Како може да ви е Нормално додека сте во врска и заљубени и ја посакувате личноста со која што сте, да ви биде привлечна трета, пета и уште незнам колку други личности? Моментот кога ти е друг/а привлечен/на и ја посакуваш е моментот кога настапува емоционалното неверство, батали врска одма. Болест.
Што? Биолошки сме програмирани така. Ако некого засвиѓаме тоа не значи дека ќе имаме односи со таа трета личност. Затоа се вика тоа самоконтрола. Не е изводливо цел живот да не се загледаш понекогаш во некој друг, без разлика дали е на минување или ватевер. Според мене, само една личност и ништо друго на свет да не те пали е болно. Значи претерувате понекогаш.
Нормално е да ти бидат привлечни други луѓе додека си во врска. Она што е битно е што правиш во врска со тоа. Ако тргниш да ги реализираш фантазиите дефинитивно не е во ред. Не можи никој да ме убеди дека на светов постои некој што цел живот имал очи за само една единствена личност. Секако и во фантазиите има граница, ако стануваш опседнат со другата личност и не мислиш на ништо друго долг период па влијание на врската. Има разлика меѓу љубов и привлечност.
Не е нормално! Вие што ве привлекуваат други личности додека сте во врска не сте ни нормални ни морални. Толку.
Види, не мислам на посакување друга личност додека си во врска, тоа не е нормално и во тој случај е најдобро да се раскине. Мислам едноставно на привлечност. Да видам некого и да помислам дека ми е убав/а, да ме привлечи. Еве пример Дамиано ми е привлечен и тоа многу. Не сме на копче па автоматски сите останати да ни се грди кога сме во врска.
Ок суитхарт, супер е што ти си нормална и морална, ни е не мора. П.С. Гледаш шоуа? Филмови? ТВ? Какво неверство паѓа кога ќе видиш некој кој би го онадела тогаш, въй, въй, въй...
Ако гледаме така, некои луѓе (особено од постарите генерации) за твојот ник на форумов можат да речат дека е неморален.
Јас веќе сум ја избрала личноста што ми е привлечна и ја сакам. Сите други може да ми бидат општо убави и привлечни, а не лично мене да ме привлекуваат. Во ред ми е да искоментирам за убава личност, но не е во ред во врска ако осеќаш привлечност кон друг/а. Подобро откажи се од врската.
Ако сум сингл, да, би осетила нешто такво, но да се палам и да ме привлекува некој селебрити од ТВ додека сум во врска? Не. Не сум 14 годинки. Единствената личност што ми се допаѓа, ме привлекува и ја посакувам е личноста со која што сум во врска и која што ја сакам, сум вљубена во таа личност. Никој друг не ми е убав и привлечен лично мене. Можеби е убав како појава ама мене да ме привлекува било кој покрај дечко ми, нема да се деси. Со години сум во долги врски и ми се нема тоа десено. Што не ви е јасно вас "отворените"? Такви личности како мене постојат, не сум заостаната. Само не го прифаќам тоа како нормално затоа што не го чувствувам како такво.
Мислам дека сите тука што коментираат дека не е нормално друг да ти биде привлечен, го кажуваат тоа затоа што не сакаат да се соочат со фактот дека и дечковците може понекогаш се загледуваат во други женски. There, I said it.
Е да бе како еден хормон да имате. Once in awhile кога ќе видете некој топ дечко да си кажете јао какво маченце, мн нормално е. Шта је лепо и Богу је драго
Да бе нормална, и ние само коментираме. Cause saying you'll do someone, and doing him/her, are 2 different things. Ups, изгледа веќе и ти си у неморалните.