Даа, во ред е тоа, тоа е нормално да те интересира што би била причината, но не би простила само за да ја дознаам, верувај.. Мислам, не по втор пат.. ( добро на бившиот што ме извара му фалеше 90% мозок, 100% психијатар и веројатно неколку воспитни шо не ги добил како дете).
haahhahahaa sigurno mu falelo,ama ajde next sto ke dojde mozebi poaren ke bide,a i sum izneverila posle nego,ama ne e toa toa,koj ima vo glavata cel zivot ke se kae,lele ne trebase,ne deka ne bese ubavo ama ne sum jas toa,a sekogas me interesita zosto se slucilo toa
Хахах, многу повеќе, јас не сум изварала никад, не би се осудила си се знам, би раскинала ако би имала намера да пробам со друг. Сега си имам дечко и најбитно е што осетив што е вистинска љубов и правилна врска... а дека ме интересира зошто ме изварал, ИЧ, нека крши глава он и следната ќе ја извара .
Srcko uzivaj si,ic da ne mu ja mislis,kako nego ke ima nema da izumrat hahahaja ama nemoj kako mene da izneceris,se bilo samo 2,3 cm pomalku ili poveke hahahaha se bilo isto, ili razlika vo baknuvanje,da ne navleguvam vo detail hahahaha oti mozam bezobrzna da bidam hahaha ubav den kissss
Нема гајле, убаво викаш , да не му ја мислам само да уживам, задоволна, среќна и убава..Доволно е хаха , поздрав најголем
Ne razbiram, ne sum bil u vrska ama ne znam zosto lugje se fakjaat u vrska, pa varaat i posle mislat deka nema pak da go napravat toa
Јас во врска бев една година.На денот на нашата годишнина дознавам дека тој купил карта за прошетка кај некоја негова другарка шо се дружел пред 10години. Ми направи толку голем филм како тоа тој да оди да бара работа за нашата иднина. Веќе е таму и секое стори му е како е излезен ужива и троши пари. Пред да оди ми побара и еден месец пауза. Ете, до толку испадна кретен.
Социопатски карактеристики се ова. Поарно што сте се разделиле сега, отколку после деценија и две деца. Кога и да му се пружала прилика за нешто (според него) 'подобро', ќе ја 'искористел'. ... си се спасила со време
Do sega sum bil vo nekolku vrski i so gordost možam da kažam deka nikogas nemam iznevereno, a neverstvo ne bi prostil nikogaš
Си се покажал во право време..членката многу подобар ќе си најде.. Јас пак не ги разбирам овие што изневеруваат, како? Ако сум заљубена во еден човек, кон тој човек имам емоции, кон тој човек имам чувства и не би можела друг да посакам..
I jas isto, zosto bi vleguval prvo vo ljubovna vrska so devojka ako ne ja sakam? , ili pak koga sum bil vo vrska kade i da sum so masko drustvo izlezen primer i ako dojde do slucajno zapoznavanje so nekoi ženski nivni prijatelki poznanicki ili slično ako primetam deka nekoja ima interes kon mene a jas sum vo vrska sekogas im dadam doznaenje deka ne sum dostapen za poveke od prijatelstvo, na kraj kraeva sto ima taa random ženska sto go nema mojata devojka? Haha
Мене и да се случи да ми пише освен ако не нешто поврзано со обврска не се ни трудам да видам кој е што е , игнорирам и блокирам почесто, а дечко ми се зафркава- Ти пишал и ми личи на Леви Штраус хахаха
Не . За мене неверство е тоа што седел некаде со некоја познаничка ( небитно е тоа што е познаничка , може и најблиска другарка да му е ) , а јас дознавам од неа а не од него . Ја изневерил мојата доверба . Неверството е најмалку во секс / мување . Ако тој не сака да ми каже дека ќе оди / бил , на кафе со познаничка , како да имам јас доверба во него за многу подлабоки и поважни работи во животот ? Не е проблемот во физичкиот однос , колку што е во психата по таквото сознание . Јас би се изела жива себе си , милијарда прашања би ме измачувале од типот - зошто не дознавам од него , дали имал скриени намери ? Секако , ден и ноќ би зборувала на таа тема , дури и да нема ништо повеќе од пиење кафе . Секако , не се сите како мене .
Буквално исто. Ако ми каже и да е секс, не ми е гајле; ако ми скрие и да е само кафе испиено, ќе се налутам. Го имаме поминато ова... Ич неќам лажење.
Дали се смета за неверство ако со партнерот веќе месец-два не сте тоа што бевте и сте се договориле дека ќе прекинете само го чекате денот во живо да го расчистите тоа, а 2 дена пред тоа имаш краток бакнеж од 5 секунди со друг?
Не е битно тоа дали бакнежот траел 5сек или 5мин, не си ја ‘јади душата’ дали е или не е неверство, чим нема љубов со партнерот а и двајцата го знете тоа расчистете си што побрзо, не си го трошите времето залудно
за секого е различно. Во ваква ситуација појди од себе. Дали ти би го сметала тоа за неверство ако партнерот направи вакво нешто.
Ne mora vo zivo da se sretnete ete gotovo bilo koga veke i so drug se gledas, ic ne se macete da se sretnete