Не е секогаш така. Ти кажувам од илијадници и илијадници 'приказни' кои ги знам. А секоја има две страни... некогаш и повеќе. Да е до мене, никој-никогаш нема да се изневерува, туку ќе биде искрен со партнерот и ќе може за се' да му се довери.
Здраво девојки нов сум на форумов се надевам нема да бидам критикуван. Гледам дека многу од вас сте биле изневерени, сте изневериле, ми треба совет бидејќи сум виновен. Имам врска од 2 години, меѓутоа летово заради друштвото не можевме заедно да одиме на одмор затоа што нејзината непријателка беше со моето друштво, тие две од порано се мразат и не сакаат да се погледнат, причина е љубомора и други работи од страна на девојка ми, меѓутоа на одморот нејзината непријателка и јас имавме односи,ми беше грдо да ја користам па преминавме во врска.И раскинав после нова година на девојката од одморот, и од јануари до сега осеќам грдо чувство на вина, највеќе затоа што ја лажев девојка ми дека сум на село а не на одмор, и освен тоа ја изневерив со нејзин непријател. Не знам дали да признаам ама тешко ми е овие месеци и не сакам да раскинам.Совет?
Ова твоево треба да се запише у прирачник под дефиниција "како да му забиеш дупли нож на партнерот". Си ја варал па и со непријателката, башка си имал паралелни врски. Не ти бега пеколот пријателе.
Ако осеќаш вина тогаш треба да признаеш, ако можеш да продужиш со таква тежина понатаму продужи. Твое си е
@troublemaker што си срцка ти, уште паралелна врска си почнал од жал. Ептен осечајно од твоја страна. Не знам што да ти кажам, тешко срање си направил. Знаеш дека ако и кажеш на девојка ти веројатно крај ќе биде. Али биди искрен, ослободи ја и неа и себе.
Ме занесе бе. Никој тебе не те занесе. Не ја префрлај вината на друг. Сам свесно си избрал да ја направиш таа глупост.
Се се случи ради целото друштво.Бев на одмор со 2ца другари и девојките, ја викнаа и неа, знаев дека ако дојде девојка ми ќе има скандал, освен тоа може ќе ми раскинеше и ќе и беше друштвото криво, на крај јас ќе бев виновен само затоа што ја викнаа.Ете се случи, мислев да се тргнам и од нив, не знам што ќе направам, девојката мислеше дека ќе бидеме заедно,не ни знаеше дека сум во врска, излезе ко другариве да ми ја наместија.
Никој не би сакал ваков партнер. Алал да ви е како водите паралелен живот и као мирно спиете успат. Ја едно изненадување за роденден од дечко ми не можам да скријам, не па со друг да идам и да го лажам. Ти било тогаш убаво, си одел со двете, сеа па и таа те завела, ма немој бре. Барем биди фер и не ја измачувај и партнерката што е со тебе. Кажи и ја вистината и ваљда ќе ти раскине али подобро тоа него цел живот со лажго ко тебе да живее. Кога читам на форуми што се се дешава, како лажете и како се понашате, искрено страв ме фаќа што се има.
Колку неодговорен тип си. Се се случи заради друштвото, тие ми ја наместија. Не бе. Никој не ти е крив што си се испонашал идиотски.
Избрзав признавам. Девојката не знаеше дека сум во врска, мислеше дека ќе бидеме заедно, ми стана многу мила, дури не знаев зошто девојка ми ја мрази. Мислев дека вака што и раскинав е најдобро,ама не знам што понатаму.
Може ќе ти раскинела зашо била непријателката па затоа си се фати со неа. Нишо друже треба да собереш храброст и да се соочиш со фрките што САМ си ги направил( не барај оправдувања и изговори у друштвото или други).
Девојката не ти е крива, друштвото не ти е криво. Почни да превземаш одговорност за глупостите за почеток, а да не ги кривиш другите.
омразата не е добра,но ти си ја оплескал со самото неверство.што друго,нема белким да продолжиш со девојка ти покрај предавството,раскини и или кажи и ја вистината.и најди некоја трета девојка
Ooo не....не го пиша ова Да бев јас на место на девојка ти, може и ќе ти простев ако стварно се каеш, ама после овој муабет не. Никогаш.
И каков совет бараш сега или совеста те мачи па некако да си ја смириш ? Сам си крив, никој не ти наметнал со сила да имаш секс со друга особа, а имаш женска, па уште и влегуваш во паралелна врска Ако ти значела девојка ти, со неа ќе си останел немало да одиш на одмор со друштво и од старт да ја лажиш. Почни да превземаш лична одговорност, секој си е одговорен за своите постапки, никој друг. Многу ме интересира како спиеше навечер, можеше да заспиеш? Не ми се верува шо се се прави, но комент.
А грдо чувство на вина не осеќаше додека беше со другата во паралелна врска, ти одговараше тогаш. Ако имаш барем малце човечност у тебе признај и се' на девојка ти, иако филмот дека се осеќаш виновен и ти е криво се надевам дека тешко ќе помине кај неа.