Па ако сум во врска и ме привлече друг тогаш вршам неверство во срцето. Не сум имала дечко до сега, но понатаму кога ќе имам доколку го привлече друга, нема да му простам. Ако му шарат очите по други девојки, зошто да е со мене. Нека си оди кај нив.
Ама не можеш да влијаеш на тоа дали ти е привлечен некој, или не. Можеш да влијаеш на тоа како ќе постапиш.
Ај да прашам нешто. Пример еве мој дечко со мене во врска и излегува некоја надарена девојка по улица, привлечна, и овој гледа во неа и во главата бубачки има. Дали тогаш ме сака сеуште?
Доколку се понаша убаво спрема тебе и имате добра врска, секако дека те сака. Сите ние имаме очи и знаеме да препознаеме некој што е привлечен за нас. Тоа не значи автоматски дека сака да легне со друга, а уште помалце дека е неверен.
Фала Богу дека нема да ме сака. Веднаш бубачките им влегуваат во глава кога ќе видат некоја згодна девојка, па и лезбејка да е нема шанси да ѝ кажат "штом си лезбејка, оди со жени прави го тоа". А пак ако им даде корпа, веднаш ќе почнат да ја навредуваат. Искрено, не би ми пречело мој дечко да гледа по мажи, па нема да ми пречи и да ме изневери со машко. По машки слободно нека гледа, и нека ме изневерува со машко ако веќе сака нешто на страна. Тогаш лесно ќе помине, ќе му кажам само чао пријатно. Но, ако има манија по друга девојка, уште и да ме изневери телесно, тогаш мајка му ќе му носи чорби во болница. Затоа јас не сакам никаков дечко, што ќе ми се такви женскари. Не ги ставам сите машки во ист кош, секако дека има и нормални што кога имаат девојка, само нејзе ја гледаат и непостои никоја друга освен неа за нив.
Се си мислам се сомнева во сопствениот дечко дека не може да си ги контролира нагоните и речникот негов. Или да преформулирам не е сигурна дека знае да цени една девојка и дека можеби е женкар.
Who hurt you? Или можеби млада си. Нема шанси да не ти фати друг око дур си у врска. Тоа не значи дека изневеруваш. Ама ако почнеш да превземаш нешто околу таа нова личност, тогаш да, повеќе не те интересира партнерот. А ова, полесно ќе простам ако ме изневерува со мажи отколку жени нема логика. Значи имаш многу ниска самодоверба. Неверство е неверство без разлика на пол.
Хаха, не. Немам дечко јас и среќна сум што не ни сум имала до сега, затоа што ако имав, 100000% ќе бев до сега изневерена. А тоа што си го пишал "не е сигурна дали знае доволно да цени една девојка" не сум сигурна дали се однесува за мене или за некој си "мој" дечко. Ако се однесува за мене, да знаеш дека јас никогаш не сум против девојките затоа што ние жените треба да си помагаме, а не да не знаеме да се цениме. Ако се однесува за "мој" дечко, доколку не му шарат очите по други девојки, нема да имам никакви сомнежи. Никој не ме hurt, фала Богу. Реков дека не сум имала дечко до сега. И да, млада сум и секако не сум искусна. Еве јас сум имала симпатии кон некого, некако кога имам симпатија за еден, никогаш не сум имала и за друг во исто време, ниту сум му ја приметила убавината. Штознам, можеби за секого е башка, како што велиш нема шанси да не ти фати око и друг. И на пример зошто мој дечко да ми каже "види ја оваа девојка колку е убава"? Што ми е гајле за таа девојка дали е убава или не? Да каже само дека е убава, можеби ќе простам. Но, ако ја искористи, веќе преку тоа не можам да пројдам. Нешто од што најмногу се плашам е неверство, затоа и си велам подобро да немам дечко. И не знам зошто воопшто нема да ме боли срцето ако ме ме изневери со машко. Можеби затоа што не чувствувам љубомора кон машко. Секако дека нема да му простам, ќе му кажам само чао пријатно. Но, ако ме изневери со женско... не знам зошто, но нека му ја мисли после ако се осуди да ме изневери со женско. Нема потреба од дебати, едноставно јас не би опростила неверство, вие доколку можете да простите, навистина секоја чест за трпението. Ако ме изневери, значи дека не ме сака. И секако, ако е верен, не би погледнал друга девојка, а ако погледне друга, тоа е негово право. Едноставно јас си немам такви квалитети како што имаат тие што ќе ми каже во лице "види колку е убава оваа девојка". Доколку сум ве навредила несвесно, простете, не ми беше целта да навредам некого, само си коментирав тоа што го мислам во врска со темата. И јас сум била строга значи, на мојот иден дечко (ако го имам некогаш) ќе му забранувам да се занесува по други девојки, а пак ако ме изневери со нив, тогаш тешко него. Тешко на мојот иден дечко со мене, го жалам уште сега.
Прво, и јас никогаш не би простила неверство. Ако имам партнер а имам симпатии према друг, правам емоционално неверство. Ако погледнам во друг, не изневерувам. Ако видиме на тв привлечни луѓе и ако дадеме комплименти за истите, не се изневеруваме, само коментираме. Друго е ако сме искочени и дојде некоја девојка и мојов коментира дека му се свиѓа. Искрено, не гледам потреба и крајно некултурно е според мене. Он во глава може и ја соблекол ама, не мора мене да ми пренесува. Освен ако не им е фетиш на некои луѓе да си споделуваат дека се палат на трети личности. Верувај ќе приметиш разлика од обичен комплимент спрема привлечна девојка, и коментар кој ти дава до знаење дека ликот е thirsty по друга особа. Ако те изневери и со машко и со женско, клоцата у гз и да не се замараш. Тоа со љубомори, не вреди да љубомориш на друга девојка ради некое дотично машко. Ако до толку некоја девојка ти прави несигурност, работи на себе да го искорениш тој проблем и да се подобриш себеси.
Па како ќе знаеш дека мерка?Сте се разминале ја погледнал,не значи дека во текот на денот нема да му пројде низ мисли каква девојка видел.Нема ни да знаеш дали меркал ја мислел и сл.
Не би простила неверство никогаш,фино лепо прекини со мене и оди со која сакаш,без да ме лажеш,и без да играме детски игри,ама денеска за жал се изгуби вредност,женските трпат оти го сака многу дечкото па да не го изгуби немој,а машките си даваат секакво право за жал…
Значи едноставно не може да си привлечен за една личност константно. Ќе ти се јави желба за друг, кога-тогаш. И не можете да контролирате, без разлика колку сте љубоморни. "Ама јас не би погледнала друг ако сум со дечко ми" - Ноуп,лажеш. Ние не сме моногамни суштества и едноставно е неизводливо цел живот само еден да сакаш да ебеш. Ако у мисли некој друг ти е привлечен, сигурно тоа нема да го кажеш на партнерот, нели? Бидете искрени со себеси.