после 2ипол год врска отидов за америка и кога се вратив ми кажа дека ме изневерил но дека бил под наркотични дејства а бидејки во текот на тие 2ипол години имаавме само 2 секс затоа што јас се плашев да имаме односи тој цело време бесе до мене но кога се вратив друго дознав. му простив си дадовме шанса и сега ни е ногу убаво. Добро ли сум постапила или не.....................
Чим сега ви е убаво тоа е најважно. Секој заслужува втора шанса која според мене е и последна зашто ај еднаш може на сите да ни се случи али ако го направи тоа пак ќе го направи и третпат и четврти пат...
сега пак ке одам за Америка па ко ке си дојдам ке видам што ме чека сега ми вика дека немало никакви шански да го направе тоа ама некако не ми се верува како со викаш ако се десило едншка ке се повторе тоа па
Мој совет ако повторно го направи тоа откачиго без око да ти трепне, тогаш таков човек не ги заслужува твојата љубов и внимание. На крај краева не е еден и единствен на светот, ќе дојде друг кој ќе ја заслужи твојата љубов. Не се знае може ќе си најдеш некој во Америка, никогаш не се знае од кај ќе те погоди љубовта. Убаво да си поминеш во Америка. Поздрав
Нјпрво треба да се дознаат причините состојбата чувствата и начинот на неверството па потоа треба да се одлучи дали да се прости или не
Јас не би простила,стварно нема смисла,ако јас сум можела да бидам верна,зошто да не може и тој???и многу се нервирам кога ќе речат ако е вистинска љубовта можело да се даде втора шанса,ви се молам,мое меислење е дека ако била вистинска љубовта нема да има потреба од втора шанса на прво ќе се погодела....некој можел да биде ок а другиот па морал да И зведува глупости,кратко и јасно НЕ!
Никогаш не би направила,а не верувам и дека би простила...Пак сега после ова следи никогаш не вели никогаш, ама сепак мислам дека не би можела да поминам преку тоа.
Зависи од врската... мада да дојде мене и да ми признае изневера, или да го фатам па признае, само ке речам ај сега ти седи дома, ја ќе одам со друг да се поеб*м малку, па чисти сме.. сигурно нема буквално да одам веднаш со друг, ваљда ке одам кај другарка или нешто но нека види како е па нека ми каже тој дали е за простување работата или не
Никогаш не би простила неверство. Според мене тоа е целосно непочитување... И како да бидам после неверството со личност што мене не ме почитува? Нема шанси!!!
да простам неверство?зашто?некој да оди да си врши работа со кого стигне и после да дојде кај мене и јас да го пречекам со раширени раце?!море клоцата у гз Никогаш ама апсолутно Никогаш не би простила па да знам и дека е последниот на светов за мене не би можела да живеам со тоа!!!уф ми се гади од самата помисла на зборов
Не би простила неверство...Не би се помирила со тој факт..дека ме има заменето со некоја друга...сигурно нема да отрчам веднаш во прегратки на некој друг за да му вратам..но ке се потрудам да свати колку многу згрешил..!!!
До сега имам простено бакнеж,што за мене исто така е неверство.Раскинав,но истиот ден се смиривме.Долго време го префрлав тоа и многу влијаеше на мојата самодоверба.Простив,зашто поверував дека навистина било грешка и зашто многу се каеше за тоа и на колена ме молеше.Се сменија и многу други работи,на подобро,се зацврсти и врската многу после тоа,а се променив и јас,не бев истата будала.Дефинитивно е многу тешко,зашто јас целосно се предавам и посветувам на една врска,а некој така да ми врати.Инаку,никогаш до сега немам изневерено,а не би ни можела тоа да го направам.
Ако простиш или си будала или будала се праеш ! Всушност, тој те напраил више будала кога те изневерил а ти пробуваш нова шанса да му дадеш.. Дефинитивно НЕ !
НЕ! НЕМА ШАНСИ! и НЕ! Како што има пишано Marina89, кога сум можела јас, зошто да не може и тој да биде верен? Уффф не дај боже да се најдам во ваква ситуација, јас мислам дека би збеснала дури и за бакнеж да се работи, не пак за комплетно неверство, со сите примеси Дефинитивно НЕ би простила, а доколку направам (пак ќе речам, не дај боже, сите некои жички не маваат некогаш), не ни очекувам да ми се прости и прва ќе бидам што ќе му кажам. И ондак то.