доссега не сум била во таква ситуација,и не сакам да се најдам и незнам како би реагирала.па јас се лутам и кога ке разговара со друга малку на поблизок нацин хмхмх па не да го фатам на дело.
Pa moze da se prosti samo ako musko izneverilo a ako zenskoo nikakooo [mod-kirilica:2fsujjcz][/mod-kirilica:2fsujjcz]
А што е разликата меѓу неверството од страна на машко и неверството од страна на женско? Или и ти размислуваш по оние стереотипи всадени уште од искон во Македончето дека жената е таа што треба да седи дома и да ја гледа куќата и децата, а мажот мора да „шара“ оти е сепак маж? Ајде, баш би сакала да ми ја објасниш разликата
До пред некое време веднаш ќе речев НЕ, но со тек на време некако ми се смени мислењето. Ретко денес да се најде верна личност, па ако навистина сакаш некој и сакаш да бидеш со него ќе простиш. Велат ако те сака нема да те изневери - се сложувам и со ова, но теориите се едно, а праксата покажува нешто сосема друго. Знам еден куп личности кои би сториле се за својот/та сакан/а но пак изневериле, причина има еден куп, сомнеж дека партнерот претходно го сторил тоа, момент на слабост, желба да се проба нешто ново итн. Ако и покрај тоа што изневерил тој се уште сака да остане со мене мислам дека би простила.
Маци,не те разбрале доволно мила Ова е типично машко размислување,нив им одговара да вараат и да им е простено,а да е обратно те бришат од животот...се надевам на ова мислеше...Велат да простиш -всушност си ја прочистил душата,но јас велам да не им простуваме па да си го прочистат мозокот.
Јас ја разбрав убаво што сака да каже, само сакам да ми појасни, дали е тоа нејзино размислување и зошто така размислува. Ти изгледа не си разбрала што ја прашувам
Што се однесува до мене , НИКОГАШ не би простила неверство .Зошто да простам ?Да си ја погазам гордоста и сопственото јас за кого ? за некој што не ме цени доволно како личност, што не ме почитува? Велат штом се десило еднаш ќе има и втор пат, златно правило. Имам другарка , го сака премногу дечкото и што ќе каже тој за неа тоа е закон и забранува повеќе и од родителите. Нивната врска не е одобрена од нивна страна ,таа се крие , лаже дома и се, а тој ја вара наоколу и тоа замислете пред некој ден дозна и за некоја 4 личност , 4 пати ја изневерил . Таа седи дома казнета не излегува никаде , а тој си го тера ќејфот со други и ајде каде е тоа негово сакање? со што и докажува дека ја сака? со тоа што ја вара? Раскинаа 2 месеци не беа заедно заради родителите нејзини , и она сега дознава за таа 4 , се десило додека оделе, он се правда као маче мое тоа било никогаш повеќе ... останува во минатото , но јас не мислам така и никогаш не би била со човек што и 1 би ме погазил никогаш,а не 4 пати и тоа за тие 4 знае, којзнае уште колку се... Јас мислам ако простиш неверство не е до тој што изневерува, секој сака да седи на 2 столчиња додека може , мислам дека тој што простува е нестабилна личност , не иживеана , не спремна да го живи животот сама, со свој правила , секогаш и треба некој да и посочува што смее а што не,се плаши да остане сама, се чувствува ранлива и заштита бара во некој што ја прави будала пред сите ... а згора на тоа да и набива рогови и да излегува со други, епа неможам да пројдам преку ...Можеби грешам ама тоа е мое мислење.
Велат дека кога женско изневерува дека е поголема шансата да се заљуби, а машките само задоволуваат физички потреби. Со други зборови, женските изневеруваат со срце, а машките со тело...Јас мислам дека на ова мислеше девојчето...
Порано одма ќе кажев не, но сега искрено ми се менува мислењето.. Имам прилично долга врска и во никој случај не би ја отфрлила од мене поради една грешка. Е сега! Има голема разлика од изневерување до изневерување, ако се поврзани емоции тогаш дефинитивно не Сигурно ќе ми треба подолго време, и сигурно и ќе ми годи самотијата некој период, ама би му се вратила...
