше сегде. Демек дружба нели, со сите се дружи. Многу токсична врска, многу други работи им се случуваа, ова е само делче. Се произлегува од самопочитта. Не може јас да се ценам и сакам себеси а да дозволувам некој да ме гази цело време. Не е љубов тоа и не гледам потреба да се остане во таа врска заради убавите моменти во минатото. Има многу изговори за неверство но ниеден не е оправдан според мене.