Се прашувам вака, овие шо изневериле и предизвикале пекол на другиот погазувајќи се, дали вака кога легнуваат на вечер да спијаат не им идат ли мисли дека направиле зло од сите размери? Вака не ги јаде малце од малце совеста дека убиле некого? Како спијат мирно и спокојно? Да, и тоа е убиство, буквално убиство, ама далеку повеќе погубно. Кај отиде овај свет, страшно..
Да сметале дека не е океј, не би го ни правеле тоа на прво место. Јас од вакви луѓе се ежам. Човек што му забол нож у грб на оној со кого дели перница, може и другарство да расипе многу лесно. Затоа кога сфаќам дека е некој варач, на дистанца и то е то.
Многу од мажите разбираат/поддржуваат неверство и воедно ги оправдуваат нивните другари само во случај кога жената е трудна. Најверојатно дека и самите би изневериле кога ќе им дојде тој момент. И ова е многу алармантно. Зборнете и ќе се уверите. Исклучоци секако постојат, но тука не станува збор за нив. Туку за мнозинството мажи.
Таман работа за напаѓање. Си дискутираме ние тука. Сакам да кажам дека ако ти си имала лоши примери од секојдневието, не значи дека тоа е на место. Не секогаш значи дека ако некој е постар, е паметен. Точно е дека со годините си доаѓа и некоја своја тежина, но не кај секого. И ти зошто вака размислуваш? Само бидејќи имаш такви примери во секојдневието? Мене баш ваквите луѓе ми се репер, за тоа како не треба. Зошто твојот брак уште непочнат го осудуваш на пропаст? Што ако твојот будучи муж си почитува некои свои вредности? И од кога ќе изневериш, сфаќаш дека имаш направено огромна грешка? Што ако ти побара развод, место да ти го заборави варањето? И зошто некој е должен да преминува преку себе поради твои грешки? Не мислам ништо лошо со прашањава, само ме интересира и не го сфаќај како напаѓање, оти немам таква намера. Ако некои луѓе згрешиле во живот тоа си е нивно. Не дозволувај атмосферата да те понесе, па и ти да правиш како нив. Возрасна си, можеш и сама да размислиш и да одлучиш што е добро за тебе, а што не.
Факт е дека после ебење нема каење. Јас се знам себе си и знам дека никогаш не би го предала парнерот ни физички ни психички. А за тоа дека имам лоши примери од секојдневието си комплетно во право.
Не ми е донесен заклучоков туку-така. Еве девојките што имаат партнери/другари/ликови потенцијални партнери нека зборнат на темава, ти зборни со другарите. Мене лично не ми се допаѓа, ама нема да дојде некој да ме праша зошто баш мене не ми се допаѓа ова.
Чекај не ми е јасно, у бременост не смее секс? Јас колку што знам, за ниско-ризични смее во текот на целиот период. Башка еве и да не смее, и да не сака жената. Нека си купат FLESHLIGHT, не е скроз исто ама има дефинитивно паттернс што се дури и поинтензивни од обичниве. Башка ако сме искрени, ако е правилно третирана надворешноста има многу skin-like фил, као страшно многу. Шо онадувачи ќе беа ако 9 месеци не може да издржат без да го брцнат у некоја дупка, брее на толку ебачи требаше наталитетот во бум да ни е.
Во ред. Ти си знаеш најдобро. Ова ќе го пишам сосем неповрзано со муабетот погоре. Поише поштувам луѓе шо се во отворен брак, (иако јас никад не би се согласила на ова), што така си се договориле, него партнери што си бодат ножеви меѓусебно. Не ми иде некако да гледаш некого во очи и да го лажеш, некој со кого би требало да делиш сè. Ако некој сака толку да се ебава на страна, што е толку тешко да се седне на маса и да се каже со отворени карти. Па има разни решенија. А не вака со лажење и подмолно, нема пониско од тоа.
Не е темава бременост па да ја носиме офф-топик. @SeñorPink @CheekyChick направи истражување слободно. Молам.
На темава ти коментирам од лично искуство, доколку е нормална бременоста до четврт месец можеш да имаш секс со свршување внатре после четврт месец не е препорачливо докај 8 от месец. За време на бременоста жената особено ужива во сексот, сексот да биде нормален само да не биде страстен за да не дојде до повреда. Ако жената има нормална бременост а психички страв за да има секс мажот како маж треба тоа да го разбере. Од лично искуство бремена жена колку шо сака и ужива секс глупост е да причината биде таа и нејзината бременост за да он шврља наоколу. Значи заклучок шврљал и пред тоа ќе шврља ко е бремена а ќе шврља и натаму, ниту жената е проблем ниту бременоста. Едит: да се надоврзам, трреба да ти фале нешто женати 5-6 месец да се мачи да го носи твоето дете а ти да одиш по жени. Жално е шо кај нас уште жените се економски зависни од мажите па потоа живеат живот шо не треба да го живеат затоа шо идиотот не може да си го задржи во гаќи а не е способен да ја опушти жена му за да имаат секс. Да е во странство развод следи. И го оправдувам целосно тоа.
@Realist1 не е темава бременост, да не одиме офф-топик. Темава е зашто на мажите им се брца, секогаш и секаде, под било каква околност (во темава само дадов пример каде го оправдуваат). Исклучоци реков има, ама не е тука за исклучоци. Него за грото повраќаници од мажи.
неможеш така да генерализираш затоа малку повеќе поопширно пробав да објаснам дека не е до жената ни до бременоста. Исто е ко ја да речам има жени кои едвај чекаат да останат трудни па без проблем да си одат по мажи - а реалнo има вакви ама за тие 50 жени на 2 милиона нема да ги ставам сите во ист кош. Иначе неопростливо е во двата случаи... те разбирам шо ти е поентата ама недела де малку да подискутираме
мислам дека имам слушнато нешто слично, не ми текнува целосно околоноста, мислам дека еден тип ист муабет правеше, се жалеше жена му е бремена и не му дава, а него му се клецка. ама тој тип беше/е кретен.
Ако се спомене дека на грото мажи им се приебнува нешто туѓо додека жената им е трудна, одма доаѓаат Mr Right-овци тука да се бранат како дрвени адвокати и да ни кажуваат дека пропагираме лажи со тоа фамозното " генерализирање" , иако по 100 пати е напоменето дека е ГРОТО мажи а не СИТЕ мажи. И така, ќе не јебат тука во здрав мозок, ама после ќе одат да си ебнат и нешто настрана. Шо вика Гош, мех.
Чекајте збунетa сум сакате да кажете дека има мажи кои ги оправдуваат своите бремени жени да изневеруваат? Или тие изневеруваат трудници? Во секој случај, страшно е
Да јас сум за да го правам она што ми е добро во моментот, но да ја изневерам својата бремена жена? во време кога таа е најранлива и го носи твоето дете, тогаш која е поентата да се бидеш со неа?