Јас па сметам дека во секоја подолга врска има еден момент барем кај мене кога се врзувам за некој се плашам и имам потреба да се почувствувам дека не зависам од никој освен од себе. Е тука се прават тие грешки. Со оглед на тоа дека сум била неверна еднаш, го сфаќам каењето на сите неверни затоа што навистина се каев и многу ми беше тешко, а назад немаше. признав и добив прошка, не и заборав.. но тоа е сосем оправдано, ни самата повеќе не си верував.. за сите кои се изневерени можам само да кажам дека 70% од оние кои што изневеруваат 10 минути после неверството сфаќаат колку навистина ве сакаат вас. Да, ако е од вистинските причини, би простила.
Јас го изневерив. Сеуште сум со него и сега врската ни е поцврста од било кога. Периодот додека го изневерував ми беше премногу тежок, бев збунета, не знаев што правам. Од кога заврши таа моја авантура сфатив дека јас го сакав и сеуште го сакам само дечко ми. Не знам дали ќе ме сфатите но јас од моето неверство стегнав позитивно искуство. Сфатив многу работи во животов за кои вреди да се бориме, сфатив дека врската иако мислев дека станала навика всушност сеуште е љубов. Нема да го заборавам погледот од дечко ми кој се бореше за мене како никогаш во изминатиов период. Беше спремен и да ми го прости неверството(иако не му признав, ако партнерот добро те познава веднаш може да те сети). Како и да е сега сум свесна и се каам за своите постапки и си ветив на самата себе дека никогаш повеќе нема да ја разочарам единствената друга личност која не ми мисли лошо(освен родителите). Само...секогаш има некои лоши периоди кои некако мора да ги поминеме..
Не ми се случило до сега и не знам дали би простила. Зависи колку е сериозна врската, како се случило сето тоа... Доколку навистина го сакам и сум во сериозна врска можеби би простила, но дефинитиво ништо веќе нема да е како што било...
Sekoe masko ima slabost kon nekoja ubava zena... No bitno e deka toj se kae so toa sto go napraviil. A najmnogu e bitno deka toj se kae so storenoto i deka ve saka.
Која е гаранцијата дека вистина се кае?? Јас познавам еден другар, да речам ми беше еден период и повеќе од тоа, со девојка му се па една година, до сеа ја има изварано 3 пати. Првиот пат не му простувала, он мек најмек на свет и сам вели глумев, ама знаев ако еднаш ми прости после се ќе биде друго... Сега ја изневерува и ќе и каже и толку е фин и толку добро глуми, лелееее јас што мн луѓе ме сметаат за најтврд камен мислам ќе ме прејде, и дури на моменти да почувствувам сожалување кон него, и таа постојано му простува... Значи има луѓе вешти на глума, на јазик... Да простам ќе гледам да му вратам да се чувствува како јас... и што ќе биде врската? Ништо... Јас викам можам да простам, ама не и да заборавам, а ако не заборавам, морам да вратам.... Така да НЕ, не простувам неверство, и мило би ми било доколку би ме изварал да свати дека ме сака, за повеќе да страда кога ќе биде крај, како што и мене ќе ми биде тешко и ќе си го поставува прашањето ЗОШТО?.... До сега не сум изневерила, и барем мислам и не сум дознала дека сум била изневерена...
