Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.016 глас(а)
    80,6%
  1. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Ги читам ваквите размислувања и ви се чудам дали сте од 21ви век.Абе нема емоционално,неемоционално.Неверство е неверство.Сигурно и тебе те привлекол некој физички па и повеќе па не си тргнала да изневеруваш.И да се случело ќе ти простел тој тебе ? Не Ќе ти ја залепел етикетата курва за век и веков.Врската е двонасочна улица она што го бараш мора да бидеш спремен и да го дадеш.Или не прави го она што не сакаш да ти го прават.Одлуката да останете верен на една личност и да одолееме на искушенијата ја носиме секој ден.Нема тука ми се присака или упс извини се случи.
     
    На jana.fabb748, Aschenputtel, Nikolovska09 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Освен ако партнерите не се договорени поинаку.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Како поинаку? Ако се прави муабет за сериозна врска или брак неверството ми нема логика, ако е некое мување во прашање, ок.
     
  4. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Vo toj sluchaj ne stanuva zbor za neverstvo
     
    На Just.do.it и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    И баш поради тоа што не знаеме кој пар-каков договор има, не можеме да знаеме кога е неверство, а кога не.
    ... освен експлицитно не ни биди кажано од нив самите...
    Не е неверство, ако веќе се договорени да се гледаат со други.

    И.. повикај се на реликата кон Лејди Ди
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️ и Dust им се допаѓа ова.
  6. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Па токму затоа што сме 21ви век, денеска се е можно, познавам многу парови што се изневериле и се се уште заедно и тоа многу години, па дури и оформиле семејство, а тоа дали би му простила јас него или пак тој мене зависи од нас и никаден не кажав дека доколку се случи неверство тоа е не намерно, туку сосема спротивно од тоа кажав дека неверството е избор. А и очигледно многу луѓе не знаат дека курва е девојка што има сексуален однос за пари.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Да може и ова да е точно, но има и можност да ја сака партнерката, ама да не ја почитува и вреднува врската и самата партнерка како личност, па затоа да изневери.
     
  8. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    И која е поентата на тој однос.?Каква порака им испраќа на децата родени во истиот? А што се однесува до терминот курва, тоа е епитет со кој мажите лесно се расфрлаат кога ќе налетаат на жена со која не можат да се справат односно да ја стават во одреден калап. Жално е што и жените се 'честат' една со друга со истиот.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ако ја сака партнерката нема да прави работи кои би ја загрозиле врската
     
    На cresa-jagoda, Lady D ❤️ и Cacii123 им се допаѓа ова.
  10. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Од тој однос родителите би можеле да научат од нивните грешки и да им укажат на своите деца да не го прават тоа и да ги воспитуваат на начин каде што би се концентрирале во текот на воспитувањето да ги пренесат повеќе позитивните карактеристики и вредности на своите деца, а помалку негативните. Но сепак да не навлегуваме во други теми, пошто на ова што го кажав не му е местото за во оваа тема.

    Инаку се согласувам за тоа што го кажа за поимот "курва", за жал живееме во Македонија и тој поим е многу често кажуван тука и ретко кој го знае точното значење, па дури и да го знае сепак го употребува.
     
  11. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Kako be ja saka partnerkata ama ne ja pochituva? I ne ja vrednuva vrskata, ama sepak ja saka?
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    А не знам зошто почитта цело време на пример ја врзувате со секс и неверство кога врска немаат едно со друго:D
    Може да добил зелено светло, може да имаат и отворен брак (врска) како онаа темата на вајлд..
    Вака од страна сите можат само да зборат а врска да немаат
     
    На Milobebence, WildMk, Cacii123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ako imaat zeleno svetlo od partnerot ili se vo otvoren brak ne e neverstvo. Ama da nemash zeleno svetlo od partnerot, da go lazhesh, se oddalechuvash od nego, a pozadi negov grb se zblizhuvash so drug e totalen nepochit bez razlika dali ke rezultira so seks.
     
    На WildMk, simona_baby и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Апсолутно!
    Лажењето е непочит.
    Без разлика за што е лагата.
     
    На christinnn, Lady D ❤️ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
  16. Jana_♡

    Jana_♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Никогаш и во никој случај не би простила неверство. После тоа ништо не би било како порано.
     
  17. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Според мене, неверството може да се јави во повеќе облици. Не е се така црно и бело како што изгледа. Постои неверство кое трае повеќе време, неверство за една ноќ, емоционално неверство, онлајн неверство и уште какви се не глупости. Има разлика кога некој те изневерува 3 месеци и ти самиот да го фатиш и да видиш дека воопшто не се ни кае и кога било на една вечер и се гледа дека му е најкриво на цел свет. Бакнеж би опростила, не викам дека е убаво, но реално луѓе сме, сите грешиме. За секс не знам дали би опростила и да е на една вечер. Сексот ми е емоционално нешто, додека еден бакнеж, не знам, можеби зависно од ситацијата, ќе го сместам и во грешки и би поминала преку него. На секој од нас може да му се случи и тие што викате НИКОГАШ НИКОГАШ, немојте. Не знаете во каква ситација ќе се најдете утре. Грешки сите правимо, според мене е битно како реагираме после тоа и колку се трудиме да ги поправиме работите. Останете ми поздравени.:*:
     
    На LoneWolfGuy и Ivka~ им се допаѓа ова.
  18. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    A za da dojde do baknezh, potrebno e zblizhuvanje, pishuvanje, komuniciranje. Znachi deka toj/taa bile nasamo so drugata lichnost, so koja izneverile. Neverstvo e, pak e proces, bez razlika shto e samo baknezh vo prashanje.
     
