Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    486 глас(а)
    19,4%
  2. Не

    2.018 глас(а)
    80,6%
  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.486
    Па како би ги нарекувале: верни и неверни?
    Има еден назив monogam-ish, или пак етичка не- моногсмија за оние кај кои партнерот знае. Не вараат само нимфоманки и сатиромани ил како се нарекуваат мажите со пореметен нагон.
    1001 причина за сексање со други има, од кои најмалата е дали партнерот е доволен за сите потреби. Не би сакала да ме лаже партнетот ама ако на пример јас на 50 год одлучам дека не ми треба веќе секс, не значи дека и него нема да му треба.
    Има луге со различен степен на сексуална активност и ако се спојат минимум и максимум или ако се деси нешто во текот на животот што ќе го ослаби нагонот кај едниот, дали другиот треба 20-30 години солидарен да е? Или да биде искрен и да си каже кои се неговите потреби. Ама ..... тоа обично ќе значи урлање по дома и драми.
     
    На LoneWolfGuy, SV1911 и Izaabella им се допаѓа ова.
  2. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Секој случај си е своја приказна. Не може сега ние да генерализираме поединци па да правиме поделби на општеството.
     
    На LoneWolfGuy и moon1 им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.486
    Ова не е општество, туку повеќе природа:D. Сексуален нагон е посилен од било која социјална конвенција. Пример: гарант оние што вараат се заколнале во црква ил каде веќе дека партнерот ќе им биде единствен/а и после...цврц. Не важи.:yawn:
     
    На Izaabella и Milan444 им се допаѓа ова.
  4. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Токму затоа не треба да има општествена поделба во однос на ова.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    d.png
     
  6. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Примарно значење се знае и гледа и на твојата слика кое е, другите се потточки. Јас објаснив како што се учело во мое време.
    20210830_191954.jpg
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не зборуваме за 17ти век, туку за 2021.
     
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    67.668
    Многу зависи од личноста, за мене пред се доаѓа емоционалното неверство и губење на доверба, предавство. Неверството може да биде и допишување и флерт, а штом сме стигнати до таа фаза значи дека веќе нешто сериозно не е океј.
     
    На cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Само што сега ти одлучуваш со кој ќе стапиш во брак, а не мајка ти и татко ти. Па нема и што да се оправдува.
    И каква врска има читањето на квалитетна литература со реален живот?
    Каква е допирната точка со објективноста?
    Очекувањата за верност се производ од читање на бестселери и турски серии?
    Многу сте ми интересни вие начитаните. Нешто супериорност демонстрираш?
     
    На Amellie13 и SV1911 им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    17 век како податок претставува кога прв пат е забележана употреба на тој поим во конкретниот англиски јазик.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Јас го користам зборот 'моногамија' по денешната дефиниција, не по тоа како се зборувало во 17ти век.
    Аман да не се објаснуваме за вакви работи.
     
  12. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Вајлд, многу забегуваш од колосек понекад.

    Насловот е јасен - дали би простиле неверство.
    Ниту ме заболе дали сме по природа полигами или моногами, ако некој ме изневери не простувам.

    Овие дискусииве за полигами врски на теми каде одговорот е прилично ист и краток, искрено ми личат само на фејк "оупенмајндед" фасада.
    Или пак, сте изневериле па сега потсвесно се трудите да се објаснете затоа што одвнатре ве копа совеста.
     
    На LoneWolfGuy, cresa-jagoda, Tan4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Како и да е, полигамија нема поврзаност со изневерување.
     
    На Amellie13, Idedemja, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.972
    Пол:
    Женски
    Гамос е брак.
    Оти не се разбирате?
    Однос со само еден партнер,де.
    Она збори за брачна моногамија,а ти може ги сметаш и социјалната и сексуалната моногамија.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Точно :)
     
    На nextredstyle и venus♡ им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Јас сум во отворен брак и не ми е јасно, зошто оние кои не се моногамни по природа, не го признаат тоа на партнерите и да си најдат партнер кој како нив размислува?
    Зошто наместо искреност, одбираат лажење и изневерување?

    Поврзано е едното со другото.
    Ако беа моногамни, немаше да изневеруваат.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.215
    Ама и тебе може да ти се случи да бидеш изневерена. Според твојата дефиниција за неверство:!:, ти текнува. Е тоа е темата- дали би простила?
     
    На baby-star, GrimTheReaper и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Секако дека можи.
    Ама помала е шансата ако сексот не мора да е моногамен во една врска.
    Мажите на пример, во 99% од случаите, изневеруваат чисто ради секс.
    * и по некоја жена, ко мене :angel:

    Простив еднаш емоционално изневерување.
    Лага.
    Имам пишано некаде на темиве...
     
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А ќе простиш?
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Абе читај го барем то шо го цитираш :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.