Не би простила. Ако се случи еднаш после секогаш кога нема да ми крене телефон или е излезен без мене (со другари) ќе мислам е со друга.
Sekogash koga stanuva zbor za neverstvo site velat sigurno imal/a dobra pichina. Ne Ne postoi takva prichina Pijanstvoto ne e prichina, nervozata ne e prichina, lutinata ne e prichina, "samo sex" ne e prichina Bez razlika dali se raboti za ednash ili 1000 pati, neverstvo e neverstvo Bez razlika dali e samo sex ili i emocionajlna vrska, neverstvo e nevertstvo Dokolku mojot dechko me izneveri, nikogash vo zhivotot nema da sakam da go vidam, kraj
Не би простила ако е способен да го направи еднаш и да се покае не е тоа тоа, ќе изневерува пак у душата им е тоа .
Тешко е да се одлучи, треба многу да размислиш пред да сонесеш конечна одлука. Но ако размислиме подобро ако некој направи било каква грешка, знајте дека ке ја повтори таа грешка повеке пати, и да ви каже ''ПРОСТИ МИ НЕМА ДА СЕ ПОВТОРИ" не верувајте на тоа. Продолжете си со животот, ако ви е дечко и ве има изневерено, Па никој не ве венчал мајка му старараскинете подобро за вас на почетокот ке ви биде тешко но нема вечно да ви биде тешко за толку небитна личност
Вака 'на папиру', сите не би простиле, а онаму, стотици, илијадници луѓе сеуште се во брак/врска со партнери кои ги изневеруваат.
WildMk мислам не сакаше тоа да каже, туку дека има милион врски каде што еден замижува на постапките и делата на другиот, дека многу простуваат иако знаат дека парнерите ги изневеруваат или се прават дека не знаат. Пошо стварно вака сите викаме не би простиле, а не дај боже да се случи тоа тек тогаш се гледа колку е тешко да раскинеш и засекогаш да прекинеш контакт со таа личност. Посебно ако било долга и сериозна врска.
Без разлика дали сум кратко или во врска подолг период, неверството никогаш не би го простила. Постојат многу причини за тоа. Ако некој сакаш, на памет не ти паѓа да завршиш со друг, па колку и да си пијан или слично. Подобро нека ми каже дека емоциите кон мене му се изгубени и ќе ја прекинеме врската, отколку да ме изневерува и лаже дека ме сака. Таквата манипулација би оставила долготрајни ефекти кај мене. Никогаш нема да му верувам ко порано, ниту да ја осеќам истата поврзаност со него, секогаш ќе бидам напната и ќе имам на ум дека личноста до мене не ме цени доволно. Колку и да би било болно и тешко да се прекине таква врска, би ја прекинала, зашто на крајот на денот остануваш сам со себе и јас лично доколку го простам тоа ќе се осеќам ко да се газам сама себе.
Да, за човек кој има карактер. Жалам што се чудиш за постоењето на личности кои не изневериле, а би требало за спротивното..
Неверство да се прости или не? Во животот не е се црно или бело, има и многу нијанси на сиво така да секој бира што може да прости и да премине преку тоа, а што не. Јас лично можеби би простила, ама дека ќе сакам на ист начин како пред тоа тешко. Така да повеќе сум кон тоа да простам за да не си ставам непотребен товар на душа и би се разделиле по тоа.
Додека не го доживееш неверството на своја кожа неможеш да кажеш дали би простил или не. На пример јас го имам доживеано и го имам простено затоа што секој заслужува втора шанса, можеби некој ќе рече сега дека секој има втора шанса точно, но кога се работи за неверство не заслужува. Зошто да не? Сепак тоа зависи од самата личност, секој сам треба да донесе одлука за тоа. Кога се случи тоа се разделивме и бевме можеби половина година разделени, но за тоа време имавме контакт и се видовме неколку пати, потоа се договоривме да се гледаме почесто, без врска и да незнае никој за тоа и да видиме како ќе одат работите дали ќе се сложуваме и дали ќе можеме да заборавиме на тоа што се случи и да продолжиме повторно. И еве сега веќе некое време се е во ред, а и исто така нашите поблиски другари знаат за тоа, а и почнавме да се појавуваме и пред другите. Само сакам да кажам доколку се сака сѐ се може, но сето тоа зависи и од двете личности доколку сакаат да има напредок, да се потрудат. Сепак навистина не е лесно да се прости неверство, потребно е многу трпение за се да дојде во ред повторно.
Не сакам да ме сфатиш погрешно ама, што те натера да му простиш? Се правдаше, те молеше за втора шанса? Искрено не знам како би се оправдало неверство, во мојата глава нема начин. И тој што највеќе го сакам да ме изневери го бришам од животот одма.
Не би простила зошто пример гад би ми било да го допрам и бацам, а не па да сакам да ја поправам врската што очигледно он свесно ја расипал. И затоа реков дека е тешко засекогаш да прекинеш контакт со таа личност, после 2 години пример забораваш што како било и демек сега сменет е ,али пак треба да се сетиш зошто сте прекинале и дека е можно пак да се случи тоа. Не можам јас, толку ми е одвратно тоа изневерување, да допира и да спие свесно со друга додека е со мене,и по 10 години не би простила. Ако ме сакал зошто воопшто би направил нешто со друга? Али добро, зависи како го гледаш неверството, ете ти си успеала да поминеш преку тоа.
Незнам ни јас поточно поради која причина му простив, но можеби затоа што тој од кога ме изневери, одма следниот ден ми го кажа тоа, мислам дека почувствува грижа на совест и се покаја за тоа, а и јас забележав дека се кае затоа и му простив, а исто така и сеуште го сакав. Пробувавме и двајцата да се оддалечиме еден од друг, но сепак тоа не бидна и како што кажав имавме сеуште контакт и почнавме да се гледаме и работите си дојдоа на свое место, но сепак незнам дали и понатаму ќе биде се во ред, времето ќе покаже.
Значи се се простува, секакви глупости и зборови речени еден кон друг, ама прељуба не. Јас лично не простувам вакви работи, и гледам на секок можен начин да прекинам секаков контакт со личноста. Ем завршено е со мене, ем казната од Бога кога тогаш че а снајде
Имам маж, да ми направи неверство во истиот тој момент ќе го оставам. Нема потреба од долги објаснувања, не сакам да го делам со некој друг и не сакам да бидам таа која ќе го чека да си дојде дома доцна.