Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.016 глас(а)
    80,6%
  1. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    неверство не би простила НИКОГАШ!!!! (и покрај онаа поговорката, никогаш не вели никогаш)јас незнам како може да постојат луѓе што и покрај сознанието дека љубовта на нивниот живот ги заменила за некоја сосем не вредна особа, која не им е ни до колена,или која служи за една вечер :fubar: ма ајде бре...да оди он со некоја глупача (извинете на речников) со некоја што бара секс за една вечер и ич к*р не ја боли дали оди со некој што е во врска или не, дали ке повреди некого...е мало морген за тоа... ич не ни помислувам да простам..да ме замени он мене, шо цел живот гледам да му е најубаво (иначе имам 2 и пол годишна врска), да не го изневерам, да му угодувам и ред др работи и он да прави refresh со некоја др? хахах ако е самиот толку глупав да ја загуби љубовта своја, широко му поле..јас лично не би изневерила така да нема шанси за простување неверство...тоа е единствената работа што не би ја простила...би му простила дури и да ме удри..ама неверство НЕМА ШАНСИ ТЕОРЕТСКИ!!!! :envy:
     
  2. arnaudova

    arnaudova Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    ima mnogu pricini koi dovele do neverstvo zaradi toa ne znam.zavisi od situacijata
    [mod-kirilica:16aw33h4][/mod-kirilica:16aw33h4]
     
  3. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    ^ како зависи???? не постои ни една доволно јака причина шо ке ме убеди да простам неверство..пошо се шо правиш сам си правиш, никој не може да те натера...шо да дојде он и да ми рече `пијан бев?` мало сутра...шо да не му ставиле пиштол у глава па му рекле или изневерија или отиде главата..не бе нема доволно јака причина за неверство...ако на пример додека си пијан не знаеш шо правиш подобро не пиј...такви изговори ми се глупави и прости...неверство не се простува...барем не според мене :x :?:
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Ми се случило и го сакав дечкото, но не простив, раскинав и си продолжив понатаму. Јас не можам да сватам кое оправдување е тоа го сакам и не можам без него и сега се ќе трпам. Ма дај, молим те. :^)
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    јас простив еднаш неверство пред 3 год и не се покајав :) додека да се врати се во нормала ми беше многу тешко,но ете по кратко време дечко ми свати дека згрешил па од тогаш па наваму еве 3 год ме гледа како роса на дланка...пу пу пу да не го подречам :rofl:
     
  6. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    А според вас која постапка никогаш не би ја опростиле? Поточно каков тип на неверство никогаш нема да опростите?
     
  7. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    според мене, неверството не е само физичка работа...на пример никогаш не би му простила ако мисли на некоја друга додека е со мене, значи тоа е полошо од физичко неверство..или па скришум да пишува со некоја...абе не би простила никакво неверство.ако е со мене нека е, ако не сум му доволна...не е единствен и најдобар на свет...ние женските сме среќни суштества, машкиве не можат без нас ;) :lol: :lol: :*
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    јас дечко ми го фатив после 1 година како се допишува со некоја и без размислување му раскинав и не му дозволував ниту да ми објасни ни ништо. После којзнае колку време молење, се сеогласив да напрајме муабет и му опростив. Многу ми беше тешко, но и на него му беше...од тогаш супер е. Тогаш ме фаќаа некои напади на љубомора и сакав да му вратам со иста мера, ама се откажав, затоа што сфатив дека со тоа ништо нема да постигнам.
     
  9. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    Мислам дека би простила. Не знам...зависи какво е. Понекогаш си викам млади сме, подобро сеа да се испука отколку после да ми "шврља". Ама стварно не знам, кога би дознала дека ме изневерува можеби сосема поинаку би мислела! :^)
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    еднаш простив и згрешив душата ме болеше повеќе никогаш нема да простам неверство прб пат и последен беше тоа што простив,како можам јас да му се предадам на некого целосно да сакам да почитувам да се тругам да има све поубави и поубави мигови и на крај нашата интима да се дрзни да ја уништи со некоја мифка не не не и не нема да простам...
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    6.527
    Незнам.. зависи од ситуацијата и условите, ама во најчест случај сепак не. Тој што еднаш те изневерил, ќе те изневери и пак, и пак и кога ќе свати дека ти му веруваш ќе си дозволи да прави што сака и само ќе си игра со тебе и твоите чувства, а ти ќе бидеш таа со скршено срце. Затоа, сепак не.
     
