Бевме дечко и девојка околу 3год, па бевме свршени. Со сите салтанати, чуда, частење, кажување на сите.. И по некое време дознав дека ме изневерил и пази не со една, не со две него со четири различни девојки (Не знам дали мислеше дека се свршивме дека ќе му простам?). Нормално му фрлив прстен и си заминав. Другарките место да ми дадат поддршка ми рекоа срамота било што сум ја прекинала свршувачката. Ех, секое чудо за три дена па така и ова. Не, не е ама ич срамота да си се ставам јас на прво место и да не дозволам да бидам погазена. После година дена се сретнавме со мојот сопруг, имаме голема љубов, слога пред се, голема поддршка ми е за се во животот и сум многу благодарна на себеси што така постапив. Да му простев тогаш не знам каде би била денес и во каква ситуација.
Не би простила, никогаш. Јес да, секогаш важи она правило никогаш не вели никогаш, ама познавајќи се себеси колкаво злопамтило сум и за најмали работи, не па за нешто вакво, не би можела да ја продолжам таа врска. И да му простам, шо е ептен тешко остварливо, ќе му го набивам на нос тоа секој ден. Батали таква врска. И второ, не ви е гадно да легнувате повторно во ист кревет со некој што ви бил неверен?
Може да не дознаеш НИКОГАШ дека си била изневерена. Прочитај погоре неколку мислења како некои од членкиве не знаеле, па затоа и не треба да се пресекува така, барем јас така би постапила. Тешко да знаеме дали некој е верен или неверен. Додека не си сигурен во нешто, џабе се претпоставките и сомнежите.... само докази да имаш за да бидеш сигурена дека ти бил некој неверен.
Требало да им речеш за вас го оставив, да не останете немажени. Штом ви е арен земете го, па нека ви набива рогови, а вие гответе му, перете му, чистете му, чувајте сами деца...
Епа сигурно нема да гледам на гравчиња дали сум папала превара или не. Пишав ако си сигурна, ти признал, си фатила на дело или си дознала некако поинаку.
Додека да се осигураш дека е неверен, значи ќе си легнуваш со неверникот... Одговорот е ДА, додека не дознаеш. Безразлика дали се работи за маж/жена.
А што ако заборави да ти каже. Дознаеш од друга личност. Се рачуна како неверство? Сериозно прашувам. Ете ни крив ни должен, има секс со друга, планира да ти каже, ама се зафаќа со нешто друго, изумува, денови течат, ти дознаваш, ќе се налутиш или не?
Според мене не е паметно да се прости неверство, но зависи од околностите. И најглупи ми се оние причини за простување неверство основани на работи као не бил виновен само неверникот... Као јас не му обрнував внимание, јас не сакав секс, јас малку бев лоша, па он за да ме свести ме изневерил. Тоа е глупост, ако си во здрава врска ќе те седне со муабет ќе те свести. Ако не оди ќе раскинете. Зошто да те изневери? За да ти ја сруши самодовербата? За да ти набие комплекси?
Зависи од мн фактори. Има и бракови кои функционираат со стабилни швалери и швалерки. Јас би простила еднократно неверство кое било чисто заради секс, ама емотивно неверство макар и да немало ништо сексуално меѓу мојот дечко, маж и слично - е мн за размислување. Маж како маж, ке се понуди некоја - ке оди. ке си заврши работа и ќе му се врати на жена му. Пијан бил, му се врткала околунего. Ама емотивно - не простувам. Мажите имаат секс некогаш како забава, исто како кога пијат пиво. Исто важи и за обратниот случај, со жените. Инаку, бившиот маж ме изневерваше, ама не се разведив заради тоа. Времето на пеглање врви, само што кога тоа време ќе помини, се гледа дали бил бракот чисто на секс основан, или пријателство.
Тоа маж како маж,како оправдување не ми држи вода. Дали само затоа што е маж и му се може значи дека треба да прави што сака ? Или треба да се извлече со тоа затоа што не бил као свесен дека се случува ? А и каков е тој маж кој штом ќе згусти решението го бара во туѓ кревет или изневерува од хоби ? Додуша има се и секакви примери и не можете да знаете додека не се најдете во таква ситуација. Не знам ама едно знам додека наоѓате оправдувања и ‘разбирање’ за изневерувачот се дотогаш ќе се повторува истиот циклус. За жал денес , со изместениве вредности, многу бракови се одржуваат сомпомош на некој/а трет/а или четврт/а.Која е поентата на таков брак ? Е тоа е веќе друга тема.
Сериозно во 21ви век сеуште се дели кој што смее и не смее според пол? Океј, знам дека е сериозно. Ама доста е. Маж како маж.. Не! Не секој маж ќе легне со секоја. Како што има мажи кои би легнале со било која има и жени. Како и обратно. Има и жени и мажи кои не изневеруваат. Конкретно на темата, не знам дали треба да се прости. Реално, има различни ситуации. Секако дека за неверство не постои оправдување, сепак не би можела да кажам како ќе реагирам, посебно не можам да кажам дека никогаш не би простила. Ако нешто научив во животот, тоа е никогаш да не велам никогаш. Досега се ми се одби од глава.
Mislenjevo kako od baba mi da e. Abe mazh e normalno da izneveri, ke se iznervira i da te udri ke pokjutish. Abe nema mazh zhena, neverstvo e neverstvo i ne se prostuva i tochka. Ne me interesira dali bilo samo za seks ili i emotivno. Pijan bil hahaha kakov ochaen izgovor. Ko ke si pijan ne te fakja amnezija deka imash zhena doma pa ajde pijan bev i zaboraviv i zatoa izneveriv.