Да се надоврзам на претходниот пост, за дали ќе заборавам - незнам; знам дека не би ми било гајле доколку она ми покаже дека стварно се кае и прави ствари за да ми покаже дека и значам....тогаш би можел и да го заборавам и да не го спомнувам никогаш !!!
Потполно се согласувам со тебе иако мислам дека не би простила неверство од проста причина што ако тој ме сакал немало да ме изневери па после колку сака нека се кае кога веке го сторил тоа зошто ако еднаш ме изневери ке има и втор пат.Така да не е ниту првото ниту поледното машко на светот ни па единствениот иако премногу го сакам но такво нешто не би поднела.
Гергана како можеш после се да останеш со него, а со најдобрата другарка сигурно очи не си гледате сто и не треба ама требало и него да го откачиш па ако сака и 40год нека се во прашање...зарем он е единствениот па да мора да го трпиш...и ако останеш со него цел живот ова ќе ти го прави а ти ке си ги кинеш живците...
Јас живеев исто во розева бајка,верував дека сум му единствена како и тој на мене,ама јако се за*бав што верував во него слепо.Првиот пат кога слушнав дека мме изневерил не верував воопшто и слепа и глува се правев го оправдував..потоа потајно и лицемерно како и што секогаш си правел идиотот мој од дечко ме изневерувал со која и ќе стигнел,со девојки во кои ни на сон не би помилила дека би се заинтересирал за нив -грдосии , не прибирал ништо немал никаков критериум па дури и со постари ,постојано во тоа време ме контролираше се ми забрануваше ми се закануваше и многу др лоши работи....јас бев огрооомна будала ....Му верував слепо а тој испадна најголем идиот на цел свет ,премногу го сакав ,премногу си ускратив и одмори ,и излегувања,не се запишав на факултетот што го сакав, другарки немав се заради него ме заплашуваше постојано ,му се смирував зошто секогаш успеваше да ме прелаже дека не етака и јас му верував..кога ќе сме се скарале тој им се пуштал на сите.. живееме во "два различни света" и затоа немав ни време а намев ни од кого да дознаам што се случувало сите криеја се од мене .... касно се освестив испаднав изманипулирана 100 на саат...на никого не му го посакувам тоа да биде заслепен ,а најмногу од се болеше тоа што ме замени со никакви ..очигледно е дека ни тој самиот не вредел...а и јас касно сватив дека сум била најголема глупачка..Девојки кога еднаш ќе замижете пред неверството саму му отворате поширока врата ,а со тоа и самите ќе се повредите...Нема оправдување ни за еднаш ,зосшто акое еднаш значи дека не сте му значеле ништо и не помислил на тоа дека ќе ве повреди кога му се случил тој "eden pat" ....
Познавајќи се самата себе, сигурна сум дека нема да простам никогаш неверство. По било која цена би жртвувала се. Ако седам јас мирна е богами и тој ќе си седи мирен, ако сака живот и брак со мене нормално, а ако не сака, тогаш нема жива сила која ниту него ниту мене да не сопре во неверството.
Јас не би простила,ако простам тоа ќе биде лажно простување,јас цело време ќе мислам на тоа,никогаш нема да му верувам и да не му спомнувам ке пукнам во себе,ќе се измачувам така да тоа не би било врска би било измачување,јас сум таа што не би можела да живее со тоа.А на крај краева па кога можам јас да бидам верна и да се трудам толку во оваа врска и да живеам за нас двајца,не очекувам ништо помалку од него,тоа си го знае од почеток,ако не му одговара јас не го држам
Леле,леле...кога ја отварам темава секогаш ми се повраќа.Немојте да слушнам некој да одвали па не отварај ако не ти одговара,не можам,просто ме тера нешто,тоа се вика надеж и верба,ама попусто. Де дајте од тие скршените садови,па лепени на кои им се познаваат пукнатините да повратам еднаш... Ме убиваат стереотипи...па уште зачинети со контрадикторности по други теми,па уште ега до плафон,па уште и неразумност,па уште кога сите се прават фини и поштени...просто ми оди да пукнам како предувано новогодишно балонче. Немало да простат...бре!На човекот му се згрешило еднаш и нема бре,срце и плаче,не може без него,ќе качи сто кила за три дена од чоколади,ама нема...така викаат сите,неверство е какана работа.Не викам за оние што растур парават,опасна крајност,зборам за оние од немајкаде.Да ви кажам...има такви дечковци кои си ги сакаат девојките,ама зошто сто години се со нив,оваа им врзала каиш за врат,ама на овие им одговара,ама почнува да ги гуши некое време,дечкиве си наоѓаат начин да си направат мерак барем еднаш на страна,да речат,немав една,две имав со кои легнав и да можат на раат да се оженат,а вие...никогаш да не дознаете!Е има,има...па сега вие како сакате.Ама жените имаат тенденција да претеруваат во филмовите во глава,да не сослушуваат и ете ти,стари моми,па глумат повредени,па не можат повторно да веруваат на маж.Па кој те терал да веруваш?!На себе можеш само 90 проценти да си веруваш,па да се заебеш и да си простиш,а па не на друг.Тоа е,живот,се случува,како се однесувате како да сте некоја многу висока форма на живот,сепак сите сме само луѓе. Мене не ми е јасно,една девојка кажуваше,бил љубоморен,ја терал дома да седи,ја затворал...и чекај,тоа не ти беше доволна причина да му раскинеш,немаше доволно љубов за себе тогаш?!Сте биле два сосема различни света како што кажуваш ти,си изгубила се,а си продолжила со него...па после откако си сфатила дека те изневерува,си го оставила?!Епа...извини како да ти кажам...сама си си крива,а што го нарекуваш говедо,стока,ваков онаков,не те прави ништо подобра.Ти прво сама себе си се изневерила,па потоа тој тебе,ама знаеш...се ќе трпи,ама неверство никако...стереотипчето ни балканско ем македонско.И пак од се на крајот,неверството е потенцирано.Е како да не ти оди да се џитнеш од деветти спрат после вакви муабети?!
