Ум, бар имајте муда да ме цитирате? На крајот на денот во моја врска ќе нормализирам што сакам, иако секако дека тоа воопшто не беше поентата. Не ми требаат совети за превентивни мерки, затоа што темата е ако неверство веќе се случило. Да, полесно ми е да прифатам дека некој бил напален или пијан една ноќ и направил глупост отколку триста други одвратни карактеристики кои за мене се неприфатливи. Цело време се зборува дека љубовта е избор, треба да го прифаќаш партнерот каков што е, ама очигледно само кога нејќе да чисти како да има 5 годинки и кога не е способен да си го чува сопственото дете (читај тема: Испукајте се од мажот си, или како и да се вика). И веќе реков дека би опростила неверство под одредени услови - АКО се случи, многу добро можеш да видиш дали личноста ќе превземе одговорност за своите постапки, дали сака да ја поправи ситуацијата, дали неверството е површно и слично. Во мои очи, неверство може да биде само површна физичка ствар, а инаку ме погаѓаат други подлабоки работи и карактерни црти како кога некој е глуп, неспособен, мизогин, неамбициозен. Сериозно, ме боли кур ако некој ми е лојален, ако е најтупава флегма на светот, ете тоа се моите dealbreakers заради кои се осеќам непочитувано, пример. Можам да ви гарантирам дека ни јас не би била во врски како што се вашите, среќа па е индивидуално.
Да не мислиш те сабтвитам со коментаров така да ознака: @Srckata28 иако поќе сакав да кажам за различни типови неверство како надоврзување, не некоја реплика зошто стварно разбирам шо сакаш да кажиш и селективноста околу то шо го пишиш за твојот аспект и став. Сфаќам дека гледаш на само сексуалност и на емоционална приврзаност различно и то е точно. Во исто време ако немам договор со партнер за односи вон врска (отворена врска) и ме изневери, то е лага и лаги се нешто шо најмноу ме повредват мене лично. Ми нема смисла да велам дека има полоши работи и дека има некои шо трпат полоши работи, па јас еве ова ќе трпам. Јас лично? Ни то. Не гледам поента за компромис и разбирање за некој шо ме ставил во втор план или се возбудил на нешто ново. Сите грешиме и то не е спорно - колку од тие грешки имат способност да не повредат на многу длабоко ниво? И разбирам дека е површно, ама јас и натаму го перцепирам како лага. Ама ваљда сите башка сме сензитивни околу лаги. Не знам.
Не знам дали има некој што изневерувал и потоа се поправил, секој може да си ги поправи грешките.. Ама колку неверството е грешка е дискутабилно, јас мислам дека е избор.. Може чувствата не може да ги контролираме, ама пак лагата е избор, ако може да се каже дека е лага, повеќе е предавство... Надвор од темата ама, секогаш кога сум излажал за нешто бил мој избор и секогаш погрешен, една лага води кон нова лага, таа кон друга и колку подолго лажеш толку полошо си правиш и себе и на личноста која ја лажеш.. Затоа мислам дека ако веќе имаш чувства кон друга личност и си на пат да изневериш, остави ја личноста со која што си, па прави што сакаш, нема потреба да повредиш некој друг за да се задоволиш себеси.. Избор е дали ќе простиш, ама колку ќе можеш пак да веруваш на таа личност, и ако веќе решиш да простиш да не станеш токсичен... Зависи и од неверство до неверство. Јас не би простил од причина што мислам дека неверството е нешто што тешко се поправа и дека кој еднаш изневерил ќе изневери пак... Дури и мислам дека ако го имаш изневерено поранешниот партнер ќе го изневериш и новиот.. Ако веќе знаеш дека не можеш покрај една личност и мора да си имаш настрана уште некои барај некој што му е океј да имате отворена врска, не мораш да повредиш никој...
Уживај, не ми е проблем да дискутирам за ова, само ме увредија подлите коментари без цитат од членки со кои се инаку цитираме. Не се согласуваме затоа што имаме различна перцепцијата кон неверството (и тоа е ок), јас сметам дека некогаш неверството не е лага, туку се случува чисто заради физичка привлечност, за разлика од некои други работи кои јас личнооо повеќе ги сфаќам како непочит со умисла. Пример, во минатото сум полудувала кога ќе видам ставени лајкови на рандом девојки на инстаграм, со кои не се пријатели, а до сега секој бивши без исклучок го правел тоа и многу, многу ме болело, ми се гади. Или многу полоша ситуација ми е дм да седне и да издвои време од својот ден да инсталира Тиндер, отколку да отиде во клуб и поднапиен да ме физички изневери една вечер. Можеби сум чудна, ама ништо не ми значи што во првите две ситуации не дошло до ништо физички, на мене ми е до намерата до мојот потенцијален партнер и тие примери ми се поголемо предавство. Така некако гледам на тоа.
Се согласувам со тебе ,само не ми е јасно ако веднаш не ти признае дека те изневерил секое премолчување е лага и е нешто од што се ежам искрено.Доколку веднаш ми каже мислам дека ке простам во спротивно не.
Мене ме нервираат врски кои се отворени.Не со договор,туку ти си со типот,а го гледаш и со други се бакнува(оди).Тука нема простор за здрава врска ,и искрено мене тоа ми сметало и имам негативен став за тоа .
Можам кобајаги да простам, али доверба нема да имам. Тој што вара, нема да престане. Секао, би размислила да го направам истото но треба ептен некој да ме привлече