Кажуваш дека би ја изневерил, но темата е „Неверство – да се прости или не?“ т.е дали ние би простиле.Штом си за провод, значи ти би и простил кога партнерката би имала некој убав провод со некој друг,така?
Да простам ако ме изневери???? -НИКОГАШ!!!! Тоа не се простува дали бил пијан или незнаел што прави не ме интересираат никакви објаснувања, уффффф несакам ни да помислам што би се случило ако дознаам такво нешто
До сеа не ми се десило да дознамм нешто,али ако некогаш ми се деси вакво нешто знам дека одма ќе му раскинам,ке бидам повредена зошто ми го сторил тоа ќе ја барам причината во мене кај сум згресила за да го напраи оваа.....али ипак сите сме живи луѓе може да напраиме грешка да кикснеме без разлика машко или женско и ќе речам дека секој заслужува втора шанса али стварно да се потруди да ја добие една и единствена
Досека (пупу скраја) не сум дознала нешто такво но ако дознаам ќе се осеќам нооогу мизерно. Гордоста ми е пред се (лавче) ама за некој што стварно многу го сакам ќе видам ќе размислам многу. Но и ако простам не верувам дека кој еднаш паднал на искушението втор пат ќе одолее и сеогаш ќе бидам со доза резерва спрема него.
НЕ. Не би простила, несакам да ми се случи тоа оти незнам што ќе направам, мислам дека луѓето така се расипуваат и тогаш ќе бидат спремни на се за да му вратат. Мене за во брак ми е страв, дури тогаш што ќе се прави, разводот е заебана работа
Неверство во глобала НЕ треба да се опрости!!! Иако неверство е неверство, јас би кажал дека разликувам два вида на неверство и едното е за опростување и давање втора шанса, а другото никако! 1. Ако случајно партнерот (во мојот случај девојка бидејќи сум машко ) ме изневерила еднаш и никогаш повеќе. Тоа може да се случи на секого. На пр. излегла девојка ми без мене со другарки во дискотека и малку се поднапила, се загреала, ја понела атмосферата и на крајот завршила со друг и толку за таа вечер. Може и мене да ми се случи, излегувам навечер без неа, добивам понуда од напалени цури за забава а во тоа време и јас сум напален и набилдан со тестостерон и ја демонстрирам таа сила врз другата страна. И во двата случаи исклучувам причина зошто дошло до тоа да не излегуваме заедно. 2. Ако девојката веќе подолго време одржува тајна врска и секс со друг а истовремено е со мене и ми глуми дека ме сака и дека јас сум и единствен и се на светот. Јас сум “сигурен“ дека само мене ме сака и нема никој друг, а таа фактички се растура и со друг. Дефинитивно ова 100 пати повеќе ќе боли отколку безначаен секс за една вечер. Башка и на крајот излегувам мајмун, будала и магаре кога ќе дознам за ова и после како да се прости? Кој прости во ваква ситуација значи дозволува (а и заслужува) да биде газен и понижуван. Заклучок: Неверство од тип 1 мислам дека може и се случува на секого и треба да се опрости ама да останало само на една вечер и ништо повеќе и никаков контакт со рандом типот со кој таа се сјебала или рандом девојката што јас сум ја дупел. Мислам дека има и големи шанси вакви работи да се случиле на многу од вас тука ама да не знаете затоа што партнерот едноставно не ви кажал, а јас преферирам да се каже и да падне камен од срцето и на двајцата. Ќе се разговара, ќе се прости и ќе се продолжи “чисто“ понатаму. Неверство од тип 2 е многу тешко за опростување според мене. Континуирано неверство не треба да се опрости, без разлика дали партнерот го прави со иста особа или ги менува. Тука дефинитивно треба крај, затоа што свесно сте биле правени будала цело време од другата страна која што сте ја сакале, а таа така ви вратила. Колку и да е тешко и да сте заедно, ќе ставите крај и готово! Ќе плачете можеби со недели и месеци ама ќе знаете нема повеќе болка хехе. За среќа и фала богу не сум се соочил со ниеден тип на неверство (бар за сега), али гледам дека доста добро ми иде теоретскиот дел со размислување. Се надевам ќе ви помогне ова. Мора да си поставите граница кога можете да опростите, а кога не. Јас таа граница ја имам утврдено и ја изложив во овој пост. П.С. Ова го пишувам откако го постирав мислењето ама да надополнам. За жал неверството од тип 2 е почесто, мислам ќе се согласите тука. Ретко кој се лимитира на неверство само на една вечер, повеќето одат до крај т.е. додека не бидат фатени! Токму затоа е тешко да се разграничи што настанало и дали да се опрости!
