Многу нервозно делуваш се надевам не се пронајде Точно секој има свое мислење и начин на живот Начин на одмазда на ваков или онаков начин
Па пишав погоре. Да ги подготвам децата, не не им биде премногу и мајками. Никогаш не сум се пожалила кај неа, посебно не знае за неверството. Здравјето и е кревко, имаше инфаркт па едвај се опорави. Ако и кажам дека цело време тоа го трпам за децата, дека не сум среќна долго време тогаш незнам што би било, мислам дека нема да го поднесе тоа. Никогаш не би дозволила да бидам причина за нешто лошо, нема да можам да живеам со тоа. Можеби ви изгледа безсмислено ама за мене не е така.
Викаш со него си ради децата да не се осеќале без татко, а од друга страна ги оставаш да живеат со него у иста куќа и да се осеќаат лошо оти гледаат дека не се интересира за нив. Немој да мислиш ако се мали дека се наивни и дека не гледаат и дека меѓу вас нешто не чини. Ти си знаеш, али размисли малце и што ги учиш за понатака што да очекуваат и трпат во своите врски и бракови.
Мене искрено ми делуваш на зрела жена и веројатно знаеш што е најдобро за тебе и за нив... Јас пример како машко, многу брзо зовривам и не би можел да издржам после неверство или некои такви работи, очите поинакви ќе ми бидат и сама ќе си замини по извесно време. xD Ти посакувам среќа и силата да те држи како и досега, затоа што не те следев целосно ама чат-пат и гледам дека скроз се отвори на форум и кажа.. не е лесно.
А што да направев? Хаос, пекол... да рушев се пред себе и да заминев? Да им оставам трауми од кавги?... тие такво нешто не видоја. Јас солза пред нив не пуштив. Пробав колку толку да ги заштитам. Сега нема кавги, само по некој договор. Тоа што не отишол негде со нив веќе им е нормално. Ќе знаат еден ден се, јасно ќе им е. И што да дозволат и што да не дозволат. Неморам да им создадам трауми за да ги научам што да направат. Може и да се почека и мирно да се замине
Можело да се замине и без скандали и кавги и порано... И заедничкиот живот со сила во нефункционално семејство си носи свои трауми, а децата учат од тоа што гледаат околу себе. Пак ќе кажам, ти си знаеш. Немам што понатаму да коментирам.
Ти благодарам. Не беше лесно, дојдов од тоа место и кога влегов дома, стрчаа кон мене две мали деца... мислеа дека сум шетнала негде и чекаа подароци ( им купив нешто од веро во Скопје, на враќање) беа среќни со играчките а јас седев и ги гледав... само јас си знам кои мисли ми поминаа. Како да направам хаос од таа среќа? Кој мисли дека е лесно се лаже. И јас мислев ќе убивам, ќе палам... ништо од тоа... погоре имам напишано да не се навраќам. Да ќе си одам ама мирно... без хаос
Скроз се согласувам со тебе. Не знам колку години се децата но да нема блискост, хармонија се да е вештачки исфилтрирано се чуствува. Џабе двајцата дома со деца ако не се гушкаат, нема смеа, муабет колку што прочитав таткото нема ни блискост со децата, ако е поентата да им фигурира само во животот нема поента според мене.
Повеќето мислам се водите на теорија и давате совети и мислите дека есапот домашен секогаш излегува на пазар ист. Камо да бевме сите перфектни како што сме теоретичари..
Не се водам од теорија се водам од пракса. Моето работно искуство и разговор со психолози, читање истражувања ми го вели тоа. Ако грешам се извинувам но мислам дека сум во право затоа што се тоа е поткрепено и докажано а слободно прашајте и психолог. Децата чувствуваат кога родителите не се блиски без разлика колку сакаш и да пробаш да изглумиш. Ја чувствуваат атмосферата, тон на глас, тишината, погледите, тензијата, нема смеење меѓу партнери, шали, погледи, топлина плус учат по модел. Може да добијат несигурност самите да се прашуваат дали се тие некако виновни што мама и тато веќе не се тоа што беа, може да се повлече во себе итн. Јас споделувам она што го знам во врска со децата не сум брачен советник ниту реков во некој момент дека е лесно итн. Целосно ја разбирам и членката како родител го прави тоа што смета дека е најдобро за децата но според мене не е секако нејзин избор.
Разговор со психолози, читање и истражување е теорија. Што поточно е твојата работа, можеби таа е практична?
разговор со психолози не ми е теорија, практичен дел е. Интервјуа со виктимизирани, статистики, анализи, центри за социјални работи итн.
Зар сето тоа функционира овде? Кој проблем го решија тие психолози и центри за социјални работи? Не го спорам вашето знаење. Ама теоријата и праксата врска си немаат плус каде живееме тоа е друга приказна
Јас за твојот случај конкретно ставив акцент на децата како на нив би им делувал и влијаел односот меѓу тебе како нивна мајка и нивниот татко, тоа е се немам што да додадам. Верувам дека си предобра мајка и правиш најдобри одлуки за нив според тебе. Тоа е тоа. Немам што да додадам повеќе.
Секој родител прави најдобро за децата според себе и познавајќи си ги нив. Ти благодарам за грижата. Сепак одгледувам деца подобри од своите врсници кои живеат во "хармонија" тоа ми се докажува со нивните дела.
Давам огромна поддршка за @mece23 и и се восхитувам на храброста и мудроста. И дајте бе не кажувајте на друг што да прави и што е правилно,секој си знае како му се математиките дома. Многу е лесно да кажеш некому што е правилно ,ама прво влези во неговите чевли . @mece23 секоја чест на смиреноста,мудроста и храброста
@Andrijano31 ти благодарам. Многу ми значи ова. Многу е лесно од страна да се кажува. И јас од себеси сум очекувала поразлични реакции ама морав да реагирам поинаку макар тоа да е на моја штета, само да не им наштетам нив на било кој начин, земајќи се во предвив. Ти благодарам