Би простила зошто да не простам, само што после тоа нема никогаш повеќе ниту да ме види, ниту да чуе за мене.
По 6 месеци веќе не сум среќно сингл, се активирам за сериозна врска за да не си речам на стари години не даде се од себе, да не се каам, после неуспешни врски мислев дека можам да се носам со осаменост, но евидентно неможам.
Ги разбирам донекаде тие во брак со дете ако еднаш се случило, што опростваат, не е лесно воопшто, затоа што тогаш не си сам. Лесно е да се каже замини. И не ги обвинувам. Е кога се има насилство нема оправдување, тоа е сосема трета емоционална и физичка болка. Мора да се бега, заради себе и заради децата. А тие што сте во врска ич уво да не ви чуе. Имам и овде пишувано во врска кога се посомневав во дечкото ставав крај. Не трошев енергија да истражувам што и како. Подобро на време отколку во брак да се мислам со дете кој пат да го фатам.
Никако, какво простување. Поточно еднаш така се зафркнав и после цело време ми беше како на трње да седам. И двајцата се нервиравме постојано и нормално тоа доведе до разделба. Погадно чувство од тоа да фатиш неверство на дело нема. И ден денешен ми се стемнува кога ќе се сетам.
Искрено, како сум постара, се помалку озбилно сфаќам неверство и мислам дека не е секое неверство исто. Ако сме во долга врска или брак, и ме изневериш, па човече, океј. Долги врски стануваат ебено досадни и верувам дека може да се случи. Според мене тука доаѓа она бирање да останеш со некого, и од двете страни. А пример оние што имаат долги афери и двете особи ги третираат како сериозни партнери ми се навистина злобни. Така да, би опростила под одредени услови. Во моја глава некои други поситни работи се поголемо непочитување отколку неверство...
Доколку ваквиот концепт е со договор од двете страни се согласувам , Но ако не е тогаш може многу да здоболи ако е обратен случајот. За долга афера нема да простам за one and done случај после долг разговор најверојатно би простила.
Ако е договорено, тогаш не е неверство, туку отворена врска, а никогаш не би ја „отворила“ мојата врска, не резонирам со тоа. Сакам да постои обострана намера да сме лојални. Ама исто така сметам дека не сме роботи, некогаш може да те понесе енергија, нешто што е повозбудливо и ново и може да се случи. Некогаш несвесно ја запоставуваме врската, прекинуваме да се трудиме, и тоа може да биде причина за неверство (но, не оправдување). Се согласувам 100% со твојата последна реченица, и како што реков, условите за што е за мене „прифатливо“ неверство се тесни, ама не можам отсечно да кажам дека ниедно неверство не би опростила.
Моја па поранешно блиска личност вака размислуваше и стори. И јас ко за беља каква што сум што на ум тоа на друм се залетав и и го раскажав моето негативно искуство на оваа тема. И по некое време гледам се повлече. Можеби згрешив не велам не, не мислев ништо лошо. Се надоврзав да пишам познавам личности што се со исти ставови како твоите. А за оние со долги афери со исти партнери, а двајцата заедно, не знам веќе што да мислам, грозно. Познавам лично едни такви кои ниту се кријат, но па и не се експонираат. Е сега ќе пишам имаат едно синче, па може тоа има удел што се заедно, а секој од нив во вонбрачна врска со истата особа долги години наназад.
Па ако ви станала врската досадна, ваљда треба нешто да смените, не да идете да се исплескате со други