Искрено, ако изневерував, би сакалa дечко ми да ми прости. Животот е премногу краток за да се задржуваме на грешки а и што знам можеби понекогаш изневерувањето се случува со причина можеби работи недостасуваат во врската. Незнам некако би очекувала тој да се обиде да го реши проблемот или нештото што недостасува наместо се да падне во вода поради еден проблем. Само мое мислење.
Изневерувањето не е "само еден проблем" туку дека си живеел во лага некој период од животот, за којшто е крив партнерот кој ти нанел штета СВЕСНО. И обратно. Ако не оди, се става крај.
Никаква причина нема и не може да има, сфатете го тоа. Ако недостасуваат работи некои, ќе си раскинеш, а не "утеха" во друг да бараш. Ако е будала нека ти простува слободно, нека се погазува самиот. Не заслужувате да ви простат, не треба да ви простат.
Pa mila mislam deka treba da se sedne i da se razgovara za sekoj problem vo vrskata.A so toa neverstvo ne se resava nisto.Podobro da posocis sto ne cini vo vrskata pa da se obidete zaedno da napravite da bide podobro.Sekoja vrska znae da pomine niz monoton period no,zatoa postoi razgovor.Ako ne odi podobro da se stavi kraj.Barem jas taka razmisluvam.
Te разбирам потполно но неверството не значи дека не ти е грижа за твојот партнер. Некогаш може да биде повик за будење дека нешто не е во ред. Мислам дека простувањето зависи од околностите и дали и двајцата сакаат да ги поправат работите. Сите сме луѓе на крај и никој не е совршен Разбирам и се согласувам дека комуникацијата е важна. Но, понекогаш дури и кога се обидуваш да разговараш за нештата, емоциите можат да преземат и грешки се случуваат. Ако двајцата се подготвени да работат на врската тоа не мора да значи крај на врската по ваков проблем.
Значи преку неверството уствари ти покажуваш оти се грижиш за партнерот нели? Тролај си на раат ајде. И во реален живот само тролови да имаше, а не озбилно вака да мислат, и да го спроведуваат на дело..
Секогаш изневерувачите се вадат на тоа дека сопругата заслужила така,како развод да не постои. Ама не,не се разведуваат "поради децата" Децата се најбитни,мора да се извадат на прав пат. Не се лажете девојки,нема ништо од таа работа. Си нагази еднаш една моја колешка,за друг пат и не и текна
Не можи и да сакаш некој и да го повредиш истиот тој некој толку длабоко. Не оди едното со другото, ни при проблем, ни при момент на слабост. Пошто секогаш можиш да одвоиш секунда да се прашаш како ова би се одразило на партнерот. И ако заклучокот ти е дека моменталното задоволство ти е поважно - треба и полека да се соочиш со последиците кои евентуално ќе стигнат.
Street Button ON - ALERT. Surova realnost ama toa e. Igranje seriozni vrski e samo maska za pred narodot, tesko na zheni ili momcinja so takvi licnosti
Obicno lujgeto gi gledam kakvi se vsusnost i kako se vlozuvaat vo vrski i so pravat. Taka da mozi da me ppvredi nekoj ako sum dozvolil jas, a toa e so davanje pocit i doverba na tskvi lujge so normaliziraat izneveruvanje.
Izneveruvanje ne e siten problem pa, ajde kje go resime, toa e krsenje na casata, na doverbata, ne oti samo neverstvoto krsi ama ete sme se fatile za toa. Prelevanje na casata prasanje e dali se resava, ne pa krsenje. Zosto ti e da ti prosti koga toa e odraz na "nesto ne ti e dovolno vo taa vrska". Sto kje ti e prostuvanje, da se macite uste zaedno? Zivotot ne e za macenje, do dusa ima lugje sto samo ako se tretirani kako stoka pocituvaat i cenat, ima i toa.