Кога дечко ми би ме изневерил јас мислам дека би му простела но само ако ми даде добро објаснение ЗОШТО го направил тоа. И секако ништо нема да е како порано барем подолг период нема да е така како што е било.
Имам 2 прашања до тебе: 1. Како знаеш дека неверството од тип 1 ќе остане само на тоа, па да знаеш дали да простиш? Од кај ќе имаш сигурност дека нема на девојка ти (или тебе) пак да се случи? Без оглед на довербата која сте ја имале претходно, не верувам дека ќе може пак да се воспостави на истото ниво. Извини, ама ова воопшто не ми е за простување, демек се случило, пијан(а) бил(а), па сеа пу пу не важи работава. Епа таман работа да е до толку „стабилна“ врската меѓу двајцата партнери (а исто тука се согледува стабилноста и зрелоста на партнерите) да потклекне и да пропадне врската и љубовта ради едно обично пијанство. И што понатака, на секое понатамошно пијанство ќе се случува истото, и секогаш да биде „ама нема више, ова е последен пат?“ Некако не можам да ја сварам ситуацијава. 2. Од кај сеа дека на тебе не ти се случило, а као на нас сите овде на повеќето ни се случило а не знаеме? Ако зборуваш, зборувај генерално, вклучувајќи се и себеси, а индивидуалниот заклучок за тоа дали некој преварил или бил/а преварен/а остави го на сите нас индивидуално да си го донесеме, па ако сака некој и нека си го сподели. Инаку, јас лично не оправдувам изневерување, и не знам дали би имала сила да простам и да продолжам како ништо да не се случило. Довербата е нешто што многу тешко се стекнува, а ако се разниша за ваква работа......не знам дали и како би ја составила. И за мене, неверство е неверство. Без разлика дали било за една вечер, или не дај Боже паралелна тајна врска од страна.......едноставно, не ми се допаѓа, и не можам да ја оправдам.
А јас имам одговор и на двете прашања како и секогаш. 1. Не знам дали неверство од тип 1 ќе остане само на тоа и дека нема никогаш да се повтори? Ризк е како и се во животот. Ама сепак мислам дека може да се пресуди од нашиот партнер и од тоа каква персона е, дали има тенденција да подлажнува или да е искрен со нас. Ако има тенденција повеќе да лаже или да кажува полувистини или ситни лаги, тешко ќе биде да простам затоа што ќе бидам несигурен во себе да не ме зезне пак. Што се однесува до „ама нема више, ова е последен пат?“, некогаш стварно ќе биде последен пат а тоа е кога нема да опростиме и ќе раскинеме. Тогаш сме најсигурни дека нема никакво неверство да ни се случи. 2. Хаха не донесувам заклучок дека на повеќето тука им се случило нешто без да знаат, туку само кажувам дека можно е а да не знаеме. И себе се ставам во оваа категорија не дискриминирам никого. И нормално секој ќе си донесе индивидуален заклучок за себе дали бил преварен или не пошто секој најдобро може да го знае тоа, никој друг од страна. Не се ни обидувам да кажам дали некој бил преварен или не, само кажувам како јас би постапил во вакви ситуации.