Еднаш веќе имам искоментирано на темава . Како и да е .. еве пак нешто ---- 90% од девојките на овој форум не сакаат да признаат една работа во врска со простувањето на неверство ,и се изјаснуваат со ставот “јас никогаш НЕ БИ простила “ ,пазете “НЕ БИ“ - А и верувам дека можеби од нив никоја не се ставила во ситуација или во улога не некој друг .Морам да напоменам , моралното резонирање кога се гледа од страна е за неколку стадиуми повисоко ( докажано со бројни истражувања) а кога самите сме ставени во ситуацијата , паѓаме скалила пониско. ТАКА ДА ДЕВОЈКИ , за тие што се прават СИЛЕН КАРАКТЕР-само се прават пред очите на другите , спуштете ја топката,ќе дојде ден и тоа како ќе простите , а и сигурно сте простиле -не мора да значи неверство само од дечко ,има еден куп врски , другарски , вакви такви . ВИЕ НИКОГАШ НЕ СТЕ ИЗНЕВЕРИЛЕ НИКОЈ ? Као готово ,светот завршува со едно неверство . Е да бе ? Шо мислите ,дека живееме во “времето на баба и дедо“ кога одвај се чекало едно писмо на два месеци ---- Тогаш луѓето биле зафатени со мн други работи , од типот на копање пченки , работа со стока ,и имале многу малку време за комуникација со останатиот свет , е затоа имало помалку неверства , и нормално менталитетот е своја работа . Тажно е што уште не може да се искоренат некои стари верувања ... Јас ве поддржувам кога велите НЕВЕРСТВА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ! И навистина не треба . Меѓутоа кога веќе ги има , и толку сме опкружени од тие случувања , пробајте да се адаптирате , не заради нешто друго = заради вас . Тоа никогаш нема да може да се искорени , имало од секогаш неверства само не во толкав степен како во денешницава . Изгледа флексибилноста и адаптирањето се еден од клучните сегменти за добар живот денеска . ТОА НИ ТРЕБА НА СИТЕ . За наша подобра субјективна добросостојба ...
во никој случај нема да му простам.ако ме сакал и ако мислел на време немало да ме изневери па после да ме моли да простам!
Сепак зависи, дали било еднаш или трело подолго, дали навистина се кае, дали чувствува нешто кон таа девојта итн. Значи има многу работи да се земат во предвид. До сега ми се нема случено такво нешти, и навистина незнам како би реагирала, можеби ако навистина се кае, и ми го докажува тоа подолго време ( во никој случај од прва не би попуштила) тогаш можеби ќе простам, ама сепак останува она можеби..
верувај да маско никогас не се кае мозе само да глуми пред тебе како он погресил се се десило слуцајно итн. прва прилка пак ке повтори
поотполно се согасувам со тебе и би додала дека машко како машко има потреба од нешто ново па и ние женските не сме светици до некаде (нема љутиш) секоја чест на верните јас никогаш не сум варала ама сум имала потреба од тоа сепак јас би простила ама да биде искрен и да ми каже послем тоа што го направил и со која (послем тоа ке ја здрмам малце да не и дојде на памет уштте еднаш да посака да чепне нешто мое ) и нормално мое ке биде да го опоменам да не му се случи уште еднаш зошто ако се повтори колку и да го сакам и да ми значи би го оставила без да трепнам... барем ако ништо друго сигурна сум дека таа би му била само забава а тој ме сака мене и сигурно нема да ме остави за некоја мивка...
Никогаш не сум бил во врска,но знам дека НИКОГАШ не би изневерил некого. Тоа за мене е одвратно! Доколку ти треба слобода,разговарај со партнерот/партнерката а не да шавриш по градот ко Спојлер проститутка и да му/и набиваш рогови со кој ќе стигнеш! Но,би и простил бидејќи секој заслужува втора шанса. Секако,се додека е само ВТОРА и не ја злоупотребува. Исто така ќе и треба време да ја придобие назад мојата доверба.
Во однос на зголемениов текст ме интересира нешто... од каде е тука девојката крива за неверството на дечко ти, и зашто да ја задрмаш неа, а не дечко ти? Таа е слободна и може што сака да прави, дечко ти ако те сака нема да трча по други... би те советувала да размислиш за ова, многу погрешно размислување имаш Неможам да замислам да повредам некого кој ме сака, затоа никогаш не би изневерила свесно (несвесно може се да се случи), незнам дали би простила, ако после неверството моите чувства кон него не се промениле би простила, но јас сум личност која лесно се повредува па верувам дека не би простила неверство баш поради тоа што чувствата после тоа сигурно ќе ми се променат. Но никогаш не се знае додека не осетиш на своја кожа.