    На zdravkova и Diamond им се допаѓа ова.
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Полесно ми е да кажам дека не би простила, полесно е за објаснување...ама тешкото е да простиш и да ги издвоиш вистинските причини поради кои си направил таков чекор! Простувањето го сметам за човечка величина која не секој може да ја има... Дали јас ја имам кога е во прашање неверството сеуште не сум открила! Скоро секогаш си велам дека нема да можам да простам а понекогаш се трудам да си измислам причини и околности кога би морала да простам! Но ме мачи самата помисла каков би бил животот после тоа простување! Пекол...дефинитвно пекол! Јас можеби сум виситнски слабак кој не може да се носи со грев кој ми го ставиле на грб...но што и да сум, знам само дека не сум толку смела да продолжам со човекот кој ме повредил со најнизок удар! Дали ќе можам да го бакнам тој човек, дали би можела да имам секс со тој човек, дали ќе му верувам на вниманието после се’, дали ќе живеам номално во негово присуство се прашања на кои си давам негативен одговор! Од тие причини би рекла дека сепак простувањето неверство не може секој да го стори! Треба да си голем јунак за да продолжиш со човек кој те предал,кој заборавил на твојата значајност,кој не помислил за тебе пред да се коцка со вашата среќа!
    Од друга страна пак, често знам да посоветувам дека вреди да се даде нова шанса...но лесно ми е да го охрабрам некој друг,ама тешко ми е мене да си се охрабрам кога треба да направам чекор со кој би си ја прегазила гордоста! Се надевам дека никогаш нема да научам како точно би постапила во ситуација не неверство, се надевам таков тест во животот никогаш нема да полагам! :^)
     
    На 1209 и budalce.budalo.malo им се допаѓа ова.
  13. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!! И да простам, нема да биде веќе никооооооооогаш НОРМАЛНА врската!!!! Зошо ќе ми се гади од него!!!!!!!!!
     
  14. walker

    walker Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Не!
    Кога еден стаклен(или било каков) предмет, го скршиме, залудни ќе бидат сите обиди за да го залепиме, и да го вратиме во нормална состојба, тој предмет никогаш повеќе нема да изгледа како што изгледал на почетокот.
    Ме сфаќате нели?!
     
    На zdravkova му/ѝ се допаѓа ова.
  15. budalce.budalo.malo

    budalce.budalo.malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    старата љубов е ко прочитана книга и ти веќе го знаеш крајот!
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас мислам дека не би простила, бидејќи во вакви ситуации нема оправдување, ако сте имале со некој се нема потреба да бара друга девојка ни за една минута! До сега не сум била во ваква ситуација и искрено мислам дека не би опростила :)
     
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Iма многу поголеми причини од неверството,бидејќи џабе што ќе ти е верен ако те тепа,те навредува,те лаже,те праве будала,така да има разлика доколку само еднаш се случило тоа со некоја безвредна,и тој се кае и пак сака да е со тебе,не знам дали заради една грешка вреди да се фрли во вода врска од неколку години а пред тоа се е било убаво.Sепак секое изневерување е различно...се зависи од тоа како дошло до тоа.Zначи зборувам од искуство,не битно кој изневерил,важно се простило ама не знам дали е заборавено...е тогаш има проблем,оти верувајте во секоја поголема кавга тоа ќе се спомнува...но пак ќе кажам се зависи зошто и како се случило неверството и какви им се пред се односите на двајцата партнери.Nикако нема да простам неверство со бивша или неверство после брак или доколку живеете заедно со дечкото а тој оде со друга или пак ако некој константно те изневерува.Zначи во ред е само ако се случи еднаш со некоја сосема непозната во почеток на врска а потоа...Tоа ми беше целта на коментарот бидејќи и јас сум против неверството бидејќи ја руши врската[/quote]

    Точно има многу причини за раскинување, но за мене најголема причина за раскинување е непочитувањето на личноста, ако некој не ме почитува не ме ни сака ни ништо...Насилството, лагите итн нормално дека се исто така големи причини кои според мене пак потекнуваат од некое непочитување...Ако некој ме сака нема да има лице ни да ме лаже,неверство ни на крај памет нема да му падни...
     
  18. fidankalastar

    fidankalastar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    jas ne bi prostila nikogas,ne bi mozela poveke da go glednam so isti oci. dali on mene bi mi prostil?
     
  19. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Нема многу да филозофирам..не би простила и крај! :!:
     
  20. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    На раб сум да простам....Ама дали ќе заборавам? незнам !!!!!!