Sekoja vtora tema zavrsuva so predupreduvanjeili baniranje. Mn negativna energija ima na forumov iskreno.
На која нога сум станата Се шалам. Имав случка каде што моја блиска сакаше да не скара со тогашниот ми дечко,режирајќи такви сцени кои никогаш не би ми паднале на памет. Солта и шеќерот слични се...
Искрено, мојот хипотетички став за ова прашање беше НЕ и не и не. И тоа јас многу си сакам дискусии и сум се расправала како не смее да се прости никако, оти вака, оти така. И што се случи? Јас затрескана до уши во една особа. Години заедно. Малце бевме на он и оф цело време. Го имаше моево внимание 200 посто. И другарка ми спомнува дека типацов излегва со друга. Му спомнувам, негира. Мене почна да ме јади црвчето. Му прам една заврзлама и другарот негов го кажа дека уствари е точно. Прва моја реакција: го блокирам на сред реченица. Па за после да ме брка преку другари мои да прајме муабет. И напрај што напрај, ме смота пак. Муабетот ми е: не можиме да одговориме на ова се додека не ни се случи. Башка што има некои ќе изневерат еднаш и ќе си ја сфатат грешката и нема да му се повтори. Заебот е што не можиме да знајме за сигурно.
Права си Има "покајници" и хронични изневерувачи. Не е исто дали си со некој од првите или од вторите. Ако си со хроник, боље навикни се оти поправање кај нив јок. Ма и грижа на совест да имаат, паќ ќе вараат. И здравје да изгубат и фамилија, посилно е, зависност. Мизерни ми се, ама не судам нит па ги жалам сопругите. Секој има мозок и осет да расуди што може а што не...
Тоа кому како му одговара. Верувала или не, на некои им одговара да си останат во таква релација. Или се прават слепи глуви после, или преќутно е " само дома не ми ја носи", или пак се подјадуваат ама пред свет е се нај, а има и најретка врста- си го сакаат и каков- таков, среќни си се ако се заедно, ако ги остави мислат ќе овенат.
Потполно се слагам. Има се и сешто. Барем јас знам за добар дел парови што функционираат вака. Ама па и не се сите толку јаки карактери и има еден куп други фактори што влијаат на одлуката дали да се остани со некој таков. Секој си знај за себе. Барем јас се научив никого да не осудувам.
Некогаш и да има прилика мажот, нема да сака да се разведе ако не инсистира жената. Зашто и другата ќе му досади, паметни се они , иако повеќето мислат дека ради гаќи перење ја чува жената. Има и такви не велам не, ама ловците се зависни од ловот. И јас сум за "never say never", oти многу ама многу си ги голтнале зборовите. Луге сме, се се случува.
Да, а тоа е особено битно за изневерената особа одма да се осеќа боље во врска со себе и со тој кој ја правел будала. Дали е еднаш или е пет пати, побитна е самата помисла да се изневери. Тоа кажува доволно за колку ве цени партнерот. За објаснување ни збор не треба. Почитувам избор, секако личноста која е изневерена може да прости и да остане со партнерот. Но искрено понатака веќе немам ни грам сожалување доколку истото го/ја задеси. Свесно направен избор, последиците се тие.
Е арно де. И јас зборувам од искуство, не на памет. Никој жив не можеше да ме извлече од тој токсицитет од врска додека не одлучив сама да го прекинам. А беше токсична, затоа што колку и да се обидував да продолжам, едно гласче во главата секогаш ми кажуваше дека не е тоа-тоа веќе. Затоа и велам дека никој не ми беше виновен за тоа што дозволив толку да се одолговлече крајот. Не велам не, има и такви кои се подготвени цел живот да поднесуваат психолошка и емоционална тортура, но јас не сум една од нив. И жалби и поплаки за тоа не ме трогнуваат, бидејќи само еден чекор ги дели од повторно слободно дишење.
По пишуваново ми изгледа дека сме биле во слична ситуација. И јас имав различни ставови, преовладуваше тој дека сама си сум крива, дека сама сум си дозволила се, ама бев заљубена и беше манипулатор. Се додека не сфатив дека не беше се моја вина, дел да ама не се, не можев да продолжам понатаму. И тоа ме напрај да ги сфаќам повеќе другите, зошто простиле неверство, зошто останале со личноста. Не оправдувам ама сфаќам. А дека само самите можиме и мораме да ставиме крај, то е точно.
Гледам дека некогаш сум гласала да, иако не можам да разберам како. Веројатно на почетокот, кога тек сум отворила профил тука. Не би. Еднаш изиграна доверба, веќе не се враќа. Штом одлучил да изневерува, значи потребно му е повеќе од она што ние го имаме во врската.