Знаете шо не ми е јасно? До каде бе со мејнстримско размислување и синдром на стадо... Да сме клинки недораснати па ај да слушам секакви глупости и да летаат стандарди принципи и моралности - 3 за 100... Деградирачки е да зборите за себе како за светињи, или за кутри жртви кога се работи САМО за недостаток на муда, пардон мај френч. На крајот на краиштата, ако сте се закачиле со детиште, ако сте му простиле еднаш стегнете стомачни за нов бокс, пошто голема е веројатноста да ве плесне пак. Шизик на ризик, тражили сте-гледајте систем ти е тој. Немам ништо против тоа девојката да се труди околу својата врска и да прости ако има реална основа за тоа, ако дечкото не е мочко по правило, туку по исклучок, како што знаеме сите да бидеме понекогаш...Не ми се случило до сега, затоа викам - не би простила..Ама неможам да тврдам дека нема да ми се случи... Се ценат околностите во целост, а не самиот факт - ме изневери или не. Поенатата е ако сте легнале -ќе ве газат... И сами сте криви...А ако ви стапнал на прсте по исклучок, плесни му шамар раздери и move the fuck on, решавајте, плачете, сјеби се малце психички ако ти вреди, ако не, аривидерчи и крај на приказната. Унифицирање и шаблонизирање ме вади од такт. Пикни го егото во џеб, тргни ги емоциите на страна и процени го како човек... И подобри си го стандардот за мажи меѓудругото.
Пред да се фатам со дечко ми викав ајде еднаш-два пати може на секој да му се случи ништо страшно ќе простам.Луѓе сме и мене може да ми се деси. Кога некоја другарка ќе ми се пожалеше ја изневерил дечкото викав голема работа се случува. Ама сега не знам како би се помирила со тоа дека бил со друга....ја осипувал со бакнежи....неам идеја. Можби би простила и пак би била со него,ама не би се помирила со тоа, би му се качила на глава додека не се покае. Али во случај да се посомневам и во најмала ситница после тоа...толку ќе е.
Jас уште побрзо имав пишано дека дечко ми ме има изневерено.Јас психички се измачував со тоа што ме изневерил.Дознав од други,но тој во никој случај не си признаваше.Еден ден добро го стегнав и мораше да кажи.Од тогаш ми стана полесно,кога ја имаше таа искреност.Ретки се машките што си признаваат. Ама сватив колку се кае поради тоа.Тој сега мене в раце ме држи што се вика. И друго нешто што сватив е дека не вреди поради НЕКОИ јас да си ја растурам врската иако и тој самиот бил виновен.Никогаш нема да се каам за оваа одлука.Дури горда сум што имав врска со многу падови,а сега се чувствувам како да го достигнав врвот. И сметам дека добро е тоа што ме изневерил на почетокот,затоа сега ќе нема потреба. И сигурна сум дека нема тоа да му се повтори..и никој нема да ми докаже дека ако го направил тоа еднаш,ќе го стори и втор пат.
Не би му простила колку и да го сакам... ако го направил тоа еднаш ке го направи уште еднаш.....И така
Јас би простила неверство и би сакала ЛИЧНО од него тоа да го дознам,а ако сака да продолжи да ме изневерува-нека повели-ако некоја друга го прави среќен нека биде и со нејзе,би го одобрила и тоа ... па тоа е љубов за мене.
Никогаш не вели никогаш.. Ама мислам дека оваа фраза кај мене нема да важи.... Би ме повредило многу ако ме изневери... А да изневерам никогаш нема да го направам ... Не ми ни паднало на памет !
Не би му простила...доколку му простам тој можеби повторно ќе го направи истото а можеби и не..но како и да е, мене ќе ми влијае тоа неверство на врската и колку и да се обидувам да не мислам нема да биде тоа што било некогаш и затоа подобро е да се стави крај на тоа бидејќи ако тој те сака доволно нема да си дозволи да направи такво нешто.
Да, мислам дека би простила, зависи дали се работи за еден излет или афера.Како и да е мора да се разгледа цела ситуација, убаво да се размисли за причините и последиците доколку се стави крај на една пред се брачна врска.
Зависи, не е ова прашање за да или не одговор, даден онака напамет,барем за мене. Сите сакаме љубовта да трае засекогаш и да не дојде никогаш до изневерување, ама изневерувањето и тоа како се слуцува. За мене зависи од доста фактори пр. во брак или во врска, во нормална состојба или при „прекин„ за една нок или паралелна врска, итн итн да не набројувам. Јас сум простила иако не ми се веруваше кога претходно сум мислела на оваа тема, кога ми призна не ме погоди толку многу нештото за да не простам.Или премногу го сакав или не ја дозивеав др.особа како вистинска конкуренција или спој на двете, не знам...
Кога го видов ова за гласање..да или не...мммм тоа не може така да се одговори.Зависи од многу работи:карактер на двајцата, дали се извинил тој што преварил искрено се кае и тоа ништо не му значи...можеби бил пијан но тоа не е оправдување.Сепак човечки е да се простува би можеле да простиме но не и да заборавиме!
за мене има две опции,или ќе го оставам или добро ќе го претепам и него и дотичната со која бил,па потоа ќе му простам и останам со него. п.с.се надевам дека горе наведеново ќе нема можност да се оствари поради тоа што не ми се оди во затвор.