Реално, сѐ е можно.Ниту па знаеме која од двете, дали девојка му или непријателката е "лошата" и "добрата". Ние не ни знаеме друго за врската освен неверствово - што да, не е за оправдување, кажав и горе.Ама стварно нема потреба со дрва и камења да се фрла по секој што не го знаете и да се анализира на долго и нашироко, штом направил профил на фемина да се искаже, си знае дека ич не е во ред тоа што го направил.Ама мислам дека некои тука едвај чекаат нешто вакво за бесот да си го истурат, без навреда.
искрено најлошо ако и двете се негови жртви,добри кои мислеле дека си имаат дечко а овој едната ја откачува и останува со поранешната.ако се и тројцата покварени,правец задруга
@troublemaker ја прочитав само неколку поста, ми се ЗГАДИ, и сакам само да ти кажам дека си одвратен и не заслужуваш да те погледне женско уште еднаш. Толку. А, и се надевам дека чувството на вина никогаш нема да те напушти, и болката која ќе ја осети девојката тродупло да ти се врати. Гнида.
После неколку месеци, бар си свесен дека си ја варал и имаш грижа на совест. Некои додека не дознаат девојките не се освестуваат. Па и тогаш им е гајле и продолжуваат секоја наредна девојка да ја лажат. Грдо ти звучи нели? Не сакаш да бидеш и ти еден од нив? Си пишал дека не знаеш како да и признаеш и не сакаш да раскинеш. Мораш да собереш храброст и да и објасниш како што пиша и на форумов, на најбезболен начин. За раскинување, остави таа нека одлучи. Животот продолжува напред, да си ја сакал доволно немало ни да помислиш да ја лажеш каде одиш. Се случило веќе, помири се и признај. Ќе ти биде полесно и можеби ќе исчезне чувството на вина во тебе.
- си ја излажал женската дека си на село - во меѓувреме си бил на одмор со девојка со која не е во добри односи, тајно - ако тоа не е доволно си ја ебнал таа девојка - па кутрата оти секс сте имале да не е џабе до нова година сте оделе И ти сега сакаш да кажиш дека ви е добро во врската и дека ја сакаш девојката? Те молам, спаси ја и раскини ѝ. Никој не заслужва партнер како тебе зошто секој заслужува подобро. Само жал ми е за девојката пошто вакви како тебе, и ајде нема да користам погрдни зборови да не претерам ама други знаат како се обраќам кон изневерувачи, се причина зошто луѓе имаат проблем со самодоверба, со врзување, со верување на партнер. Ти ја вовлече неа во токсична врска, врска со која откако ќе раскините ќе ѝ ја ебиш психата. Е толку кретенски избори си направил во животот. Немој сега „о ЈаС зГрЕшИв“, не е доволно. Пу пу не важи не можи. МОРАШ да кажиш на девојката дека си ја изневерил, со кој, па и паралелна врска дека си имал, како вИсТиНсКи ГрИжЛиВ партнер. И не, никој не те вовлече, никој не е крив освен ти самиот. Ни друштвото шо те викна, ни девојката која „те заведи“. Не си слабоумен па секоја шо сака да те ебни ти да не можиш да речиш „не“.
Па секако дека размислуваат 50 посто како неа играат на тоа епа машко е ке биде занесен ке му се случе па ке се кае па ке му се просте..
Јас кога се ставам во кожата на таа мислам дека мисле дека сите се курви јас сум часна сестра и вредам повеке и затоа не ме остава а курвите нека ги користе, ама многу лош мајдсет
Можеби не е вистинска темата за овој проблем,но сепак би треба совет. Искочив неколку пати со еден тип и прекинав контакт зошто почна да се оддалечува многу. Арно ама, дознав имал девојка целото време и оди со неа година и пол. Му пишав, и го прашав зошто ме лажел дека е сингл и пробуваше да изврти дека кажал што не е вистина. Дали сметате дека е исправно да кажам на неговата девојка за се или да не се мешам?
Доколку и кажам или не? Помислив да кажам, бидејќи да ми се случи мене тоа би сакала некој да ми каже добронамерно. Ама од друга страна, може и ја да испаднам кривата бидејќи некои луѓе не го напаѓаат партнерот па само другиот и ќе се драматизира..
Ако имате директен контакт, да. Треба да знае што се случува. Но ако треба да и пишаш, или да и се јавиш за да и кажеш каков е дечкото, јас лично не би. Едноставно ту мач работа ми доаѓа. Секако ќе дојде ден кога ќе дознае што се случува, оти шансите дечкото да го направи истото со некоја друга позади нејн грб се големи, и ќе дознае кога-тогаш на некој начин.
@CandyfLoSs јас сум за еден скриншот да и пуштиш, без да и раскажуваш и објаснуваш. Веруј ми, на долга стаза ке ја спасиш девојката.
Да и кажеш. Јас би сакала да ми кажат ако има такво нешто за ѓубрето од животот да го исфрлам. Ќе ја спасиш. Само да не е од тие шо си го бранат дечкото како машко е, му се сака или му се пуштала таа сигурно...
Да и на тоа имав помислено зошто има и такви. Колку што видов таа е од друг град па овој си користи шанса уште повеќе тука да ја мајтапи.. Скренат нццц..