Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,6%
  1. Callie

    Callie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Како ќе кажеш шефице.

    Маж ми воопшто не е врзан ама која си ти па да ти се објаснувам (facepalm)
     
    На Hellobeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    А тебе да те изневери демек одма ќе му простиш после тоа и лесно ќе му веруваш? Сите истото би го мислеле, немаш доверба после и тоа е тоа.
    Нелогичен коментар.
     
    На piksooki, Justicija, Bezobrazna01 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Никогаш во партнерите сум немала,а нити па ќе имам 100%на доверба,затоа што се работи за делење заеднички живот,тука се многу години,а во тие години се може да се случи. Како на пр. преку ноќ да запознае некоја и да ме остави. Неверството е болна работа,меѓутоа поболно е ако довербата во партнерот е ,,слепа,,.Е во таа ситуација полошо поминуваме.
    Да речеме ќе ме изневери,натаму моја ствар е дали ќе му простам или не. Ако му простам тоа автоматски ќе значи да си ќутам и да не копам по негови ствари. Или - развод.
    Реплицирав кај членката,затоа што јас имав случка каде што една колешка самата се фалеше од убавиот им брачен живот,колку е она среќна,бла бла....
    А нејзиниот сопруг навечер излегува по кафиќи и со други флертува.
    Шо она демек не знае дека навечер он флертува ?
     
    На Irinaaa11 и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  4. mimi333

    mimi333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Па добро али твојот коментар немаше врска со тоа што го кажа она, пиша дека не би можела да прости бидејќи ако прости после тоа не би имала доверба и би мислела дека кај и да оди партнерот дека ја вара, што е нормално, сите така би мислеле. Не знам што имаше врска врзувањето со синџирче, нормално не може да го врзе, некој ако сака да изневери ништо нема да го спречи, врзи го ако сакаш, џабе ќе ти биде.
    Али немаше логика тоа да и го пишеш, зошто кажа само што би мислела за него а не дека ќе му забранува нешто , па да и кажеш да го врзе.
    А и да му простиш, не знам баш колку лесно ќе ти биде да ќутиш, затоа што и најмалите работи ќе ти изгледаат сомнително.

    И од кај знаеш, може во заблуда е и поима си нема што прави мажот и навечер :D ако ти знаеш не мора да значи и она дека знае.
    Освен ако и кажал некој па негирала, тоа друго е.
     
    На Bezobrazna01, Callie, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Зборот ми беше он ако сака да прави нешто ќе го направи како и да е. А,и дека довербата не секогаш треба да биде 100%на. Да се биде со резерва секогаш.
    Иначе моја грешка ако неубаво се изјаснив - се извинувам :sun:
     
    На Bezobrazna01 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Нели е смешно? Не би простиле неверство. Колку од нас што не би простиле неверство простуваме насилство, опсесија, непочит? Јас не сум да се прости насилство.Јас не би простила. Но ајде да седнеме и да размислиме за некои други работи кои сме ги простиле, а не требало.
     
    На FRANCUZINOT, hermosa, Emilija97mk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Болна тема.
    Бев изневерена во две врски.
    Првата не би да споменувам ништо конкретно бевме млади, незрели и деца. Се случило еднаш дечкото дојде и сам ми призна. Го сакав многу решив да простам но не заборавив, секогаш ме јадеше нешто од внатре. По неколку месеци ме изневерил пак, со друга овој пат немаше доблест да дојде и да ми каже, разбрав од друго место потоа и тој призна. Решив да му вратам, излегов и јас со друг ама мислам дека после тоа потешко ми беше. По 2 години повуци-потегни врската заврши, мислам дека огромен товар ми падна од душата после тој прекин.
    Вториот пат веќе бев возрасна, зрела девојка исто така и тогашниот дечко. Го сакав премногу, му верував уште повеќе едноставно никогаш ми немаше дадено причина да се сомневам се беше во најдобар ред. Секогаш ми пишуваше/ѕвонеше кажуваше се каде, со кого, пораки кога ќе стане/легне и ред други работи. Имавме многу идеи, планови врската беше сериозна планиравме да живееме заедно па свадба, брак, деца, фамилија. Тој беше прв дечко што го донесов пред моите дома, се запознав и јас со неговите врската беше сериозна се чекаше прстен.
    Се до еден ден кога не се испослучуваа некои работи во кои беше тој индиректно инволвиран и не требаше никој и ништо да ми каже едноставно предчуствував, жени сме интуицијата не не лаже. Сама најдов и видов некои работи кои укажуваа дека најверојатно ме има изневерено. Иако му предочив се тој сепак негираше и не сакаше да разговара да објасни, признае буквално ништо. Нашата врска продолжи и тој се однесуваше како ништо да не било. Го сакав многу, мислам дека светот ми се сруши врз глава.
    Ме јадеше страшен црн од внатре за тоа што всушност се случило и не ми даваше никаков мир. Пробав безброј пат да разговарам да го убедам да ми каже, да добијам некакво објаснување тој не се замараше само негираше и се однесуваше како ништо да не се случило. На разни начини се обидував да дознаам нешто ама залудно, секогаш истиот одговор дека дечко ми е тој што треба да ми објасни. Времето минуваше а јас живеев со тој сомнеж и постојано му плескав во лице, од ништо настануваа кавги за тоа. Во меѓувреме разбрав и други работи, дека во текот на нашата врска тој мене ме лажел цело време за разни работи. Исто така многу нешта излегоа на виделина и многу коцки се поклопија. Господинот совршен немал ни С од совршенство и секако тој не беше маж и не сакаше да решиме ништо само се заташкуваа работите и се редеа проблеми, дилеми и сомнежи еден врз друг. Времето минуваше а јас никако не можев да простам и заборавам за сето лажење, понижување и (можно) изневерување. Многу се мачев, имаше ноќи кога тој ќе заспиеше а јас се вртев по цели ноќи во кревет гледајќи го со омраза а уште повеќе се мразев себеси.
    Еден ден изненадно му раскинав. Не заборавив никогаш, ниту му простив ама си простив себеси што сум била слепа за многу работи и што сум верувала безрезервно. Не можев да живеам со сомнежи и со болка дека некому не сум била доволна. Тој што изневерил еднаш, големи се шансите да изневери пак. Сега ми е полесно. Во меѓувреме добивав совети од страна и јас да си најдам некој, сепак никогаш не паднав толку ниско. Цело време мислев дека ме понижил тој мене, отпосле увидов дека се понижувал само самиот себе.
     
