Еднаш да е, да разберам. Ама постојано? Таква личност не треба да биде во врска. Колку сака нека звучи ова грубо.
Причините за неверство се пресудни и секогаш треба да бидат разгледани од двете страни. Голем мит е дека секогаш е досада, баш напротив. Често е ради отсуство на хемија, недоволна сексуална сатисфакција, невложување напор за остварување на фантазиите за време на чинот од страна на еден или двајца од партнерите. Ако се утврди причината и има простор за разговор на цивилизиран начин, решавање, може да се даде втора шанса. Иако, непишано правило е ако се случи еднаш ќе се повтори и во иднина.
Не треба да се прости. Ќе си простиш на себе си дека тоа ти приредил животот ,ќе се помириш со тоа и продолжуваш напред.
Не. Тоа според мене е непочитување. И не е до тој што е изневерен, до тој што изневерува е. Тој е несигурен во себе.