Е а замисли децата ако ги има како си ги учела. Ќере да трпи и ќути, а синко да прави што сака, битно да е он жив и здрав, добра жена ќе истрпи се.
Pa ako ne trpi zhenata, znachi ne e domakjinka, si rastura semejstvo za sitnici(sho ako imal seks so druga, ne ke mu se istroshi) i treba vednash razvod da i se pobara. Razvod po brza postapka! Koja e zhenata da bara vernost od mazhot?! Mazh e on, sho saka mozhe da pravi!
Страшно како генерализирате значи не сте воопшто во право. Во долгогодишен брак за жал ретко да познавам таков пар кадешто не се случило неверство без разлика дали се работи за маж или жена. Премногу пристрасно застанувате на страна на жените како да жените воопшто не изневеруваат. Познавам еден куп бракови наоколу подолги од 10 од 20 години некои ги познавам лично, за некои сум слушнал неверства фрчат на сите страни и мажи и жени изневеруваат подеднакво. Строго сум против неверства но еве луѓево во подолги врски и бракови не знаат да останат верни за жал. Намалете малце со двојните стандарди и виктимизирање само на жените пошто за да се случи неверство потребни се 2 страни. Тој што врши прељуба и тој што се впуштил во прељуба со зафатен маж/жена. Така да работите не се само црни или бели и мажи и жени се подеднакво криви кога е изневерување во прашање.
^ А според тебе за да нема виктизација што треба? Дека припаѓаш на машки род да ви се дозволи секаква акција и излет? Притоа алудираш дека е нормална појава во долгогодишен брак да е нормално изневерувањето. Не, не е нормално! На мажот оти има звонец во ѓаќите не му е дозволено и опростено да го пика каде сака, еквивалентно на тоа ајде ако не сите со сите да се изневеруваме, оти нели според тебе тоа е сасвим нормално?! Е од вакво просто размислување секој втор е разведен и ниту една жена не смее да си дозволи од себе да прави будала за некој недоквакан, неизживеан неандерталец!
Ама мажот да го пика ко што викаш мора да има жена, а таа жена е некогаш зафатена, некогаш не. Не сум читала наназад во темава само ова ми падна во очи.
Незнам кај прочита дека прифаќам изневерување и го претставувам како нешто нормално. Нормално не е ич, но го има за жал и тоа многу и фер е да се каже дека и жените изневеруваат исто како и мажите. И пак ќе нагласам за неверство се потребни двајца а тој што влегува во такви излети со личност што е во брак е исто толку виновен колку и неверникот. Така да глупаво е да се каже дека мажите само изневеруваат кога во самиот акт учествуваат и машко и женско подеднакво. А жртвата исто може да биде и машко и женско бесмислено е да се генерализира и стигматизира само едниот пол како виновен.
^ Да, во врска/ излет влегуваат двајца и маж и жена, ама не може да биде виновна спротивната страна, односно швалерот/ката, туку партнерот сопствен. И секое оправдување и опростување на ваков низок удар треба да е крај уште во самиот почеток. Се останато е реприза на настаните!
Зошто швалерката/ швалерот би бил виновен колку тој што изневерува? Бракот си го одржаваат сопружниците, а не други луѓе. Третата страна е крива за ниска самопочит.
По некогаш третата страна не ни знае дека е трета страна. Така да не ја гледам вината во третиот или третата.
Ниска самопочит и непочитување на туѓ брак. Човек со етика никогаш не би се умешал во туѓ брак знаејќи дека можи да повреди трета страна во вакви случаеви сопружникот на личноста со кого го прави неверството. Така да првостепено точно е дека сноси помала вина но второстепено со самото тоа што е учесник во неверството има и тоа како вина. Btw оваа Наде што сите ја нападнавте дека трпи и си трае мене ми личи баш обратното дека она го има изневерено сопругот и затоа нема никаков проблем и тој ако ја изневери нека ми прости ако грешам.
Дали се смета за неверство и доволна причина за крај допишување со друга особа, во тие допишувања и безобразни работи како што ќе си прават кога и ако се видат, нешто така во тој стил.
Повеќе од доволна причина, неверството не мора да се случи физички за да биде неверство, неверството започнува уште во главата на човек кога е со намера да изневерува.
Има и во странство неверства, ама таму бате одма клоците во газ му ги даваат, па секој на своја страна. Овој затуцан менталитет кај нас му дава за право на балканските мажиња, уште не тргнати од сукната на мама, дома да ги чека жена и деца, притоа да му е таа домашната и слугинка и боксерска вреќа, а надвор да брка млади пи®иња.
@Arkann @Wideperpetual ви благодарам, тука станува збор за мене, почнав да пишувам со особа со која се знам уште пред да го запознаам мм, особата гаи сипматии спрема мене со години, низ сите овие години секогаш знае да пише да се пошегува дека мајка ми не ме дала за него ( се знаат со мајка ми) дека уште ми го има меракот , да се видиме и сл. никогаш не сум возвракала на муабетите, секад сум ги террала на шега, ама овој пат возвратив а искрено не дека сакам да го изневерам мм, едноставно во лутина и гнев ( се караме лошо периодов за работи од минатото кои јас ги рчнувам) почнав да си пишувам. Инаку и мм го познава дечково и примети дека ми пишува ама не обрна внимание го смета за безопасен оти со години си пишува тој Имам грижа на совест а воедно и гнев и желба да го повредам маж ми. Не можам да си најдам нзс.