Така, јасно и гласно. Се сомневам.. има ли нешто што треба да ми кажеш? Па се правеше навреден. Ама си тераше исто... не се јавуваше, па ќе му текнеше мака дека му е. Па еднаш собата валкана ми е, незгодно ми е на ова сега смеа ме фаќа. Незгодно од мене? Па еднаш сам беше ама му рече женски глас "фала" додека разговараше со мене без камера... и.т.н И го прашав... ама одговор на лице место
Нажалост и после ќе ги видиш по соц.мрежи, ако живееш подалеку од родното место или кога ќе дојдеш на минување како изводат најзаљубени гулапчиња, а и гулапчињата на дрвцата им ја гледаат провидноста. Од авион се приметува, да не пишам.
Да си тераш со животот, да си гледаш напред. Најголема болка е да те види дека си продолжила со животот без да се завртиш назад. Кад тад ќе ти дојде на твои раци, ако не сега понатаму. Не се трескајте од земја ако ме изневери ќе му вратам, ова ќе направам, она ќе направам. Ништо нема да постигнеш со тоа.
Епа баш заради детето треба да продолжиш уште посилна.Кога веќе тој е таков,ти биди подобра.Детето да има барем еден нормален пример.И фала богу дека има за се решение
Ќе си бидеш силна, ќе си се посветиш на детето, а исто така и на тебе. Не се запоставувај. Такви пропали како него не завршуваат славно.
За да му вратиш на некој тој некој треба да има интерес за тебе и да те сака.А штом те изневерил не му е галје за тебе.Така да не знам како ќе му вратиш.Ама толку ти се и тебе можностите за размислување
Знаете, чоек у животот треба да напраи нешо и за СВОЈ ќејф. Не секоја постапка е за другите. Ако мене ќе ми се навлажни и ќе заспијам полесно навечер и нема цел живот да се јадам оти не сум му се усрала у животот на некој кој ми се усрал у мојот, ич патка не ме боли за него и комшиите шо ќе мислат. Ова важи општо, не само на темава. И доста веќе со тие тешења дека некој демек карма или Бог ќе им врател на тие што ви згрешиле. Убици и силовачи си ги прчат не им чуе, си живеат живот баш на Станко шо ве изварал со комшиката му се спрема големата... Yeah, right.
Не му вратив, нема ни да му вратам со таква мера. Нема да ме допира некој со таква причина, никогаш. Ама го казнив во моментот кога се погледнав себеси, се свртев кон децата и себеси максимално. Станав поубава од денот на свадбата, позгодна од кога и да е... ама не смее да ме допре со прст. Знае дека ќе дојде и тој ден да си одам целосно... Нема зошто да се дадам на некого за да му вратам... не. А децата... задоволна сум како си ги воспитав, сама со свој труд. Еднаш не отиде на родителска, на лекар, на тренинг....никаде. тие знаат, гледаат, осеќаат не ги ни вртам против него, не им велам ништо. Само си ги учам да ми се цврсти, здрави, воспитани... засега сум презадоволна од постигнатото и тоа е среќа за мене. Ако некогаш имам некого ќе биде затоа што сакам и затоа што ме прави среќна... никако поинаку! Криев еднаш една модринка со шминка и се заколнав дека никогаш повеќе нема да дозволам такво нешто! Гледај детето и себеси и уживај, ако сакаш веднаш оди си, мало е ќе мисли дека е нормално тато да не е тука. Моите беа малце поголемки за да им фали а мали за да не ги повреди сето тоа... да си мајка значи и жртва да бидеш некогаш ама вреди да знаеш.
Ние ти дадовме совет.А ти како сакаш,мн ќе ни смени нас ти дали ќе му вратиш или не.Ако некој има различно размислување од вашето,не значи дека покажува нешто.Ама само вие тешете се дека сите се исти како вас