Може да се случи да почувствуваш хемија со некој што не е твојот/та партнер/ка , но во таква ситуација , неверството не треба да биде опција . Во таква ситуација , најдобро е да се разговара со партнерот во четири очи и со отворени карти , и да расчистиш со моменталниот партнер , па да бркаш други .
Па сигурно тоа е подобро отколку да му набиваш рогови константно . Не зборувам на памет , сум била изневерувана повеќепати , од различни дечковци , и искрено , многу неубаво е чувството кога ќе дознаеш од трето лице . Јас кога дознав , мислев дека роговите ги носев цела година . П . С . Многу е полесно да седиш на две столчиња . Треба да се има м*да да се признаат чувствата во 4 очи , а тоа не секој го има , па затоа и доаѓа до неверство . Јас никогаш не сум , и не би изневерила . Подобро ќе раскинам ( во мојов случај , ќе се разведам ) со чиста совест , отколку да му набивам рогови на дечкото ( сопругот ) секој пат кога ќе почувствувам хемија со друг човек .
Таа хемија е нешто привремено и безвредно во споредба со она што е твое (сопругот). Ако се препуштиме на моменталните т.н. хемии, постојано ќе бидеме во префрлање од едни врски во други.
За тоа постои отворен брак . На тема неверство во брак , мислам дека најчесто изневеруваат луѓе што не се баш задоволни од партнерот , но немаат храброст да го кажат тоа и да го решат проблемот со заеднички сили , па се препуштаат на првиот со кој ќе почувствуваат хемија ( ова е мое мислење ), и не е во ред секако , но уште полошо е набивањето рогови на партнерот . Тоа е многу ниско и сељачко според мене . Подобро кажи отворено што е и како е , разговарај со оној на кој еднаш си му ветил верност и заедно побарајте го решението кое ви одговара на двајцата , а не веднаш да скокаш во кревет со трета личност . Тоа е мизерно . Биди џентлмен и отвори ја душата пред партнерката . Исто важи и за жени . Бидете дами и кажете што ве мачи . Ако бидува , бидува , ако не постои разделба , и секој по свој пат . Кога се работи за врски , особено подолги , знаеш како е кога прв пат излегуваш со дечко/девојка , па мислиш дека тој/таа е совршен/а и дека нема ниту една маана . Е така е и кога изневеруваат . Мислиш дека си заљубен во трета личност , и ако таа личност сака да е со тебе дури и ако знае дека си во врска , тогаш доаѓа до шит . Затоа е најдобро да разговараш со партнерот , а не откако ќе изневериш да се сетиш на оној што ти е поддршка и се во секојдневието .
Не би простила. Многу тешко стекнувам доверба и ако ја изгубам повеќе не може кон тој човек да ја вратам. Без разлика дали се работи за дечко или за другар/ка и без разлика дали ќе ми ја изневери врската или пријателството. Ако ми е другар и ако се извини би простила, но нема да го гледам како порано, ќе се оддалечам.
Љубов не е љубов ако боли. Љубовта не боли. Ниту во вистинската љубов има простор за неверство. Никому не би му го пружила задоволството да ме прави своја марионета и со самиот чин на неверство да ме понижува! Затоа, никогаш не би простила!
Познавам еден пар што долго време се во врска можеби 3 4години, за тие години се имаа изневерено меѓусебно и мислам дека знаеа и двајцата и дознав дека отишле во црква и се заколнале таму дека од тој ден повеќе нема да се изневеруваат меѓусебно и еве сеуште се заедно. Чудно ми е малку затоа што прв пат слушнав тогаш кога дознав за ова. Ваше мислење, дали мислите дека би опстанала таква врска?
Тоа не може да се знае вака од страна. Кај мене има случај, девојката го вараше дечкото па он дозна, па после он ја вараше па и раскуна зошто сакал да проба со друга. По некои месец дена се смирија, беа во врска уште 4-5 години, се венчаа, купија стан и живеат ок.
Буквално секој човек е приказна за себе, не може никој од нас да гарантира нешто за туѓа врска. Додуша, ни самите партнери во една врска не можат 100% да си гарантираат било што во животот. Од моја перспектива, ако имав ваква врска, немаше да опстане после првиот сомнеж или доказ за изневерување, од било која страна.
Го немам тоа право да кажам дека буквално во секоја врска, брак или комбинација која оди накај врска постои изневерување. Но, жив сведок сум за секој втор човек од мојава околина (а доста е широк спектарот од профили на личности) дека е бил изневерен или изневерил.
Napisav veke vo edna druga tema.Verojatnosta deka partnerot povtorno ke ve izneveri e 350% spored nekoi istrazuvanja.A i koja e poentata koga posle toa ne e nisto isto ?Duri mislam deka pagate vo negovite oci i ednostavno mu davate sloboda pak da go pravi istoto kao ti izneveruvaj a jas ke ti prostuvam.Makes no sense.
Ako dobile i nekoe duhovno sovetuvanje so toa ,ima smisla.Mislam deka vo nasava sredina barem toj duhoven aspekt na vrskata/brakot e zapostaven.Lugeto namesto da se obratat na bracno sovetuvaliste ili kaj svesteno lice koga ke nastapi kriza trcaat vo tug krevet ili onie sto imaat malku hrabrost vednas na advokat.
Додека бевме дечко и девојка не ни помислував ако ме изневери да бидам со него, дури и во брак да сум без деца исто не би останала. Ама сега со дете реално прво на него помислувам, маж ми доколку ме изневери никогаш не би можела да го сакам, затоа што јас по природа сум,, дива'' поретко емоции искажувам ама дела многу. И знае и тој самиот дека кога сакам, сакам со цела душа ама ако ме повреди на било кој начин, ќе останам поради детето само со него, а тој од тоа најмногу се плаши. Најверојатно и чувствата ќе ги снема на 0, а откако ќе пораснат децата во независни и самостојни и ќе го напуштам, ама додека се мали децата не би можела искрено да му го скршам на син ми срцето. Тој многу е приврзан со нас и досега имаме љубов и мир меѓу нас, ние дури никогаш пред него не се караме,па и насамо немаме некакви си кавги освен тоа ако се смета јас кога сум во ПМС а искрено син ми за кавга го смета тоа што кога со маж ми нешто на смирен тон си укажуваме во нормален разговор на грешки во работата. Многу е различно без деца и со деца, е сега многу е различен и начинот на повредениот како гледа на работите, искрено јас децата си ги ставам пред себе, освен ако се работи за психичко и физичко малтретирање.
Затоа оние кои не се во брак треба мнооооогу добро да размислат што се' инволвира стапување во истиот. Не е само: Ќе си се земиме, свадба ќе си прајме, ќе напрајме ваква торта, онака ќе ја декорираме салата, па ќе си се преселиме онаму, ваков регал ќе си наместиме и онакви теписи. Па на само ќе сме и по цел ден.. ќе се клецкаме и галиме и гушкаме и гледме филмови, кога сакаме, секој ден! То е медот. Лајната се после. Посебно, кога ќе стасаат деца. Повеќе не е битно што вие сакате, туку од што има потреба детето. И да останиш во лош брак и да се разведиш, има последици. А никој, ама никој на светот не може да гарантира дали вашиот брак ќе биде успешен. Предлагам, да поживеете со партнерот пред брак. Многу убава перспектива дава за животот во него.