Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.016 глас(а)
    80,6%
  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Кога бираш некого, го прифаќаш со сите маани и доблести, барем така треба да биде. Ниедна негова маана, не би ми дала мотив за јас да помислам на изневерување. Всушност, за што служи оној период во врска? Тогаш размислуваш дали некои извесни маани се минорни или едноставно пречат и ја афектираат сопствената емоционална состојба. Ако е второто, зошто би одела против себе и би останала со личност, која е избрана според не свои критериуми, туку од некакви си побуди и стравови.
    Јас можеби гледам во други мажи и можеби сум си замислила некаква си сцена со нив, но тоа останува само на фантазија. Не барам да ме исполни нешто што го нема партнерот. Имам буквално се во и од него. Се работи повеќе за инстинкт, за љубопитност. И секако дека не се работи за воздржување ако кажам НЕ, затоа што знам дека посакувањето на трета личност е сосема невина, од причини што знам дека нема допирна точка со она што веќе го имам избрано. И кога конечно ќе имаш СЕ од некого, не гледам никаква причина за изневерување. Споредбата со цигарите воопшто не е соодветна. Цигарите се зависност и даваат симптоми при откажување. Од изневерување не е никој зависен до тој степен да влијае со таков силен импулс. Изневеруваш затоа што партнерот што е избран не е по твој критериум. И не треба да се контролираш и да се погазуваш себе си доколку сакаш да бидеш со друга личност. Не си обврзан да седиш во тој брак,не си обврзан да трпиш, уште помалку да повредуваш некого со своите постапки.
    Јас велам, немам ништо против партнерот да биде со друга, не сум доволна за него, не го привлекувам, не ме сака. Ама во истиот момент кога ќе имаш такви чувства према друга, оди си, ќе ти бидам благодарна на долг рок. И да остане, што? Ќе се сменам, не. И двајцата ќе одиме против себе.
    Што значи, најголемиот проблем е кога бираш партнер, а всушност те бираат и обратно. Кога ќе биде истото мутуално, не гледам потреба од воздржување. Едноставно, не значи не, без никакви додатоци.
     
    На Dream-Girl, Pixi5, Idedemja и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    16.266
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот кај овие што изневеруваат. Ем сакаат да имаат било каков партнер покрај себе и да не ги задоволува нивните критериуми ама сепак да имаат некој за да не се чувствуваат осамено, да не бидат сами, се плашат од самотија. Ем сакаат и покрај тој партнер (кој е небитен) да си бараат друг партнер со кој би си ги задоволиле своите критериуми, желби и фантазии. Истите тие мислат дека секој човек на планетава земја е како нив. Сите сме правеле неверство на некој начин, ма немој бре. Се ќе измислите само да си ги оправдате своите постапки, неверството. И не, не се сите луѓе исти и не се како вас.
     
    На Idedemja, Ivan4e04, pikabu5 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Чекај ако мојот не е "таков" како што сакам да биде, зошто побогу би останала со него во врска in the first place? Наместо да вараш - раскини и барај си по твој критериум. Толку е едноставно. Нема потреба од толкави филозофии и епитети глупаци.
     
    На Idedemja, SV1911, ElenaOfRivendell и 15 други им се допаѓа ова.
  4. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Одлично срочено како и коментарот на којшто се надоврзува.Јас само ќе додадам дека неверството е поврзано со одреден импулс некој животински нагон ,барем за мене.Се претпоставува дека сме доволно еволуирани како вид да не тргнеме по истите.Ако во главата имате расчистено дека го прифаќате партнерот со сите мани и недостатоци и дека нема да изневерувате,не знам зошто дискусијава.Ако веќе не се помирувате со истото разведете се ,заминете.Како што веќе рековме.
     
    На Idedemja, IRBBB и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    What a load of bull... се надевам само филозофираш фор д сејк оф ит.
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.553
    Пол:
    Женски
    Не верувам да има човек што барем на момент не помислил како би било со некој друг, и јас сум помислила. Ама тоа останало и тоа - само помисла. Да не сме завршеле со сегашните партнери ќе сме завршеле со друг, во светов има милиони луѓе со кои би си одговарале во врска, лично знам некои такви.
    Ама си го сакам партнерот и тоа не би оправдало да го изневерам. Има маани да, ама имаат маани и тие луѓе кои би биле потенцијални партнери. Никој не е совршен, иако на почетокот од запознавањето со таа личност изгледа така. Секогаш на почеток е интересно, таа личност е личност од соништата, не можи да згреши, ти оди по газот за сѐ, мислиш дека не постои работа која не ви е заедничка, осеќаш пеперутки бла бла. Поради ова многу луѓе изневеруваат. Сакаат нешто ново и возбудливо ама исто така и партнерот не го испуштаат оти им е "сигурна опција" и се навикнати на него (и/или имаат некоја корист/зависат од него), а промена не сакаат. Па одлучуваат на седат на два стола.
    Несебична личност и личност со карактер прво раскинува ако не ѝ одговара со сегашниот партнер па потоа прави што сака. Нема оправдување да изневериш нечија доверба и да повредиш нечии чувства.
     
    На Idedemja, IRBBB, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да повторам по милионити пат:
    Луѓето по природа, не се моногамни.
    Барем не сите...

