Кој го изгубил срамот да му кажеме кај да го пронајде. Тоа толкави мажи, да не пишам толкави волови во бракови ршум прават, ене читај и погоре зошто демек простила, ти па ќе ги опаметуваш. Греота само кога ќе уништат некоја или некои поштени особи, а за друго исти нека си се бираат и ај таму. Јас знам за случај ја изневери таа одма дома и си кажа па од стрес блиска особа срцев удар. И не му прости...абе ко ништо да не било. Толку да не се цениш и почитуваш, сакаш себеси еве не разбирам.
Тоа чувство на „не би направил, не е таков“ сепак се случи. Запомни дека грижата за децата не значи дека твоите чувства не се важни. И ти имаш право на мир и на живот без недоверба.
Да, но кога ќе ги видиш тие деца си викаш " зарем сега сонот да им го уништам? Скандал да направам? Трауми да им создадам? Куќата да ја превртам, да ја запалам? Да ги влечкам по судови? Да ми ги испрашуваат од социјални служби? Да ми доаѓаат дома проценители колку можам да ги чувам? Што да направам?" Да, како жена бев понижена и повредена ама уште бев мајка, сакав да видам здрави, цврсти деца пред мене, еден ден кога ќе им кажам зошто заминувам тоа да ги повреди минимално. Не е само направи пекол и замини си. Лесно е да направиш скандал, да доведеш блиска личност до срцев удар... јас не го сакав тоа, сакав здрави, стабилни деца и мајка што ќе ја гледам подолго жива. Сега имам пред мене такви деца, може да се разговара со нив. Кога еднаш ќе станиш мајка, веќе не си сама... да, одсега ќе ги бранам моите чувства, и тој го знае тоа. Знае дека е крај. Ти благодарам за твојов одговор
Бурмата... таму е некаде, фрлена на некој автопат во некоја држава. Можеби некој ја нашол досега, 3 години и 8 месеци се поминати. Тогаш заврши тоа...
Pred nekolku dena raskinav so decko mi prvo mi rece imam druga a posle vo istiot moment mi rece nemam druga sto znaci toa?
Значи дека те излажал, ако има друга ти признал па после одрекол, ако немал во старт те излажал, па признал нема друга. Батали го, не заслужува да го мислиш.
39 godini, Ako imas imas cao prijatno, Ako imal druga nema da kaze vo ist moment nemam. Ako bi imal druga sto bi velel deka nema
Доказ дека мажите се едни големи деца ако немал друга зошто вели дека има? И обратно... зошто би лажел за тоа? За да мислиш дека те изневерил? Сакал да те повреди? Ова ако не е детско однесување незнам што е... воопшто не стои како стабилен маж. Кажи си бе! Имам или немам! Бог да чува... не го мисли воопшто, не ти треба таков. Вистински маж си стои зад своите постапки. Мојов дојде со објаснување дека го завела, дека тој не бил иницијаторот... ама беше многу добар учесник богами. Затоа сега ништо нема. Уште ми се лоши... не се замарај...
Како случајно демек се сопнуваат и паѓаат врз жениве со кои вараат? Барем ај твојов смислувал некое оправдание, во случај на една што ја знам му фаќа пораки со дотичнава и кажува дека овој има жена. Мажов ни извинение, ни а, ене ги изводат совршен брак, бар ти си свесна и совесна ти се гади. И јас и пишав не вреди да му се замара и да ја изневерил или не, а штом рекол или измислил дека ја изневерил, значи посакувал да го стори тоа, не вреди да го мисли.
Да, изгледа што знам што им се врти во главата. Изгледа да немаш мир после раскинувањето. Да мислиш "зар дури беше со мене?" Таа мисла знае да убие... не мисли воопшто и да имал тоа не те прави помалку вредна, тоа кажува колкава вредност има тој. Мене ми требеше доста време да го сфатам тоа. Фраер голем на 40, убаво кажа јас ти викам класичен идиот. Знаеш дека идиот е дијагноза уствари? Во книгата по психологија од мојот предходен факултет добро си стоеше идиот како дијагноза малце над дебил, и тоа како дијагноза Незнам, изгледа се сопнуваат... така испаѓа муабетот " ме заведе душо..." душо? Мрш бе! Не ја продолжувам реченицава ми се гади, и сега пробува нешто ама џабе, камен има пред него не жената што цела младост му ја даде. Не планирам да му глумам ни нему ни на светот дека сме совршени, само чекам ден да си одам. Во право си, сигурно овој имал мисла за друга... нема причина да спомне такво нешто ако немал барем мисла. Ич да не го мисли!!!
Зависи како ти го кажал тоа и зошто.. Може да било глупа шала, може навистина има друга, може те тестира како ќе реагираш ако има друга... Ама најчесто луѓето преку шала ти ја кажуваат и најголемата вистина..
Многу сте возрасни за да немате доволно комуникација па и вака детинесто однесување имам - немам друга жена..
Си требала да провериш за сигурно. Најверојатно сака да раскине, ама избрал на еден многу глуп начин. Можеби немал храброст да ти каже директно дека сака да раскинете и што му пречи кај тебе. Ептен кукавички според мене. Штом не можел да ти каже директно во лице, не заслужуваш да си со него. Најди си друг кој е поотворен, покомуникативен и спротивен на овој. Ама па и кога ќе видиш, што има да му проверуваш. Кажи му чао и очи да не ти гледам и готово.
Недај Боже некој да се најде во оваа ситуација. Имам простувано допишувања со други, сум се нашла во ваква ситуација и многу добро ги разбирам девојките кои не можат да се одтарасат од некој дури и после неверство. Сега со овој мозок, никогаш не би простила, во никој случај.
Ти што све си доживеала. Како го издржа тоа? Ама биди силна и не му попуштај. Во тој момент си направила тоа што си мислела дека е потребно заради децата но не се заборавај себеси. Јас мислам дека не би простила ама откако те прочитав тебе... незнам што би направила во твојава ситуација. Сепак децата не се мала причина.