можеби и ке простам но ако се случи само еднаш и никогаш повеке...за првпат би простила ама втор пат нема шанса
хм,тешко прашање.според мене за да простиш или не,зависи од личноста со која си.ако некој многу ти значи ќе простиш а ако не па и најмала ситница ќе бараш за да го измаршираш.јас досега не сум искусила вакво нешто и не дај боже ама неверство е неверство.одбивен ми е ставот демек било за една ноќ и немало чувства.за да изневериш некој значи тој не ти е доволен.јас сум не за неверството.и ако се прости еднаш 90% ќе се повтори.ама мислам во глобала,дали некој ќе прости битна улога игра колку некој ти значи..
Неверство не би простила никогаш! Зошто да простам? Ако сум му важна на него никогаш нема да ме изневери. Оправдувањата од типот ПИЈАН БЕВ, НЕ ЗНАМ ШТО МИ СТАНА и слично не палат кај мене. Ако нејќеш да си до мене, фино лепо раскини ми, и ќе те разберам. Никогаш не сум изневерила, нити пак имам намера. Многу подол начин е тоа! Тогаш зошто си во врска со една личност, а разменуваш бакнежи и нежности со друга? Несфатливо, ама јас стојам зад тоа дека никогаш, ни на сон не би простила ваква работа. Ако простиш еднаш ќе си продужи по старо, и џабе верглаш ти сестро... тој воз отишол веќе!
Зависи од околностите и на каков начин е извршено неврството, еве јас лично го изневерив мојот дечко уште на почеток на врската, тоа беше еден бакнеж со бившиот да сватам дали сеусте ми значи, после тоа уште поеке го засакав, му кажав за моето неврство и фала богу имаше разбирање. Искрено што сум правела со повозрасни мажи муабет нема некој што рекол дека цел живот му останал верен на својата партнерка, некој ако нема можност барем во својата фантазија ке си помсили дека е со друга или потајно ке свига некоја, па нели и тоа е еден вид на неверство... како што викаат они секој ден грав не се јади, сум слшала за многу луге кои ја изнверуваат својата сопруга мажите не размислуваат како нас, они ги сакаат своите сопруги но сепак ке направат нешто со друга не оти таа ке им значи или ке го направат тоа со емоции , чисто ради секс, монотонија, адреналин... посебно кај долгите бракови, е сега разликата тука дали би му простила или не е во тоа дали таа девојка му значела имал некакви емоции кон неа.Сето тоа е до карактер има мажи кои го прават тоа да си ја потврдат личноста, има жени кои ги сакаат своите сопрузи , али поради запоставеност го прават тоа, има милиони причини за неверство, и затоа зависи коклу ти значи личноста колку време си со неа, кои се последиците ако не простиш И АКО ПРОСТИШ, дали можеш да го направиш тоа и дали неврството му значело нешто на тој што го извршил и кои биле прчините за истото.
Никогаш не би простила неверство, во никој случај и под никакви околности, ако сака некоја друга за било што прво нека расчисти со мене а после нека прави што сака со било која, мислам дека неможе да се направи полоша работа од неверство
Ке му опростам само за да му го загорчам зивотот и ко да видис пак ке го оставам и тоа немозе ни да замисли на кој начин има да се покае сто помислил камоли сто ме изневерил дусата ке му ја извадам и тоа на фин начин,тој нека си мисли дека сум поминала преку тоа кога најмалку очекува ке го унистам уфф колку мразам вакви работи никогас не се опустам безрезервно во лјубовта, мозеби некои форумки ке казат дека се у брак и дека е друго еве јас казувам дека подобро сама со сите мои проблеми на главата отколку со некој сто ке прави будала од мене ма има да го нема
Никогаш, кој еднаш изневерил да биде верен касно е не ми се случило, не сум го ни направила тоа и мој совет е да не се прости ако се случи на некому некогаш.
Никако, мислам дека не вреди зошто и покрај тоа што ќе простиш , никогаш нема да заборавиш и секогаш ќе пости недоверба, а кога се нема довера во парнерот значи се е осудено на пропаст порано или подоцна. Па кога ќе видиш зошто да губиш време. Јас незнам дали сум била некогаш изневерена, ама сум изневерила но бидејќи неверството ми е знак дека нешто фали во врската веднаш ја прекинав и дечкото никогаш не дозна која е вистинската причина на нашето раскинување. Несакам некого да правам будала, а верував дека може да дознае а никогаш не би молела некој да ми прости нешто што јас не би го опростила
ова е најголемиот страв за едно девојче, па вака, јас навистина незнам дали би простила, сега вака од оваа страна би збеснала и би рекла дека не доаѓа во предвид, подобро раскини ми па иди со која сакаш, истиот став го има и мојот дечко, кога не дај боже би ми се случило тоа навистина незнам. би била многу повредена со прашањето што има таа што јас немам,што немаше со мене па најде кај неа? потоа и неговите аргументи и зошто се одлучил на тој чекор, тоа е момент на слабост и кукавичност, вака не би простила но ако ми се случи навистина не би знаела
Се зачленив бидејќи некои теми се едноставно премногу добри за да остане човек само посматрач ) Он топик: тоа што можам да го споделам од мое искуство е едно големо НЕ!! простување неверство. Чувството кога ќе дознаеш дека се случило, дека те продале за евтини парички за 15 минути размена на лиги во темница е ужасно и не му го посакувам ни на Грк. Јас простив тогаш кога ми се случи (или како што пишува погоре, не се простува тоа, туку стискаш забите и на сила туркаш врската) ама после уште една година мачење сватив дека тоа никогаш нема да ми излезе од памет и ќе ме јаде, така да...дадов клоца на скајп чат, по брза постапка
Искрено не знам. Прво штом ќе помислам би рекла не, а од друга страна па зависи какво е неверството. Има една машките изневеруваат затоа што им се дигнал на некоја, а додека ние женските кога изневеруваме, изневеруваме со срце ( стварно да има некоја причина да не натера на таков чекор). Мислам дека да би простила доколку после тоа навистина добро се потруди да ја врати довербата кај мене и со дела да ми докаже и покаже дека му значам и дека ме сака, а тоа што се случило било грешка за која се кае. Мислам дека секој заслужува втора шанса али само една и единствена зошто ако го направи тоа уште еднаш ќе го направи пак.
Никогаш не вели никогаш ... Сите што велат никогаш - што ако сте изневерени а не сте дознале, тоа неверство не се брои?
Се согласувам, ја верувам дека 99% од луѓето се изневерени, само што некои не дознале. Денес МНОГУ ретко има верни луѓе, скоро и да нема. Само некои многу вешто знаат да се скријат, тоа е целата работа