Од сегашна перспектива, не би простила. Дури и ако простам, мислам дека врската веќе никогаш нема да биде иста. Ќе фали довербата, која е клучна за успешна врска. Не би можела да живеам со постојано сомневање.
Неверството е избор што се прави свесно и речениците од типот дека биле под дејство на алкохол или други штетни супстанци се изговор. Сепак секој со својата индивидуалност и можноста дека може да постојат и други X причини, но за мене лично никогаш не би простила колку и да ја сакам личноста
Во врска простив еднаш ,ама ништо веќе не беше исто... Сега сум во брак , и не би простила ,само поради тоа што потоа сомнеж секогаш ќе постои.
Мене дечко ми ме изневери и ми кажа одма после тоа што го направил и сега сака да му простам.Сметам дека и јас сум виновна и му кажав не ти се лутам и да ме изневериш имаш дозвола од мене пред да се случи тоа само кажи ми.Навистина сметав дека можам да го претрпам тоа но кога ми кажа ми падна многу тешко.Но, од друга страна сметам дека ако ме сакал навистина како што вика немаше да го направи тоа.На некој начин можеби јас намерно така кажав бидејќи бев сигурна дека не би ме изневерил.А после ова знам дека и да се смириме ништо нема да биде исто...
А зошто да му простиш? Ако сега ти направил така, утре пак ќе ти направи, не му подлегнувај сега на манипулациите, никогаш нема да ти биде исто, ќе си живееш во сомнеж, тоа е најлошо. Никакво простување не ти треба, продолжи си сама, и посвети се повеќе на себеси.
Колку време сте заедно? Која возраст сте? И каков тип на врска имате? Ако имате отворена врска, океј. Ама ако имате долга сериозна врска, ова што си му "дозволила" да те изневери ми е сулудо. Во право си со последниот дел, да те сакал немаше ни да помисли да те изневери, не па да чека дозволи од тебе. Може си му се допаѓала онака, колку да има некоја покрај себе, и баш поради ова што си му го кажала си врзал у глава дека кога и да посака, што и да направи, ти ќе му простиш. Враќање назад нема, памет во глава за друг пат.
2години сме заедно јас имам 20 тој 26.Искрено не му дозволив го ставив на тест мислев не нема шанса поинаков е ...јас му кажав не се лутам но не очекував дека другиот ден одма ќе го направи тоа.Јас вака дознав му се јавив следниот ден и му кажав се шалев немој да си помислил сериозно и го прашав ништо не направи прво ми кажа не ништо.Но знаеш човек кој го знаеш чуствуваш дека нешто не е ок.И ми призна јас мислев се шали но кога почна да ме моли искрено имав шок не ми се веруваше и ми смета бидејќи ми кажа знам ''дека ме сакаш'' прости ми.Истото го помислив како тебе он знае дека го сакам и ако му простам тоа ќе биде зашто го сакам и страв ми е дане се опушти зошто ако го направи тоа повторно знам дека нема ни 1%шанса да му простам.
2 години заедно. Си му рекла на "заебанција" еве, да не те вара и овој уште ОДМА следниот ден направил глупост. Едвај чекал. Може цело време комуницирал со некоја друга, можеби се гледале па сега нашол погодна прилика дури да се правда. Ни љ од љубов тука. Прекини ја врскава, ќе си најдеш некој на кој нема ни да треба да му спомнуваш за изневерување, ни на шала ни на озбилно. 26 години а се понаша ко 16, страшно.
Болдираното треба да ти кажува доволно. Значи не вели „знај дека те сакам“ туку вели „знам дека ме сакаш“. Тоа кажува дека дечково сака да ја продолжи врската затоа што ти си му сигурна карта. Знае дека ако му простиш сега, ќе му простуваш и во иднина на секоја глупост која ќе ја направи. Не знам како воопшто сте стигнале на ваков муабет за дозволено неверство после двегодишна врска. Размисли дали можеби сакал крај на врската, ама не сака да биде тој личноста која ќе раскине. Можеби па и да ти глуми сега дека му е криво, додека потајно се надева дека нема да простиш. Ова се двете возможни опции според мене. Но која и да е точната, секако иднината на врскава не мислам дека е добра. По мое треба да ставиш крај и да продолжиш понатака со животот.
Не, чим нема почит нема што да се дискутира понатаму. Ако не сака да биди со тебе нека се изјасни, нека раскини па потоа нека прави што сака
Во никој случај не би простила неверство. Зошто? Затоа што ако простам, врската нема да биде иста и нема да му верувам како што му верував. Изгубената доверба тешко се враќа. Наместо да бидам во врска со човек во кого ја изгубив довербата, ќе искористам шанса за нова љубов.
Јас не би,чудно би ми било после тоа и не би имала пак доверба плус што е гаранцијата дека пак исто не би направил.Не знам,никогаш не вели никогаш али ова ми е некако ептен не.
Која е причината за неверство и, второ прашање ми е како е возможно некој - машкото или женското - во една врска, да се заљуби во друг/а? Би ми било драго да добијам повеќе мислења на коментаров а од мене, мислам дека неверство не треба да се прости.