    На LoneWolfGuy, SV1911, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.
  19. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не е се црно бело и дека лесно е да зборуваме од перспектива на некој што е сингл, за разлика од тоа кога сме во врска или брак,каде има и деца во целата равенка.На крајот од денот и еден бакнеж,колку и да изгледа наивно е свртување на вниманието од првобитната врска,личност.Ако тоа се случи значи дека има некој проблем со истата иако за него не сте свесни т.е дека истата можеби не ве привлекува толку.Освен тоа ако простите бакнеж, како нешто најнаивно,иако не е, оставате можност да простите и сексуално,емоционално или било какво неверство.Таква порака му испраќате.Ризикувате да започнете циклус на изневерувања.Мислам кој маж е луд да го пропушти тоа.Е сега дали можете да функционирате во таква "модерна" врска, е прашање на принципи,ставови ,размислувања или еволуираност.Мене лично во тој момент ми доаѓа на памет само една мисла која ја прочитав по некој од постовите која вели: 'Секогаш кога ќе му простиш, тој ќе те сака малку повеќе,но ти него малку помалку.'Дали вреди да се продолжи со таква врска и дали истата може да се нарече врска е веќе друга тема.
     
    На LoneWolfGuy, Pixi5, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Сите правиме неверство на некој начин. Кој од вас никогаш не погледнал друг и не посакал нешто со него - нека го фрли првиот камен по мене! Сите сме со маани, сигурно на секоја од вас и фали нешто во врската, нешто што сакате да биде вашиот партнер, а не е. И вас ви е криво кога ќе видите маж што го има тоа што вашиот го нема и вие потсвесно го гледате (барате) тоа во мажите околу себе и ги пикирате оние што ги немаат тие маани што ги има вашиот. Посакувате и вашиот да е таков.... и тука настапува "издржливоста", јачината на карактерот (истата онаа јачина/издржливост кога сакате да се откажете од цигарите на пример). Имено, се појавува маж што го има она што вашиот го нема, ви нуди да го имате сето тоа, а вие треба само да одлучите дали ќе го земете или ќе се воздржите. Никој пред ваков маж не вели искрено отсечно НЕ, туку одглумува НЕ, а всушност е воздржан! Вие го сакате вашиот партнер, не можете да се замислите без него, ама има работи што ве нервираат кај него и ве боцкаат, ве јадат како црв дека заслужувате да го земете она што ви го нуди другиот маж, особено ако, на пример, претходниот ден вашиот партнер не ви се јавил цел ден затоа што бил презафатен со другарите, а немал ни 5 мин. за вас ... и тоа го рани црвот уште повеќе да копа во вас за да "јадете од забранетото јаболко". Е тука настапува она што го спомнав претходно "јакиот карактер". И што ако ете сте себични, се сакате себе повеќе од него, се лизнувате и го прифаќате предизвикот т.е. го земата она што очајно ви треба, а го немате?
    Никој не изневерува оти сака да повреди намерно, туку од незадоволство.
    Еве ви моја дефиниција: Неверството е слабост на карактерот, неуспешност во воздржување, но никако, ама баш никако значи дека се случува затоа што не ве сака.
    Може уште да се дефинира како себичност или " те сакам и те прифаќам онаква каква што си, ама себе се сакам повеќе и сакам да имам сè".
    И реално, ако не простувсте неверство тогаш не треба да простувате апсолутно ништо. Грешката е грешка, дали тоа било неверство или излегување со другарите секој ден - е исто. И едното и другото има тенденција да се повтори бидејќи еднаш сте простиле, и едното и другото е себичност, непочотување и други на нив слични дрн, дрн муабети- насекаде ислушани, извикани, излитени и секому познати и што ги трубат и тука во речиси секој коментар на темава.
    Е сега погоре прочитав (ме мрзи да го делам тој дел и да рециплирам), демек ако ти си спремна да простиш неверство (иако тоа не се случило) тогаш сигурно ќе бидиш изневерена. Па, едноставно е, не треба да се искажиш пред него дека си спремна на тоа. Добро, вие секој ваш став и мисла ја споделувате со сите? Ништо не е само ваше? Цел валкан веш го прикажувате и после ве гаѓаат со него в нос и в глава? Па тогаш сте глупаци.
    Се сложувам со коментарот погоре дека бакнеж или секс - исто е, бакнежот не е наивен иако изгледа така. Исто така се сложувам и со тоа никогаш не вели никогаш, оти не знаеш во што ситуација ќе се најдеш еден ден и дека не е неверството црно-бело, па да речеш отсечно - јас тоа не простувам... има разлика, да, ама не е разликата во бакнежот и сексот.

    Каков маж сакате вие? Воздржан или себичен? Според мене сеедно е, бидејќи тој посакал друга.
     
    На Ladyy* му/ѝ се допаѓа ова.