Еве ти пример ако сакаш некого нема да ти текне на друг,а камоли да појдеш да се еб..со друг/а.Да и откако ќе се врати жената,мажот топло ќе ја пречека во прегратка,и ќе ја праша како си помина,дали е задоволнаДај не се глупирај те молам
Не плукам ја автоматски по мажот, него ли вие сами по себе. И темава е иначе за НЕВЕРСТВО, а не за поли, свингери, кукхолдери или џентлмени шо и даваат на помладата жена да се онади надвор од брак, оти нема да најдат друга што ќе им го тера домаќинлукот и децата на стари години. Ти убаво си кажа дека ќе ја вараш жена ти ако падне болна оти нема да го умочиш, а ти се сака и тие патетични спиновања на напишани зборови не знам ни како помисли дека ќе ти пројдат кај мене. Ајт.
Ама забравуват дека на стари години мажот неможе више, а жената може до смрт. Епа тражили сте, добили сте.
Не се свингери, бидејки мажот е импотентен, а ниту воопшто и рекол на жена си да иде да се е_е со друг. Само е свесен за ситуацијата во која се наоѓа, не праќа приватни детективи да ја следат жена му, не ја прашува каде била, како си поминала......
Ова од аспект на "нема шо да се збора - се раскинва" или од аспект на "се турка под тепих и се продолжва"?
Не би се дружела со личности кои сметаат дека изневерување на партнерот не е big deal. Најголеми back stabberi се таквите.
Како може некој да спие до некого откако едниот го изневерил другиот. Зборам и за двата случаеви и тој што тоа го прави и тој што тоа го простува…не ми е јасно…која психа е то
Неверство никогаш не би простила. Сум се маткала со машки (ништо сериозно ама искачање со месеци), што немале муда да ми понудат врска официјално и до сега сите што искочиле со друга сум ги фатила. Си седев мирна ама веќе кога ти си ја даваш таа слобода и ја ќе си ја дадам. Ќе им вратам на ист начин, ќе ќутам и ќе го чекам моментот кога ќе се заљубат до усши во мене. И на крајот у фаца сум им плескала. Нокаут
Не знам како би ти се чекало да чекаш моменти да вратиш. Кармата кад-тад ќе го плесне во лице. Те изневерил, чао пријатно, по гомно се пушта вода и се иде напред.
Од уста на уста и од човек на човек што шета,тоа не е убаво било да е маж или жена.Само кога е твое е вистинско .Сега за неверство,има многу кои знам дека простиле и продолжуваат заедно,само незнам како црвот не ги јаде дека простиле и даваат шанса пак да бидат изневерени ,да живеат со сомнеж дали пак ќе има друга личност,па каде е со кого е,па какви му се чувствата кон неа и безброј други дилеми .
Никогаш, не гледам здрава причина зошто некој би простил неверство.За да изневериш некого со кого делиш се, прво треба да ја изгубиш почитта кон него а потоа и емоциите, затоа не ја гледам поентата на простувањето неверство.
Здрава или нездрава причина да простиш неверство... јас кога добро ќе размислам никогаш не му простив, само се трудев да функционирам. Го спремаш по негова желба без реална потреба да оди во странство, да спечалел господинот... се случуваат низа околности и будат сомнеж а ти со луда храброст одиш кај што е сместен и го фаќаш жив... не правиш скандал, не викаш и не убиваш... си одиш. Се враќаш дома ако тоа може веќе дом да се нарече и гледаш две мали деца, си ги чувала како бисерчиња. Си викаш "и сега што?" Имаш каде да одиш, имаш работа имаш глупави паришта... ама тие деца го сакаат и тато. И пробуваш да функционираш, некако... со лутина во душата и вечно прашање "зошто?". Децата растат и сваќаш дека ќе си го фатат својот живот како што е редот... ама имаш мајка овој пат, жива... ќе ја умриш ако се вратиш... И?... работава е одјеби се и гледај се себеси...
За мене довербата е основа на секоја врска. Кога еднаш ќе се скрши, тешко се враќа. Не би сакала да живеам со постојана несигурност. Ако некој еднаш изневерил, може повторно, особено ако простиш еднаш. Имав искоментирано дека секој знае што прави и уште си стоам зад тоа. Не можам да бидам со некој што свесно ме повредил.
Колку се мислев во тој период... "не, не би направил, не е таков" . Ете направи... од тогаш незнам, веќе не беше важно... децата ми беа важни само, да не ги повредам... незнам. Можеби грешам некаде