Неверство – да се прости или не?

Дискусија во 'Врски' започната од Karma, 24 јануари 2010.

?

Би простиле ли неверство?

  1. Да

    493 глас(а)
    19,3%
  2. Не

    2.056 глас(а)
    80,7%
  1. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Незнам како издржав, толку ми беше тешко што ни реакцијата во моментот кога го видов не ми беше како што очекував. Мислев би урлала, би убивала... ништо од тоа... штама, збор не проговорив неколку дена. Само излегов од таму и си отидов. Среќа не бев сама, братучедми беше со мене. Ме премоли по пат кажи нешто, плачи, викај, само не молчи... ништо. Кога го фрлив прстенот сакаше да се врати да го бара... остави го му реков, не ми треба. Толку, со денови молк... не го прашав ни зошто кога се врати. Само му реков стој подалеку од мене. Сега веќе не ме интересира.
     
    На M&M, Mumoftwo30, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Doa

    Doa Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Идиот. ;( ме растажи девојко. Можам да замислам како ти било
     
    На Ѕвездена, mece23 и Kvickey им се допаѓа ова.
  3. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Само тој што не осетил не знае. Недај Боже да дознаеш. Како со нож да се пресекоа сите чувства за него, секој ден, секој спомен... се падна во вода тогаш.
     
    На M&M, Mumoftwo30, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Doa

    Doa Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Јас би му вратила со иста мера. Око за око, заб за заб. Нека пукне идиотот
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    2.285
    Пол:
    Машки
    Што да му враќаш? Во тој момент не знаеш ни што да правиш, ни кај си згрешил и се прашуваш "Дали само сега или толку години секогаш имало некој меѓу нас?"..
    Никој да не осети како е да бидеш изневерен.. Ако сакаш партнерот најлошо психички да го повредиш изневери го и нека дознае.. Колку и лош и колку и да не ти одговарал некој не заслужува тоа да му го направиш, раскини замини си па оди си со други..
    Не вреди после тоа ни да се одмаздуваш ни ништо..
     
    На M&M, azelea, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Офф... не ни помислив на такво нешто. Незнаев каде сум. Се сомневав долго, полудев. Дојде еден ден братучедми кога му кажав што мислам ми рече само "ако си спремна да се осигураш кажи ми, ќе одиме." Одев тресејќи се... излегов од таму, не можеа да ме натераат да зборувам еден месец, можеби и повеќе. Никогаш не помислив да му вратам...што да враќам? Да одам со некој само за да му се одмаздам? Никогаш! Не би можела да бидам на таков начин со некого. Докажано е дека оваа будалава неможе такво нешто без да чувствува нешто... и тешко дека некого би пуштила покрај мене одсега.

    Така баш, тие мисли ти поминуваат. Застанав еден ден пред огледало и си викам зошто? Зошто? Проклетото вечно прашање после тоа. Знаеш што направив? Отидов на фризер, ретко одев, почнав да вежбам, почнав да се грижам за себе и да се негувам. Ете му одмазда. Сега дома му се шета згодна жена, што беше негова но сега не смее да ја допре. Поголема одмазда каде? :D не ми треба да одам со други за да го плеснам на земја. Уствари тоа одењето со други мене би ми наштетило, не го сакам тоа. Ако некогаш комуницирам или бидам со некого тоа ќе биде затоа што сакам не за да се одмаздувам некому.
     
    Последна измена од модератор: 3 ноември 2025
    На M&M, Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Тоа што си манифестирала однадвор е резултат на преживеана тешка траума.
    Сега за сега не е невообичаено да мислиш дека нема да засакаш повторно, но се надевам животот ќе те однесе на место покрај некој што ќе те разубеди.
     
    На mece23 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  8. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Ќе му се врати не се секирај ти.
    Не е за џабе кажано дека кармата е кучка.
    Убаво си правиш, продолжи да си инвестираш во тебе. :clap:
     
    На Mumoftwo30, anaja1, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Здравје... му оставам на времето, ништо не форсирам веќе
     
    На Mr.Limonko и DragonFly22 им се допаѓа ова.
  10. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    3.863
    Пол:
    Женски
    Паметно е што вложуваш во себе, во твојот личен раст и развој. Продолжи така се ќе си дојде на свое место по некое време.
     