    На Campanula, busybee, Bellaa1234 и 33 други им се допаѓа ова.
  8. **prcla**

    **prcla** Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
  9. Saraahh

    Saraahh Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    2.351
    Имав дечко скоро 4 години. Веќе 5 -6 месеци нашата врска е катастрофа, постојано се караме, се нервираме. Додека беше карантинот ние немавме воопшто контакт, јас му реков дека ми се изгубени чувствата кон него и дека не сакам ништо. Откако заврши карантинот, ние пак почнавме да комуницираме и излегувавме само со друштво. Пред 3 недели, почна ептен да ме напнува и јас пак му реков дека не сакам веќе ништо со него и дека меѓу нас е крај и тој некако прифати. Во меѓувреме, јас излегов со еден дечко, со кој се знаев и претходно. Прашањето ми беше, дека не ми е сеедно што тоа го направив, и дали треба да сметам дека сум го изневерила? Јас воопшто не чувствувам ништо спрема него.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Според мене не е. Вие сте прекинале контакт, си му кажала дека е готово на дечко ти и си се видела со друг. Не му должиш ништо ако не ти е ништо во животот. Ако бевте во контакт/врска и искочеше со друг, тогаш е веќе друго.
     
    На dankee, cresa-jagoda, tina2018 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Ако тој мисли дека сеуште сте во врска според него ти си го изневерила. Продолжи напред и не се секирај, немаш направено грев. :) Си се изјаснила ти навреме! Само НЕМОЈ да се враќаш на старата 4 год врска, тогаш дури ќе те ставиме во клубот на невернички! ;)
     
    На tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не си го изневерила.

    За да го изневериш треба во реалност да бидете во врска, а не само во неговата фантазија.
     
    На dankee, cresa-jagoda и Dejan-Dejan им се допаѓа ова.
  13. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Секој знае што прави.Како тоа изневерил/а па простување? Никогаш нема да биде исто па дури и кога треба некој да прости заради деца во брак. Тешко на повредената страна ако треба да прости или тешко за децата ако треба да дојде до развод.Зошто? Поради неморално однесување и без размислување за последиците!
     
    На jasbi и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Во брак сопружници со 2 3 деца ако се изневерени бегаат а не пак во врска, јас мислам дека ти ако го сакаш тој доволно не те почитува и сака.
     
    На jasbi и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    4.808
    Пол:
    Машки
    Ми се насолзија очите дур те читав. ;(
     
    На Emilija97mk, Limpan и tina2018 им се допаѓа ова.
  16. VukLutalica

    VukLutalica Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    И ти не знаеш што зборуваш, еднаш едно еднаш друго. Изгубена си во простор и време, а сега бараш како да ја смириш совеста, ти разгледав неколку мислења, и таму викаш како си го изневерила неколку пати, сега викаш друго, не е во него проблемот, во тебе е...

    Еве ти ги сите потребни коментари, така што неа поблаги.

     
    Последна измена: 25 септември 2020
    На mimi333 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. harizmaticnana

    harizmaticnana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Нормално не, ако те сака искрено некој нема да оди со друг/а зоштоо? Не не и не:)
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Dejan-Dejan

    Dejan-Dejan Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Баш така! Нема потреба од дилема на оваа тема! Еее извини не сакајки беше, се случи ете...ќе ми простиш нели?(facepalm)
     
    На cresa-jagoda, tina2018 и harizmaticnana им се допаѓа ова.
  19. harizmaticnana

    harizmaticnana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2020
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Или пак пијан, не е оправдување, ако сакаш така не биди во врска едноставно банално е многу. :D
     
    На Dejan-Dejan и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Sum prostila vo minatoto koga bev tinejdzerka. Prodolziv so tipot, no nemozev da si prostam samata na sebe. Po nekoe vreme prekinavme.
    Sega da mi se sluci mislam deka i da prostam nikogas ne bi go gledala so isti oci.
    I da napravi se za mene, somneznot sekogas ke bide tuka, a nesto poloso od somnez i nema.
     
    На Meddy, tinka-mace, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.