Може и поради разлика во годините, едниот партнер има 45г. а другиот 60г. Едниот може и сака а другиот неможе. Има случаи каде тој што неможе свесно, молчејки или со зборови му дозволува на партнерот да го прави тоа. Ако едниот неможе не треба автоматски на другиот партнер да му се забрани ако има потреба од тоа. Тоа природата го дала и не се сите луѓе исти.
Ако знаат и двајцата и си дозволуваат да имаат секс со други тоа не е неверство, тоа се вика отворен брак..
Како функционирате вака? Неверство не се опростува во никој облик ни во пријателска врска.. Тоа е дел од нивниот карактер а такви особи не сакам и тоа дека ќе се повтори е факт.
Нека е жива и здрава, убаво ми било додека траело без разлика на се, може не знаела како поинаку... Таа мислела дека така е најдобро за неа, а и јас сум си ја бирал и сум простил еднаш иако некаде во себе знаев дека може пак.. Можам и да ја разберам до некаде зошто така правела и зошто била склона кон неверство, ама не би за тоа тука далеку е од темава многу и не би да и го прекаживам живот на форум... Ми значела па сум простил, не дека се дичам или дека ми набила рогови само го дадов како пример дека може да се прости..
@Mr.Limonko уше колку треба да се изгориш за да си ја научиш лекцијата? Вака испаѓа дека самиот не се цениш и дозволуваш будала да те прават. Не, нишо више нема да е исто како до тогаш, се лажеш. Коа еднаш напраил такво нешто, не му е проблем пак да го стори. А сомнежите до крај ќе си постојат, штом еднаш е разрушена довербата, толку е. Ептен треба да си глуп и без свое јас па да ти е сеедно после нешто вакво.
Па таа утре во брак, апла дома ќе ти го носи , па ти можеш да ја разбереш , зошто така правела - склона била кон неверства . Зини земјо голтни ме. Друг ќе ти ја ренда , ама ти си со ставот "љубовта е посилна од се" . Барем не се резили со коментариве.
Уште многу, ама овај пат добра изгледа избрав нема да се изгорам за да дознаам. Што да правам таков сум, наивен до некаде и глуп како што рече, за се простувам особено кога сакам некој. Много пати и молчам и кога лажно ме обвинуваат и не се бранам за да е мир.. Може ќе се смени во брак. Не се резилам, кажувам мислење... Од секогаш простувам и мислам дека е најисправно да се прости и да се обидеш да го разбереш другиот иако знам дека не треба..
Швалерски приказни на ангро...додуша која странка си во приказната такво мислење си споделуваш. Ама да не се правиме наивни неверство си е неверство и се знае како треба да се третира и постапува, е сега што тоа зависи која позиција ја заземаш др.приказна.
Брат твојата перспектива на гледање на работите ти ја сфаќам ама ќе бидиш повреден многу ако немаш граници и сфатиш дека личностите што изневеруваат не заслужуваат никаков третман освен да си простиш себе си и сфатиш дека заслужуваш подобро и да ја за заборавиш оваа личност.
Ти, а и сите ко тебе, заслужувате да се затрескате онака јако до земја по некој шо ќе ве вара на кило, а истото да биде од оправдани причини секако.
Некој живее во 21 век а некој уште во 15, тоа е. За некого светот пропаѓа, а за некого не, по истото прашање.
Јас зборев за неверство од аспект кога еден од партнерите поради болест или поради разлика во годините не може да си ги извршува брачните "должности". Зарем другиот партнер што му се може и му се сака да страда поради тоа? Си го сака партнетот таков каков што е, не сака да се разведува, ама сака и интимност. Може ли да се најде решение?
Да си го издрка... Ма да не знам како му се ебе коа жена му е пример болна, и уште да смета дека страда оти пичка не му дава ради тоа, али тоа е мужи... Статистички наречени себичњаци,а ја би рекла генетски отпадоци у заграда психопати, што си ги шиткаат жените а легнат болни за 200 грама месо... А нив а им падне гзот одма се молат за опроштај и одма се заљубуваат и изгледот не е битен, бла бла бла... Абе со стап никоја да не ве пипне.
Леле скроз си во право. Жени, да си најдете маж шо е по 20 или 30 г постар од вас, и нормално богат да е. Па кога ќе неможе више, ем ќе можете парите да му ги трошите ем и со помлад да се фукате. Оправдано е, не смее ни да ви писне. Жими се брат, ова е сон на секоја жена, алал да ти е.
Хахаха А ти каде прочита дека мажот е што изневерува, во истата ситуација може да се најде и жената, ајде размисли малце. Не е финтата во тоа само автоматски да плукате по мажот. Употреби лош збор "психопат". Овој маж е џентламен. Еве ти еден пример( најверојатно измислен ) : Жената има 46г. влегува во климакс и либидото и е на доста високо ниво ( не по нејзина вина, природата така сакала. Мажот има 59г. либидото му паднало многу ниско ( не по негова вина ) Се сакаат, имаат семејство, добар заеднички живот и се високо едуцирани, само немаат секс. Мажот е свесен за потребите на жената и едноставно вели "денес барем е лесно". Некако премолчено и меѓуредови и става до знаење на жената да се снаоѓа без да и рече најди си љубовник.