    На Mr.Limonko и mece23 им се допаѓа ова.
  11. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Сеедно ми е, нека му се врати, нека не му се враќа... што сака нека биде.
    Се запишав и на факултет после тоа, поврзано со мојата работа па се занимавам и со тоа. Среќа никогаш не бев финансиски зависна од него, па и тоа ми олесна.
     
    На Mumoftwo30, FlirtBerry и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    2.285
    Пол:
    Машки
    Чудно е како после вложиш толку многу во себе и тоа за брзо време.. Дупло повеќе од претходно што си се трудел..
    Дај шанса кога ти се отвори прилика не за да се одмаздиш за тебе, не вреди цел живот да го жалиш.. Јас дадов на друга шанса и мислам дека не згрешив.
    Дури и се смеам на себе кога мислев дека е крај, дека подобра нема, дека нема да засакам, не сакав ни да се обидам да сакам и пак да се трудам за некоја..
    А многу многу ми е поубаво во оваа врска и многу поинаку се осеќам, поинаку сум третиран сега....
     
    На Mumoftwo30, DragonFly22 и mece23 им се допаѓа ова.
  13. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Да, бев само домаќинка, мајка, вработена и наеднаш се видов себеси како жена, како личност. Си реков Мече ма, каква беше знаеш ли? Имаше живот пред него... и почна убава промена.
    Здравје, некогаш можеби. Сега добро е вака. Некогаш можеби ќе дадам шанса.
     
    На Mumoftwo30, DragonFly22, anaja1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Doa

    Doa Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Па што знам... кога може тој зошто не и јас... колку и да е лошо тоа. Да осети и тој

    И ти си во право. Ама таква лутина ме фаќа вака, што единствено на што помислив е тоа да му вратиш исто. :@
     
    Последна измена од модератор: 3 ноември 2025
    На bobimax му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    И мене ме фаќаше лутина, бес...
    Прва реакција тишина... без збор, само децата ги гледав и молчев. Во мене бура. Што направи? Зошто? Сега што да правам? Што ќе биде? Да си одам!
    После два месеци дојде, уште бев тука само врата му отворив, проба да ме гушне, го турнав. Никогаш да не си пробал му реков.
    После бес, се каравме кога децата не гледаа... ова нема да го опишам.
    Е сега... рамнодушност! Може некоја ако сака дома да донесе...
    Во ниту една од овие фази да ги наречам не помислив да му вратам. Не ни сакам.
     
    На M&M и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Doa

    Doa Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Тешко било ;( ама ќе помине :hug::l:
     
    На mece23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    9.581
    @mece23 Ти посакувам во иднина да имаш можност од секој аспект, и финансиска и психолошка, да се тргнеш од тоа место и утре да имаш убав живот.

    Иако верувам дека се чувствуваш како партнерот да те турнал од авион, без да ти каже и без падобран и дека ова боли премногу, твојот живот вреди многу повеќе од него и неговото неверство.

    Заслужуваш некој кој ќе се плаши да те изгуби, кој ќе те држи како капка вода на дланка и да си среќна, а не рамнодушна :f:
     
    На Mumoftwo30, DragonFly22, Doa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sagittarius90

    sagittarius90 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    а во суштина речиси и да нема кој нема простено неверство, дали во врска или брак... :)
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mece23

    mece23 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Да, баш такво е чувството... мислам тој ме зеде здраво за готово. Во најлошите моменти бев до него... немора да опишувам. Ама имаше период кога беше болен па бев до него како што и требеше. Така рековме нели... во добро и лошо. Ама тоа помина па тој изгледа заборави... или си рече моја е... нема да дознае...
    Ама заборави изгледа и дека имам луда храброст, дека ништо не е невозможно за мене ако одлучам. Сомнежите мораа да запрат, јас и му кажав дека се сомневам, го прашав... незнам зошто го пропушти тоа...
    Лошо е да си рамнодушен... без било какво чувство е најлошо... здравје само...
     
    На M&M, Mumoftwo30, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Doa

    Doa Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2025
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Го праша? Што го праша? Дали има некоја? Како?