продолжи напред со вакви нема разбирачка верувај .денеска е се отидено по ѓаволите и онака .врска која не штима се раскинува
Овој дел малку не ми е јасен, зошто девојката да ти раскинела тебе ако другите од друштво ја викнале таа нејзината непријателка?И претходно нешто сте имале со нејзе или они две си имаат личен проблем? Инаку да, виновен си, еве сите ти кажуваме, подобро раскажи се отколку да продолжите во врскава и да се преправаш дека се е супер. Едит: сега прочитав поубаво дека и плус си ја лажел дека си во село додека си бил на одмор со нив....немаш оправдување за ништо од ова, жал ми е.
Со кур мислат бе, а не со глава. Колку лесно можеш да го однесеш во кревет не е можно, после тоа нас не користеле ќе речат
Па фала богу... Имам лично искуство со вакво говедо ко него. Среќа на време сфатив едно нешто: Сите што изневеруваат се СЕБИЧНИ.Само за себе гледаат. Башка еднаш ако варал некој ќе вара пак.Не ми треба таков
Ај сеа не давете, и 5 постови беа доволни за да му укажеме дека згрешил и после ебење нема каење што би се рекло
Нинче, не е греота, знаел што прави, толку. Имам осетено на своја кожа, додуша не беше неверство ама бившиот се дружеше со моја непријателка која ми имаше уништено една врска а и плус многу други работи во животот иако знаеше тој за тоа, предавство е. Кај е лојалноста?
Сепак нека и каже па она да одлучи што и како ќе постапи. Само што после тоа многу повеќе ќе треба да се потруди за повторно да му верува.
Не е греота. Јас стварно на темата неверство сум полиберална и можам да разберам некои работи, ама ова не.
Беше среќна? Како може да биде среќна кога знае дека партнерот бил со друга пред да се врати кај неа? Бакнувал друга, спиел со друга.. Е вакви луѓе не можам да разберам. Како можат мирно да спијат покрај таков човек што не ги почитува, да глумат дека ништо не се случило и се е во ред. И до кога така? До кога ќе си се погазуваат себе си? Јас лично не би простила никогаш, ама никогаш. Во подолга врска сум и имам размислувано на оваа тема. Дефинитивно не би можела да преминам преку такво нешто. Еве да речеме и да останам со него (што нема да се случи) секогаш ќе ја имам таа кочница што нема да ми дава мир. На секоја порака што ќе му стигне, на секој повик, на секое негово излегување јас ќе бидам на штрек дека е некоја друга. Кога ќе ме бакне и гушне ќе ми се врати филмот дека и покрај тоа што ме имал мене, јас не сум му била доволна па посегнал по нешто друго. Такво измачување да си правам на сама себе-не фала. Никој не вреди толку за да се измачуваме вака, да преминеме преку тоа ама потсвесно да се плашиме дека еден ден пак ќе се повтори приказната. Колку и да го сакам, колку и да ми значи, ќе го оставам, ќе ми биде тешко некој период, ама со тек на време ќе помине а тој нека размисли дали вредело ради една или неколку ноќи со некоја друга да изгуби се што имал со мене, да ме изгуби мене што сум го сакала безусловно и што секогаш сум била тука за него. Неверство е нешто највалкано што може да и се случи на врската (или бракот) и не постои апсолутно никакво оправдување и изговор. Додека го пишував ова ми текна на цитатов од Саманта
Јас не знам после толку лажги како може на ваков да му се верува. Ама и да одлучи да не и каже, да си знае дека кога-тогаш ќе дознае. Секогаш се дознава. Нека има барем малку човечност во него и нека и признае, нека и се отстрани од животот. Никој не го заслужува ова
Од такви ѓубриња ко него, да ти е страв да започнеш врска со некого, не знаеш на каков идиот ќе налеташ... Абре ми се гади од такви ко него неверници За таквите немам ама ич разбирање и емпатија, како па да не, се каел човекот Не му било доволно што на одмор свесно ја изневерил девојката, туку со месеци продолжил да тера паралелни врски Абе таквите ко него што не знаат да седат верни, не им треба девојка, нека останат самци цел живот. И уште да не сме го осудувале, ја сакал, не сакал да и раскине... Нека не нè прави будали при здрав разум... Нека и признае на девојката, нека не и го уништува животот. Заслужува да биде со некој кој вистински ќе ја сака, почитува и цени, а не со таков ко него...
дал да смеам дал да плачам работата.а и она е виновна ,да не примети оти не бил на село ,за греота се и тројцата во приказнава ,оваа легнува со дечко на непријателка овој тера паралелно со неа ја остава и продолжува со девојката
Не го знаеме девојчето. Можеби знаела и ќутела. Можеби и она така си имала уште еден освен овој резерва.
мене ме интересира најинтересниот дел,дали и се допаѓаше на непријателката или легнала со дотичниот оти ја мрази девојка му?