    Колку побрзо ќе го прифатиме тој факт, толку побрзо ќе можеме да пристапиме кон решавање на проблемот со изневерувањето.
     
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека некој треба да е моногамен ако не сака? Има милион начин да тераш ќеф со повеќе и да не изневеруваш.

    Тука темата е за изневерувањето.
     
    На Biljarkata и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.553
    Пол:
    Женски
    Не се сите моногамни да, ама тие полигамните можат да се обидат да најдат други полигамни за врска наместо да одат со некој моногамен и да изневеруваат зад грб. Не е грешката во тоа што не се моногамни, туку што се себични и што свесно повредуваат друг.
     
    На LoneWolfGuy, Pixi5, Idedemja и 12 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да де.
    Само што општествено прифатливо е да си во хетеросексуален, моногамен брак и се' различно се осудува.

    Шо ќе му фали на луѓето да си кажуваат отворено дали се сметаат за моногамни, или не?
    И нека си прават врски со истомисленици.

    Ама не!
    Срамота е то!
    Ќе се шуњаме во тајност.
    Ќе се пердашиме ко магариња, ама пред народ ќе глумиме 'основна клетка на општеството'.

    Зошто да си прајме проблеми, кои може да се спречат, барем повеќето...?
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Ама менталитетот нема ништо општо со изневерувањето, јер нема ништо што ќе го оправда. Секогаш треба да биде адресиран и осудуван.

    Нема да мешам баби и жаби за малоумноста на ситните души кои живееат туѓи животи.
     
    На LoneWolfGuy и Idedemja им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Менталитетот, нормите кои се општествено прифатени вршат притисок врз поединците да се комформираат во 'посакуваниот модел'.

    Кога ќе примораш луѓе да го кријат она што се, затоа што ќе бидат осудувани и навредувани и остризирани и изолирани од блиските и заедницата, не е чудно да ти се избацуваат случаи кои се производ на потиснати потреби.

    Во темата 'Отворен брак', го кркав уз дужи попреко.
    Осуди, колку ти душа сака.

    Затоа се кријат луѓето.
    Оти знаат што ги чека.

    'Полесно' им е да глумат моногамност, да стапуваат во моногамни бракови и после да се лажат меѓу себе.

    Зошто?
    Зошто да е така, ко не мора?
     
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    17.526
    Пол:
    Женски
    Изневерувањто по принцип не треба да се крие, а тоа што ги чека, и треба да ги чека.

    Ама јас и ти не се разбираме, јер ти мешаш отворени врски со изневерување.
     
    На LoneWolfGuy, Idedemja и anaja1 им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Океј ама и ти нема потреба да нѐ убедуваш дека сме полигамни а општеството нѐ тера да мислиме дека не сме.
    Знам шо сум, друг не треба да ми каже.
     
    На LoneWolfGuy и IRBBB им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не сме сите моногамни и не сме сите полигамни.
    Затоа моделот треба да се смени.
    Да ги задоволува сечии потреби и желби.

    Само шо многу е рано за такво нешто...
    Треба претходно да се смени мајндестот на луѓето.
    А и прашање е дали ќе се смени во тој правец...
    Многу if's има.

    * ... си пишувам размислувања...
     
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Токму така, во темата отворен брак. Каде, претпоставувам луѓето имаат право да го произнесат своето размислување, допаѓало на тебе или не.
    Но, оваа тема е за изневерување. Јас никого не присилив да стапи во брак со мене. Ама кога веќе стапуваш, си ги прифатил моите правила во однос на оваа тема. Сакаш да кажеш дека си присилена да бидеш во брак, само затоа што очекуваш околината да те прифати? Контрадикторна си. Се залагаш за секакви права и си самонаречен хуманитарец и поборец, а всушност ти си таа што се наведнува на некакви си правила. Доколку јас сакам да бидам со повеќе личности, ќе бидам, очите и мислите од другите не ме засегаат.
    Што се брцаш во секоја тема и го возвишуваш тој отворен брак. Чувај си го како таков, ама доста и го наметнуваш, како спас и модел за успех.
    Не ме интересира ако некој се чувствува полигамен, нека биде подалеку од мене. Ќе го тажам, ќе го мислам оти курето му се брцка некаде или секаде. Не сме на исто рамниште и нема потреба да бидеме. Нека не ми го троши времето, за и јас неговото.
    Ако читам меѓу редови, подобро да бидете во отворен брак, него да ве изневеруваат. А ако не сакам ни едно ни друго, што?
     
    На Idedemja, IRBBB, Kanya и 14 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќе си бараш некој што преферира моногамност.

    Ама се додека се срамат/плашат да признаат дека не сакаат моногамност (некои), ќе имаме приказни со изневерувања.
    Ме сфаќаш шо сакам да кажам?
     
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Да изневеруваат и да се окарактеризирани со секакви епитети, не се срамат.
    Ама се срамат да си кажат дека се полигамни.
    Кој е овде забеган? И каква математика на логика и веројатност е во прашање?
     
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Само уште на полигамни и моногамни не се поделивме...
     
    На baby-star, Biljarkata и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    И тоа ќе биде некој ден. Едно нешто го гледаш како светост, за и на тоа некој да му се насере, пошо не знае кај тера со половиот орган.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.