Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.016 глас(а)
    80,6%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Баш така е.
    Исто како што се кријат хомосексуалци, стапуваат во хетеросексуални бракови.. и после проблеми.
    еми проблеми.

    Вака да појаснам.
    Шо е поарно според тебе:

    1. Да запознаеш некој кој ти се свиѓа и да ти каже на право дека не сака моногамност?
    2. Да запознаеш некој кој ти се свиѓа и да не ти каже дека не сака моногамност?

    Под 2, така?
    Сите сакаме искреност.

    Ама не го земаме во предвид притисокот од околинат, од родителите, начинот на кои сме воспитувани.. на секаде, секогаш, за тоа 'како треба'.
    Во такви ситуации, тие што се поинакви од 'прифатениот профил', се чувствуват како да им фали нешто, како да не се 'доволно добри'.
    Потиснуваат нагони, развиваат фрустрации, зависности, психички и емотивни проблеми... И себе си и на тие околу нив.

    И за се' има 'правилници' за однесување во едно општество.
    Премногу се ригорозни некои, а нема воопшто потреба, ако не штетат некому.
    Дефинитивно повеќе има штета, наметнувањето на идејата дека мора да си моногамен/ хетеро

    *Сите ја знајме приказнава:
    “Ќе си завршиш школо.
    Ќе се вработиш.
    Ќе си се омажиш.
    Ќе си имаш две дечиња.“

    Зошто мора да е така?
    Не мора.
     
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ох полигамниве сега гревчиња испаѓаат оти општеството ќе ги суди, ајде да ги сожалиме што избираат да повредат друг ама боже сачувај нив да ги навреди општеството. Себичност или што?
     
    На LoneWolfGuy и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    У ствари, не е ни битно..
    Кој разбра-разбра.
    Кој не-не.

    Ќе си седам со мислите во главава :lol:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Не мора, ништо не мора.
    Ама и да ми каже дека не сака да биде моногамен, треба да ја ценам искреноста или да барам некој со иста идеологија или да се помирам дека сите се полигамни и да немам никакви очекувања?
    И сега веќе бараме и жртви на општеството. Всушност, алудираш дека оној што изневерува е жртва, а не другиот.
    Како да ти кажам, ценам искреност, но ценам и моногамија. Ако јас можам, може и друг. Ако не може, радо би подарила кондоми и би го бацила на чело за среќа и берикет, него да одам на секои две недели на микробиологија и после да го запалам.
    Не ги брани и не се жртви. Тогаш се глупи и прости што живеат за други.
     
    На LoneWolfGuy, Idedemja, Indiegurl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ќе си бараш некој што мисли ко тебе.
    Ко за се' друго што одбираме партнер, така и ова е многу битен параметар во изборот.

    За секој, има некој.

    Јас си најдов то шо барав, ама не ми е јасно, зошто сите да не можат да си бидат она што се?

    Има и моногамни, има и полигамни, има што сакаат пет деца, има што не сакаат ич, има хомосексуалци, има хетеросексуалци... секакви не има.

    *За мене е огромен проблем лажењето.
    Најголем всушност.
    Ако се претставуваш нешто што не си, ќе ја засакам фантазијата која си ја створил, а не она што навистина си.
    Што значи, нема да те сакам тебе.
     
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    39.443
    Ох, јасно ти е . Нели сама одговори погоре на тоа.
     
    На LoneWolfGuy и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Well, yeah...

    Пробвам да ја раширам 'пораката'
    Односно, се знаесвам ...
     
  8. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Повторно играш на карта жртва за оној што изневерува. Не сме 20ти век, барем така сметам во однос на општественото прифаќање. Познавам доста луѓе што се сами, т.е без партнер на свои 40-50 години, од разни причини. Кој ги суди?
    Ако не знаеш да се носиш со притисокот од тетките на селска чешма, има институции, ќе помогнат, ќе ти ја кренат самодовербата или едноставно ќе го смениш опкружувањето со истомисленици.
    Само што темата е дали се прости или не, а не навлегување во психологијата зад делото, што изворот на проблемот посекако не го оправдува делото.
     
    На LoneWolfGuy и venus♡ им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.583
    Абе постои ова веќе у свет, полиаморија се вика. Главата ми ја пукнаа со секакви сексуални, идентитетски и незнам какви концепти. Баш ме интересира како ќе се екранизира ова на филм, за сите со отворени раце да го прегрнете концептот:?:.
     
    На LoneWolfGuy, venus♡ и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.548
    Пол:
    Женски
    Истово го реков погоре. Така да тие што сметаат дека се полигамни да не одат со моногамни и потоа да изневеруваат. Ако сум дел од малцинство и ако општеството не ми дозволува отворено да сум она што сум тоа не е причина да повредувам недолжни луѓе наоколу.
    Во совршен свет секој е она што сака да е без да е осудуван, ама во реалноста тешко дека ќе се постигне тоа, особено овде во конзервативна држава. Јас не осудувам (освен нели кога некој е повреден како кога се работи за изневерување) ама многу други осудуваат.
    А и зошто мора секој дел од животот да ти е јавен? Јавноста може да знае дека некои двајца се заедно, ама не мора да знае дали се тие во отворена врска/брак.
     