Е така, арно ѝ кажа. Може со тоа простување сака она будала да праи од него, као знаеш, јака цура, може секој да го има, само треба да посака, па нека трча ако е будала и нека ја моли, за нејзина грешка која е за секаква осуда. Као лекција ќе му одржува на тој начин, да го "опамети" за да се сменело нешо у врската, да има поише страст или да е позабавна на пример. Независно од пол, гнасни дно дна личности се ова. Нив егото им се полни и храни, коа вака кршат нечие срце, изгледа невидено задоволство осеќаат во тој момент. Гадови. Чим си се оладил толку, и веќе гледаш да го замениш со друг, до тука било. Биди човек, раздели се поштено, ама не, знам оти јако чувство им е да гледаат како повредуваат други. И со ова провоцира и не знам што ѝ е целта, ама прегрдо звучи, дури и да е трол ко што мислам. Ете како е гадно вака да размислува и да се понаша некој, затоа и зборев тогаш пред некое време дека ваквите типови само за осуда ти се. Нема што друго да мислам за нив. Подли луѓе.
Nikoj nikogo ne pravi budala so varanje, toa taka izgleda na start, posle dr pesni se peat, osven onie sto partnerot ne gi ostava i golgotata si trae.Ovie generacii vo odnos na varanje se kako deca koi moraat da naucat nesto, ne znaat sto sakaat, ne znaat da se posvetat i da se zadovolni so toa sto go imaat i toa e toa. Zivotot e ubav ako umees da si ja naredis, par ne sekogas lesno si ja nareduva, ne zavisi se od eden.
Имам зацртано некое мислење во мојата глава за кое и јас уште не сум сигурна зошто тоа така го размислувам, а верувам и дека сите тука многу ќе ме осудат. Не сум мажена, тоа да разјаснам. Ама мислам дека не постои брак во кој барем еден од партнерите нема изневерено. Едноставно според мене брак не е брак ако немало неверство. Си се чудам и ја сама на паметов зошто го мислам ова, и најверојатно е затоа што до сега што сум зборувала со блиски, другарки, дечко итн., вклучувајќи и кај мене во фамилија, барем еден од родителите имал изневерено некогаш. Си викам некогаш у глава ај стај се на место на изневерена сопруга, што би напраила. Искрено, би простила. Ама ај и стај се у нозе на сопруга што изневерува. Како што кажа @CheekyChick, би сакала сопругот да ми прости. Мислам дека изневерувањето не треба да биде причина за развод. Као да, неверство е next level и таа болка на превара и забодување на нож директ во грб е друг вид на полудување и ментално изреметување (од искуство кажувам како варана девојка). Да, варањето не е грешка што само ете така се деси, свесно го правиш тоа. Ама можеби во такви моменти сфаќаш дека можеби уште повеќе го сакаш партнерот? Не знам. Mixed feelings имам на целава тема и на прашањето и не знам што би напраила. Ништо не се збори пред време. Чекам напади хахаха
Емоциите ќе надвладеале, грешки се дешавале курци палци. Еве моите емоции на гнев ќе ме надвладеат и може да ве убијам некој ден од чиста мира. Па простувајте ми после. Не е до мене де, емоциите ме управуваа. Па уште и будали си ги праите саканите тие да го решавале проблемот, ако ставеле крај, тие криви оти не простиле. И шо грешка е тоа? Не се сопињаш на камен и да паднеш на кур туку цел процес си го правиш сам и знаеш дека тоа не е во ред ама друг да решава проблем. Мајке ми. Јас на фризеркава ми е срам да ѝ кажам дека сум се шишала кај друга, а не на дечко да му барам ебавање со друг да ми простува.
Ако брак не е брак или врска не е врска без неверство, тогаш зошто влегувате во брак или во врска? Да понижувате или да ве понижуваат со сила? Ако сакате да ве понижуваат, слободно, ама немојте да очекувате дека е нормално и дека треба да ви опростат ако вие го правите тоа. И нормално дека имало и ќе има неверства кога вака ги нормализирате и опростувате.