Никогаш не би простила неверство.....едноставно ако сака да биде со мене нека биде ама нека биде како што треба а ако не сака да биде со мене не мора да ме вара едноставно нека ми каже и слободен е.
не, никогаш не би простила ниту би изневерила. Зошто јас да му простам на некого кој оди со мене а истовремено и со некоја друга? Па што мисли само тој може да ме изневери? А плус тоа никогаш не би го заборавила неверството зарем не? Ако некој те изневери и ти му простиш, тој ќе те изневери пак и пак и пак..
Би го разгледала случајот па би размислила дали би го простила истото. Зависи од ветерот накај ќе дува
Луѓе сме нели? Може да седнеме на маса и да разговараме како што доликува. Најлошо е да повредиш некого. Да го изневериш. Има работи кои се простуваат ,а и работи кои се тешки да се простат. Тоа е индивидуално . Не сум се нашла до сега во таква ситуација, но кога некој би ме повредил на таков начин нема зошто да бара да му простам. Нема да му простам.
Зависи од многу фактори.Ќе ценам ако самиот тој ми каже-слушај така и така,јас тоа го направив,а не последна да дознаам. Зависи и која ќе е „лепотицата“-ако е подобра од мене-ок се излажал ,ако е некоја мивка-мамичето негово-животот пекол ќе му го направам. Доколку девојката е спонзоруша -прво ќе го испратам во лабораторија на целосно испитување,па после ќе видиме што понатаму. Најтешко мислам дека ќе биде ако е некоја која ја познавам лично од порано-е тогаш мислам дека ќе направам се што можам за бел ден да не видат двајцата-особено „мојата пријателка“. Да кажам дека и бламирањето во народ им оди во пакет на двајцата.
Твое си е правото на ваква реакција секако, само што според мене не ќе можеш да го избегнеш сопственото бламирање притоа, бидејќи јас никогаш не би „решавала„ личен проблем со јавни скандали најмногу поради зачувување на сопствениот углед. И која е поентата? Баш му е гајле некому за нечија морална чистота, поголемиот дел од публиката ќе си фаќа сеир, дел вината ќе ти ја препишат тебе ќе ти бараат маани поради која тој отишол да се „теши„ со друга, ќе се извртат милиони сценарија, прав циркус кој не доликува на возрасни и цивилизирани луѓе. Јас никогаш не би се пресметувала ни ковала одмаздољубиви планови ни кон мојот партнер, а камо ли кон другата жена не ми паѓа на памет вакво соочување во крајна сметка таа и не ми должи ни објаснување ни па има било какви облигациски потреби да ми се правда за стореното иако напоменувам е нефер, сепак нејзин живот и сама нека се носи со товарот на вина ако има некаква совест, ама виновникот мене ми е тој и само тој бидејќи со него сме се обврзале за градење некаков однос. Во секој случај мислам дека би го напуштила од едноставна причина проста математика, ако ме сакал мене немало да дојде до вметнување на друга, ако пак ја сакал другата би ме напуштил мене, значи тој е лигуш неспособен за сакање и ќе го шутнам без око да ми трепне. А тоа да останам со него и животна цел да ми е на двајцата да им го направам што помизерен животот ми е далеку од разумна реакција. И не тврдам дека и никогаш не би простила неверство само ќе сум начисто со тоа дека навистина сум простила и останувам со него, а не да го уништувам со мојата одмаздољубива игра а навидум сум останала со него значи во очите на јавноста навидум сум простила. И мене лично не ми е никакво мерило нејзината убавина или интелигенција пресудно би ми било дали тој има длабоки чувства кон неа и дали имал паралелна врска доволно долго да премине неверството во категорија на непростливо.
Jas do sega nemam iznevereno,za ponataka ne znam,nikogas ne veli nikogas,i ne ocekuvam da mi bide prostoeno ako voopsto napravam takvo nesto,no istoto go ocekuvam od sprotivnata strana ke prostam da megjutoa povekje so toj decko ne,bidejki samo ke se opteretuvam i vrskata ke bide bez vrska .