    На Kanya, WildMk, GrimTheReaper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Општествотo е постојано под пропаганди за поделба.
    Оние имале права, овие немале...
    Не за џабе рекле, раздели па владеј.
     
    На LoneWolfGuy и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.583
    Само јас не мислам дека станува збор за полигамија, туку за нешто друго?:?:
    Штознам- зависност од адреналин, несоодветен избор на партнер, колебање околу избраниот партнер (дали е тој вистинскиот, тн. нерешително однесување), итн итн... еднократно изневерување, хронично изневерување, абе цела плејада на варијанти има...
     
    На LoneWolfGuy, Oneo, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Накратко кажано нестабилен карактер.
     
    На Abel и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.212
    Допаѓања:
    125.487
    Пол:
    Женски
    Не. :D
    Глупо е да се тврди дека сите прават неверство на некој начин или дека чим некој вара полигамен е.
    Глупо на квадрат!
    Перење од одговорност е.
    Различни луѓе се различно (не)воспитани и имаат различни сфаќања.Никој/а од нас не ги познава сите останати луѓе на планетава и со оглед на тоа не е во ред да уважува само едно тврдење.
     
    На LoneWolfGuy, Guns N` Roses, venus♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lola.Luna

    Lola.Luna Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2021
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Повеќето викаат дека не би простиле неверство но јас би рекла дека не сакам да знам дали би простила или не.
     
    На Izaabella и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Со потенцијалните партнери да бидат искрени, не мора да кажуваат на секој по улица.
    Какви бре пропаганди за поделба?
    Не имаме секс со некој и на начин како што ќе каже некој друг, туку како секој преферира индивидуално.
    Веќе постои таа поделба.
    Проблемот е што се правите слепи за нејзе.

    Постојат луѓе кои изневеруваат, ако не, немаше да посотојат и вакви теми и да знаете примери со изневерување, лични и од втора/трета рака.
    Само ако си признаат какви се, ќе се спречи (барем делумно), изневерувањето.

    Зошто некој би ветувал дека ќе биде моногамен до крајот на животот, кога не го планира тоа воопшто?
    Зошто лагата?
    Зошто криењето?
     
    Последна измена: 30 август 2021
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Зошто сака партнерот да му е моногамен. Просто како грав :D
     
    На LoneWolfGuy, Dentina, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Безобразно, без почит кон партнерот, себично... имам еден куп зборови за 'состојбава' (wtf)
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека сум изневерила, па сега се оправдувам (facepalm)
    Немам изневерено, напротив сум била некогаш одамна изневерена и не ја продолжив врската.
    Тоа што го напишав е мој став и мислење.
    Накратко кажав дека неверстовото не значи несакање, туку себичност и слаб карактер.
    Очигледно некој не ја сфатил поентата.
    И да не глумиме ангели, не сме. Ангели на небото барајте, на земјата нема (fingers)

    НО! има случаеви кога значи несакање!
    Ајде ќе ја земам за пример Ана Карењина од големиот Достоевски - најкратко што може:
    Млада, убава, сиромашна и принудена од родителите да се омажи за богат и стар.
    Ана го изневерува. Дали неверството на Ана е оправдано?
    Значи како што кажа членката погоре и јас се согласив - не е неверството црно-бело како што го трубите упорно и упорно.
    Затоа се читаат класици и квалитетна литература, не бестселери (бајки) каде што сè е црно и бело и турски серии. За да видите надвор од кутијата во која се наоѓате, ама тоа е веќе друга тема, да не бидам оф топик.
    Поздрав и терајте како што ви е убаво, па макар било црно и бело :*
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Факт е дека се' повеќе се цели кон раздор меѓу народот.
    Ете пример, зошто се залагаа во личните карти да пишува етничка припадност?
    Македонија е под огромна пропаганда да се дели на 2 целини веќе со години.
    И какви се' не други борци за права и други се поттикнуваат само да се дојде до конфликт меѓу народот.
    Еве да ти објаснам нешто. Моногамија и полигамија се погрешно употребувани и злоупотребени поими за оваа тема. Тие термини не се однесуваат ниту на врски, ниту на секс, туку во главно на брак.
    Зборот моногамија има се состои од два старогрчки збора: monos (едно) + gamos (брак). Моногамија е кога стапуваш во брак со еден партнер.
    На сличен начин и полигамија (префиксот поли значи повеќе). Полигамија е кога стапуваш во брак со повеќе партнери, а не кога си во моногамен брак па швалерисуваш. Полигамијата е често присутна во тибетскиот регион.
    Значи, браковите се делат на полигамни и моногамни, а не луѓето и нагонот за секс како што кажуваш ти.

    Е сега, ако ти сакаш ти да има поделба на луѓе кои можат или не можат да го контролираат нагонот за секс со друга личност, за мене тоа е бескорисно. Не можеш ти, врз база на луѓето кои ти ги познаваш, да одредиш дека мнозинството изневеруваат, кога едноставно не е така.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.