Браво за цврстината на познаничката, ако издржала силна до крај, иако ваквите не ми се за восхит што се коцкат со емоции. Јас знам за случај кадешто таа започна со ваков план. Му ја избрка швалерката, почна емотивно да го освојува пак, за да потоа убаво му се освети кога и тој започна да и возвраќа и потклекна таа на тие "емоции". И сега среќно си живеат во емоционално-манипулативно-токсична заедница. Ве читам да ви обезбедел куќа, работа, кола итн.а зошто да чекате тоа од таков кретен? Зар не можете самите? Јас од таков ниту презимето сакам да му го носам не па... Не сакам ниту тој, ниту било кој утре да ми пререче му зеде. Е сега ако стварале заеднички, да фер е да се подели подеднакво и што е можно побргу разделба. Со емоции нема играње играчки.
Да изгубиш уште толку време на што? Ја не би посветила време на такви ни најмалку, едино ако се погоди ситуација да ми падне во раце па да се одмаздам а сама да ковам планови дополнително да трошам време no way.
И сигурна сум дека него воопшто нема да го интересира ништо во врска со тоа. Така што само изгубено време е.
Не се ни соменвав во то. Само е малку ... кој е точниот збор. Хм. Лицемерно. Вервам во нуди/ прај само то шо би сакал да ти е праено и тебе. Ако очекуваш да ти прости партнерот за изневерување, треба да бидиш спремен да го напрајш истото. Ама, ако не можиш да замислиш да простиш изневерување, шо си поќе за некој да ти прости тебе? But hey, that's just me.
Ех само да знаеш какви се животни приказни има кај луѓето нема да ти се верува. Кога би ти раскажал ке можеш да напишеш роман од 1000 страни.
За изневерената страна е крај на светот! Изгубена љубов и изгубена доверба. Чувствување невредност. Добивање депресија.Помислување на извршување на самоубиство поради претходно наведените. Најранливата душа и го извршува тоа. Изневерувачката страна си го гледа само сопствениот ќеф без да помисли на болката на изневерената страна и на можните последици од актот. Од религиска гледна точка, неверството е грев. Од морална гледна точка, неверството е повреда и непочитување на чувствата на изневерената страна. Само наивни простуваат оти не се свесни дека кој/а еднаш изневерил/а ќе изневери пак. Тој/таа кој/а вистински си го сака партнерот/ката не изневерува ни еднаш. Тој/таа кој/а изневерува не е способен/на да сака и е зла личност.
Entertain me. Ме интересира во кои ситуации би простил ако те изневери партнер(ка). Ете, не мора 1000 страни. Една доволна ми е. Фала.
Неверство = deal breaker, не заслужува втора шанса па и да се убил ради то, возрасни сме и никој не завршува случајно во нечиј кревет. Ама кога си признаваш дека би изневерил, барем биди спремен да си ок со тоа да те изневерат. Или не знам, ако сте нестабилни или полигамни, не влегувајте во сериозни моногамни врски. Или јас премногу очекувам common sense и емоционална интелигенција од луѓето, да помислат една секунда на другиот наместо само за себе. Ни срам, ни совест.
Ни под точка разно. Сите сме свесни за последицата на направеното дело. А проблемите се решаваат на маса,а не во туѓиот кревет.
Така е. Неверството според мене е непочитување. И не е до тој што е изневерен. До тој што изневерува е. Тој не е сигурен во себе.
Точно не е крај на свет, но е крај на таа врска или брачна заедница. Простуваат само личности што немаат лична почит и не се сакаат доволно себеси. Или во светот на славните да не им пропадне заедничкиот бизнис.
Кеај на светот не, но почеток на газење на личноста која што со неа имате се': почит, љубов, разбирање. Тогаш зошто потреба од изневерување ?
Можат да се најдат причини многу, оправдани и неоправдани. Еве поради здравствени причини, едниот партнер е импотентен, фригиден а другиот е хиперактивен. Поради некоја болест на еден од партнерите....
Па причините не се решаваат со менување на партнери. И да, токму тие здравствени причини, можат да доведат до дополнителни здравствени причини полово преносливи болести и сл. Ама кај некои страстите се пред се. Свеста уште долго нема да биде развиена.
Кога сакам некој обично простувам многу лесно, иако мислам дека кој еднаш изневерил големи се шансите пак да изневери, сигурно би простил.. Само ако веќе одлучиш да простиш треба да бидеш спремен да му веруваш пак, што може да биде многу тешко.. Имам простено неверство, не беше класично неверство, ама имаше договарано со бивиши да се сретнат, според мене и тоа е неверство. Таа врска на крај заврши пак со неверство.. Така да ми ја потврди тезата дека тој еднаш што изневерил пак ќе изневери. Интересно е што таа да не ми раскинеше, јас би и го простил пак.. А дали и повеќе пати ме има изневерено незнам, можно е, ама не сум човек кој сака да се занимава со тоа да проверува дали некој би те изневерил или не, кога сум врска со некоја добива целосна доверба и слобода од моја страна не можам да се мачам со детективски работи. И сегашната девојка да ме изневери сигурно би и простил.. Тоа ми е најголемата слабост што простувам и што треба и што не треба и сите мои бивши на овој или оној начин ја искористиле. А неверството ако можеш прости, ама подобро е да не простуваш. Оној што навистина те почитува и сака, ако му фали нешто кај тебе ќе дојде ќе разговара прво со тебе, а не да го бара тоа што ти фали кај друг. Од друга страна ако разбрал дека не сака да продолжи со тебе/не те сака повеќе, од почит ќе стави крај на врската со тебе и после ќе оди да бара други. Не е мое да судам, секој греши, ама ако веќе решиш да простиш, мораш да продолжиш како ништо да не било. Прости и остави го тоа зад вас, ако почнеш да се сомневаш дека пак би сторил исто, да почнеш да го контролираш... Немој да простуваш остави што ќе станеш токсичен за другиот, ќе се уништуваш и себеси..