^^Абе све ок со твојава дефиниција за простувањево, ама верувај ми нема да сакаш некој да те влече за нос така неколку пати.....Претпоставувам не ти се случило, па затоа така мислиш (и не ни посакувам да ти се случи, т.е. никому од овде не посакувам да му се случи). Освен тоа, може секому да му се случи, па дури и на оние „најстабилните, најчесните и најверните“ (или барем оние кои изгледаат така и оставаат таков впечаток), едноставно никој не е имун на тоа. Поентата е само дали може да се продолжи поматаму. И, најискрено, ти би и простил неверство на девојка ти? Ете било од оние кои се случиле за една вечер, и останале на тоа? Мислиш дека чувствата нема да ти се променат, нема да ја изгубиш довербата во неа, ќе ти остане истото мислење во врска со неа? Со исти очи ќе ја гледаш?
Едноставно ама тешко прашање... многу тешко би ми паднало да ме изневери девојка ми, се што сме граделе до тогаш може да се сруши и да направи да не и верувам повеќе. А и сигурно повреден ќе се чувствувам, без разлика дали било за една ноќ или повеќе. Имам мислено на таа теорема хипотетски и што би било кога би било и не ми се јавувале позитивни мисли. Сигурно дека нема да ја гледам пак со исти очи, а можно е и довербата трајно да се изгуби. Ќе се прашувам зашто ме повредила а од друга страна знам не сум заслужил со ништо и сум бил верен и сл. Ќе биде пеколно тешко... нека остане се ова само хипотетски, само доколку вистински се случи ќе знам како ќе реагирам вака само ќе претпоставувам, а подобро нека не се случи.
Имаш право. Само претпоставуваш. Кога навистина би се случило, е тогаш доаѓа пеколот. Лагите од другата страна, глупи причини, кај тебе ниска самодоверба. Верувајте од искуство, се се руши. Може и да останете со личноста, но не сте ни свесни дека љубовта ви исчезнала поради тоа што ве изневериле. А кога ке станете свесни дека исчезнала поради тоа што се случило (немој да ми каже некој дека тогаш повеке ке го сакате тој што ве варал), вие ке го оставите варачот, или ке го држите поради ИКС причини, но не поради љубов.
зошто дури сте во врска вие женските се одлучувате да изневерите а знаете дека нема да испадне нисто сериозно од тоа само во неговите очи секогас ке бидите обележана како курва и тн а при тоа си ја ризикувате и врската и све
не не реков јас дека не изневеруваме само не е исто на маско ако му понудиш нема да те одбие освен ако не си некоја сега мн грда а вие зенските сакате молејне едно друго па имам дечко па вака па така и на крајот пак ке го добиеш тоа шо го сакаш во некои случаеви не секогаш и после другиот ден кога ке ја видиш таа девојка како се шета по корзото со дечкото фатени за рака си викаш состори колкаво теле е тој ја шета другите му ја е...
Браво за речникот на највисоко ниво ти е Па и вие сакате молење.Убаво ви е кога ве молат,убаво ни е да не молат.Не мешај баби и жаби,неверство со молење.Не држи вода.Ако ми дал повод за неверство,ако ми се пружи подобра шанса зошто да не заминам со друг?Да не мислиш ке те чекам?Ама тоа ке го сторам откако ке расчистам со претходниот да си бидам на чисто.на крајот.И браво ако ги цениш девојките по убавина.Има некои кои се многу грди ама имаат барем карактер и харизма.
така да разбирам тоа и не е невервство си се караш и прави шо сакаш ама дури си во врска ???? пр. јас имам женска ти имаш дечко. ти знајш дека нема никакви шанси јас да се скарам со женската ради тебе. ти си излезена со дечкото јас те барам да се видиме ти го испрајкаш дечкото гјомити не ми е арно нешто ова она и идиш со мене. мене то ми одговора само немом да сфатам зошто го лажис и сите тие работи
Значи и ти учествуваш во неверството,не само јас,ама јас ако го сакам дечко ми нема да го изневерам.А сега ако не раскинеш со девојката немам намера да ти бидам златна резерва Зошто го лажам?Па јас себеси се лажам а не него. Зошто на почеток ти праша зошто кога сте во врска изневерувате,еве ти си во врска и ме бараш мене,тоа не е некој вид на неверство?Значи ти започнуваш јас не.И ти лажеш не само јас.