а можеби сакаше да каже дека ова е балкан и дека мажите сеуште може да се толерираат во неверство ,ама а со кого изневеруваат мажите?
Дали ќе простам или не, зависи од некои работи, како прво и основно дали во аферата емоциите играле некаква улога. Доколку се работи само за секс за една ноќ би можела да преминам преку тоа, меѓутоа ако се вмешани тука емоции во никој случај. Јас секогаш во сите врски сум била верна и тоа сум го барала од партнерот, меѓутоа после извесно време брачен живот сепак би го сфатила невереството од причина што после 10 или 15 години брачен живот не очекувам партнерот да ме сака и да го привлекувам со ист интензитет како сега. Не велам дека не очекувам љубов, без љубов сигурно не би била во брак но можам да сфатам доколку тоа се десило само за промена и секакво не постои никаква хемија помеѓу партнерите. Но доколку тоа е нешто повеќе од секс за една вечер во никој случај не би можела да делам кревет со некој кој додека спие со мене мисли на друга. Јас лично не би била способна да изневерам, од причина што сум голем емотивец и премногу се врзувам за луѓе, и секогаш велам дека доколку јас почуствувам потреба да бидам со некој нема зошто јас да се мачам себеси смислувајки лаги, ниту правејки будала од човек што ме сака. Достојно ќе излезам од врска со чиста совест отколку да повредам некој задоволувајќи ги моите желби и каприци.
Луѓе па ако се вмешани веќе емоции во неверството што има тука да простувате, никој нема да ви бара прошка ќе си отиде сам кај таа што му ги пробудила тие емоции!
Порано да би простила, бидејки сеуште бевме деца и ни леташе паметот.. Ама сега кога се повеќе ни се зацврстува врската мислам дека не би простила во никој случај!!!!!!!
Не. Зошто сум за не? Затоа што доколку не сака да е со мене, не е животно врзана. Нека расчисти со мене, а потоа среќен и’ пат.
Тој што вистински те сака,му значиш и е сериозен во вашата врска нема ни да помисли да изневери,тој што ќе изневери никогаш не ни требало да биде со вас никогаш не ве сакал вистински...тоа е моето мислење
Вистинската љубов може да се докаже на мал милион начини а не само преку моногамна врска. Не го оправдувам неверството но би можела да го простам , но физичко малтретирање, психичко оптеретување и непочитување се работите преку кои јас не би поминала. Колку ќе вреди нечија верност ако се осмели да дигне рака на тебе, ако дојде и врз тебе ги истура фрустрациите од семејството и пријателите, или не дај Боже со тебе лечи свои комплекси??? Сте се запрашале ли??? Или само јас не би простила ако ме сака нема да биде со друга, епа драги мои не е се така едноставно и розево во реалноста
НИКОГАШ! Тоа е најбедното и најпростачкото нешто што едно машко може да му направи на девојче(и обратно). Ако веќе имаш врска со некого, значи дека си со него и само со него. Кога сакаш да имаш нешто со некој друг, раскини па крши глава. Колку ли е гадно чувството да бидеш близок и интимен со некој што знаеш дека пред тоа истото го правел со друга. Да бакнува и допира друга, па после мене, и тоа да го простам?!?!?! Каде им е мозокот на тие што го простиле тоа? Не само што нема да простам, туку ќе се одмаздам на сите можни начини, има да плати тој што ми го направил тоа. Со или без емоции, каква врска има тоа? Грев е тоа бе луѓе, грев. Да ја изневериш довербата, љубовта нечија да ја фрлиш во вода како да не постои. Не знам дали само јас волку трагично го сфаќам ова, ама ете, така мислам јас.
НИКОГАШ..не би ни размислувала околу тоа.Никогаш нема да изневерам некој и затоа не сакам мене да ме изневеруваат ЗОШТО ДА ИЗНЕВЕРУВАМЕ КОГА СО ЕДНА ЛИЧНОСТ МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ СЕ ???