Теодора,да во право си за она за бламирањето.Но ,ако „цурата“е моја познаничка,некоја која ми доаѓала во домот ,со нејзиниот сопруг,итоа како е должна да ми даде објаснување(барем јас би сакала да знам што љубов ќе беше тоа да растура 2 семејства и пријателство.И немора да останеш во брак за да му го направиш мизерен животот на некој.Како и да е,се надевам дека никогаш,ама никогаш,нема да бидам во таква незавидна ситуација и да размислувам што понатаму-да простам ,а да не заборавам или децата за рака па секој по свој пат и со своја среќа понатаму. Не е исто на ова тема да размислувам сега кога го гледам кај спие во креветот до мене,кога знам дека ме сака и недај боже кога би открила неверство.Но животот пишува романи ,а судбините се преплетуваат.
Само еднаш би простила неверство и тоа ако не е со некоја девојка што ја познавам. Машко е мајка му стара не можам јас него на 20 години да му забранувам да прави некои работи ама па не може и мене глупа да ме прави. Значи еднаш би му опростила ке си кажам ај машко е нека се испука. Ама вториот пат пердуви ке летаат на сите страни. Инаку сега вака зборам бидејки одсекогаш сум ги осудувала оние што сакаат да се врзат уште до 20 години. Нормално да имам постар дечко, ќе сметам дека се му е поминато и нема да дозволам неверство ниеднаш. Вака подобро сега на 20 да му дозволам да се испука па кога ке дојде денот ке му казам доста беше срцка веке така нема. После тоа не смее така да прави. Море срека овој мојов не ме изневерува а да беше некој женскарош прашање е дали така ке бев толернтна. Лесно е бардиња да продавам кога не сум осетила некои работи на моја кожа.
Зависи... ако го сакам ќе му простам но ништо нема да биде како порано и потполно ќе ја изгуби довербата во мене
Зависи во кој ситуација се наоѓам.. Ако го сакам премногу и ако ми значи, можеби би му простила, не знам...
Според некој правила на игра, неверство никогаш не би простила. Прво, поради самата себе-премногу се ценам за да дозволам такво нешто. Второ,што би го спречило,тоа да го направи повторно. Трето,доколку нешто не е во ред, фер би било да ми каже,и заеднички да се побара решение. Четврто,ако јас не сум му доволна, притоа не му ги задоволувам неговите апетити,слободно нека ми каже,па доколку е прифатливо и разумно- да преземам нешто,доколку не сум во можност да го сторам тоа,нека ја прекине врската веднаш ! Јас сум себична, кога е во прашање интимата. Тој ако е со мене,тогаш е само мој, несакам, неможам да го споделувам со никоја друга. Јас не изневерувам,и очекувам да не ме изневеруваат.
Jas ednash imam prosteno nekomu...No tokmu poradi toa toj povtorno me izneveri ne bi sakala i na vas da vi se sluchi toa...
Од секогаш сум викала дека неверство никогаш не би простила .. но сум се лажела самата себе си ... Пред да се фатам со сегашниот дечко т.с додека се муавме тој ме беше изневерил со друга. Но тоа јас уште на самиот почеток го дознав .. не ми го беше никој кажал туку прочитав порака секако тој се вадеше постојано, се фативме послем 2 месеца но јас упорно му ја зборев со еден збор го задевав со, неа но тој никако не признаваше .. и одкако се фативме послем 2 месеца немаше избор и мораше да ми признае ми ја кажа целата приказна што и како се случило јас се налутив и не му одговарав на повиците пола месец за кое време размислив дека тоа било додека се муавем само и му простив, иако и ден денес ме измачува сето тоа и неможам да му верувам и кога знам дека не ме лаже .. и ете веке одиме 7ум месеци Но му простив само под еден услов .. кога би дознала нешто слично на тоа нема да барам објаснување веднаш би го оставила (се надевам ке се држам за тоа )
^ Па тоа неговото не било неверство. Вие не сте биле во врска. Само сте се мувале без никакви обврски. И ти си можела истото со некој друг да го направиш.
Не би простила. Тешко ја стекнувам довербата во некого, кога еднаш ќе ја загуби, тогаш е крај. Ако се случило еднаш, ќе се случи уште еднаш.
токму за тоа не се простува неверство за жал 99 %од мажите на кои му се простува пофторно го прават истото и не вреди да се поминува низ тој пекол а да не спомнуваме за довербата како што кажаа некои девојки довербата се губи тотално
Доколку навистина сакаш некого ќе му простиш, после секако некој период се нема доверба, но доколку се потруди повторно да ја стекне довербата тогаш се се враќа на старо.