епа види вака ако не постојат такви нашите нема да не вараат...машко како машко си паѓа на провокација буквално преведено... нормално пред да ја здрмам ке си ја испитам ситуацијата дали знае дека има девојка или не, ако незнае тогашнема прошка за дечкото, а ако веке знае дека е со мене и го направи тоа со него значи нејзе не и е гајле за нас само сака да си го напраи кеифот и мене може комотно да ми се смее зад грб... а пошто тоа ме иритира дечко ми ке си го добие а ке му простам зошто сепак било провокација ако не сакала она немало да го направи ни он...муабетот ми е ке и објаснам убаво каде и е местото ако нешто не разбира ке и објаснам поубаво...таквите девојки не заслужуваат да бидат игнорирани ако го направиле тоа еднаш виделе машкото попушта девојката на машкото не реагира ке пробаат пак... е сега ако сака да чепка нешто мое може само да зажали ништо повеке! а во однос на текстов што јас го зголемив мислам дека ти не си во право... несвесно да го вараш е исто што и несвесно да го сакаш... ако сакаш некого секогаш ке бидеш свесен и за тоа дека треба да си верен. поззче
Па зашто некоја трета особа би се секирала за вас како пар, нормално дека ќе си го прави ќеифот, нема вашите гајлиња да ги бере. И ако е така, верувај дека како и ние женските, така и машките постојано се среќаваат со провокации, од келнерка во кафич, па до комшика или колешка.Ако е маж, ќе знае како елегантно да врати на провокацијата, а не да потрча како млад мајмун кај неа во кревет. Со ваквиот начин на размислување буквално му даваш дозвола на дечко ти да те вара...а ти извежбај добро бицепс и трицепс.
добро како прво он не знае дека би му простила напротив сум му го кажала обратното... секој маж човек дете некогаш знае да потклекне како што велат никогаш невели никогаш сите имаат такви моменти на недостаток (можеби) или едноставно сакаат да фкусат нешто ново, искрено никоја од нас неможе да биде сигурна дека дечко и или маш и и е верен како што и они на нас неможат целосно да ни веруваат, сите понекогаш сме помислиле дека не вара, никогаш неможеме целосно да веруваме во него барем според мое гледање и според муабетите со повозрасни а имам и пример итоа жив пример кога мажот ја вара сопругата таа му простува и на него никогаш повеке не му текнува да загледува жена а не пак да има нешто со неа...имам многу примери исто така дечкото ја вара девојката она си кути зошто знае дека ако збори или ке го изгуби или ке испадне глупа... има примери кадешто дечкото ја вара девојката еднаш и таа ја спушта третата особа под земја и не и текнува повторно да се сплетка со дечко и ама го опоменува уште еднаш и крај(мојот пример) според мене зависи многу и од девојката дали дечкото ке ја вара, ако таа ссе покаже како совршена за него и да го натера да мисли дека е светица тогаш нема потреба да потрча кај друга... а исто така и битно е каков карактер има дечкото и од тоа дали е преживеан доволно или не јас немам проблем на таа тема со дечко ми и многу пати ми кажувал дека му се пуштале девојки ама ги игнорирал (само јас сум била битна во неговиот живот и дека не сретнал почисто и по фино девојче од мене и дека многу ме почитува поради начинот на кој ги водам работите[и тоа дефенитивно не е спуштање на ѕвездички од небото зошто не ми го вели тоа секој ден туку еден збор еднаш во месецот ама јас си ги памтам]) и тоа ми го потврдија и неговите другари а бај д веј еднаш или двапати искочил без мене а и ако искочи ми се јавува на секои две минути за да ме слушне и ми кажува дека му фалам и дека му е глупо без мене (а не искачам само кога не ми е до искачање) и ке се врати трипати порано отколку што требало да седи зошто му е глупаво без да сум до него и да си напоменам супер ни е заедно (а понекогаш кога не искачам не искача ни он)... сакам да кажам дека и да направи нешто такво може да го направи ако потклекне на некоја таква од невнимание што никако не е во ред и после ке се кае многу и нема да му текне пак да направи... сигурна сум во тоа зошто е премногу очигледно за еднаш не е страшно само да не станува навика така барем јас размислувам и не гледам дека ми тргнало нешто на лошо до сега со тоа размислување али секој си има свое мислење јас да си го кажам моето поззче
Ако се случува прв пат и е упорен да ме задржи до себе а и јас го сакам многу тогааш дефинитивно ДА би простила неверство, но кога би се случило по втор пат колку и да се извинува и да моли никогаш нема да добие уште една шанска